Среда, 12 Август 2020   
Рубинчо Видое Јованоски: Прочитани лагите на Бошко Буха

1 rubin jovanoski

Рубинчо Видое Јованоски: Прочитани лагите на Бошко Буха

Со пригодна свеченост, под строги здравствени протоколи, поради ширењето на корона вирусот (Ковид-19), интонирање на химната на Република Македонија, гости од македонскиот политички естаблишмент и дипломатскиот кор, присутен во нашата земја, во вторникот (4 август), во големата собраниска сала под куполата на законодавниот дом, се одржа првата конститутивна седница на 10-от парламентарен состав во нашата мила и низ векови напатена држава.

Веднаш, на прв поглед се констатира дека не е постигнато парламентарно мнозинство, од причини што не се изгласа нов спикер во законодавниот дом, него само се направи верификација на старо-нови и нови парламентарци.

Во оваа прилика само да се потсетиме на резултатите од 10-те парламентарни избори кои се одржаа на 15-ти јули, а кои всушност беа 5-ти по ред вонредни парламентарни избори.

СДСМ заедно со БЕСА освоија 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ - 44, ДУИ - 15, Алијанса на албанците 4, Алтернатива 12, Левица на професорот Апасиев освои 2 пратенички мандати и ДПА на Мендух Тачи со еден пратенички мандат.

На прв поглед со овие постигнати резултати сегашната актуелна позиција (СДСМ и ДУИ) може да опстои со 61 пратеник, доволен за формирање на влада.

Но, да се потсетиме дека за време на пред изборната кампања овие 2 политички субјекти се упатуваа гумени куршуми едни на други, оти бомбите од зајчето се многу опасни, но за жал, без “фитил“.

Едните нагласуваа, а тоа, беше СДСМ дека на ДУИ дојдено и е времето да оди во опозиција, но Али Ахмети и неговите поданици настапија по секоја цена по изборите премиерското столче да биде за личност од албанскиот политички табор, поточно во името на Насер Зибери.

Сега на бомбашот од Муртино, алијас Зоки Поки му гори под нозете.

Во јавноста се лиферуваше информацијата дека може да се оди со ротирачки премиери, и тоа првата варијанта 2 со 2 годинии втора варијанта 3 години премиер македонец и една година премиер албанец.

Но, ВМРО ДПМНЕ од позиција на своите 44 мандати, плус 12 од Алијанса на албанците и алтернатива, 4 од беса пратенички мандати  и едниот мандат на ДПА да дојде до 61 пратеник.

Но, ова се математики од обичниот електорат и од политичките кулоари.

Дали Зоки - Поки евтино ќе ја продаде зајчевата кожа останува да видиме до крајот на тековниот месец.

Просто се сомневам, од причини што лагите на Зоран Заев кои немаат крај се прочитани од неговиот актуелен коалиционен партнер од една и политичките опоненти од друга страна.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.