|
|
СДСМ ја нема довербата на македонскиот народ за формирање влада |
Свекрва СДС ја нема довербата на македонскиот народ за формирање влада Претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот за составување на нова влада на лидерот на СДС Зоран Заев. Иако Заев нема обезбедено мнозинство во парламентот, поради што не беше избран и претседател на Собранието, тој го доби мандатот само заради тоа што коалицијата предводена од СДС освои 46 пратеници на предвремените парламентарни избори, два повеќе од ВМРО ДПМНЕ (44). Со тоа претседателот на државата му овозможи на Заев дополнителни 20 дена да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира влада. Доделувањето на мандат за формирање на Влада без доказ за обезбедено парламентарно мнозиство претставува сериозна повреда на Уставот. Меѓутоа, секаква иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката на претседателот, во моментот изгледа залудна со оглед на неговото неделување во услови кога во последните три години имавме флагрантно кршење на Уставот: промена на името и непочитување на референдумот, Законот за употреба на јазиците, изборот на Т. Џафери за претседател на претходниот состав на Собранието и т.н. Со узурпиран мандат, Зоран Заев во рокот од 20 дена ќе се обиде по секоја цена да се добере до премиерската фотеља, која треба да го заштити од сите обвиненија кои му следуваат за она што го направи во последните неколку години. Тоа го знае Али Ахмети, па сега го уценува Заев. По се што се случуваше во изминатите години, договорот за името со Грција, договорот за добрососедство со Бугарија, Законот за употреба на јазиците (јазична федерализација на земјата), аферата „Рекет“ која очигледно допираше до највисоките врвови во власта, сегашната афера со банката на Трифун Костовски „Еуростандард“ која наликува на аферата „ТАТ“ (повторно кога СДС е на власт), местото на Зоран Заев не му е во власта. Особено не кога е уценет и кога треба да се решева пандемијата и економската криза. Едноставно, СДС ја нема довербата на македонскиот народ за формирање влада Во овој момент на Македонија и е потребна стабилна влада, која со оглед на силито во Собранието, никој не може да ја даде. Дури СДС и да ги прифати уцените на ДУИ за да формира парламентарно мнозинство, бројката на пратеници кои би ги имала според сегашните претпоставки не гарантира стабилна и функционална влада која треба да се впушти во решавање на последиците од пандемијата, економската криза и се поизразена мигрантска криза (повторно отварање на балканската рута низ земјата). Едноставно, СДС нема ни капацитет за тоа. Исто така, ако СДС не успее да формира влада во дадениот рок и мандатот го добие ВМРО ДПМНЕ, тогаш повторно се поставува прашањето дали бројот на пратеници на опозиционите партии ќе можат да овозможат финкционална влада и покрај потребниот капацитет на квалитетни луѓе кои ги има ВМРО ДПМНЕ за справување со кризата. Иако искуството спротивно кажува, во оваа ситуација изледа дека оптимална варијанта за справување со предизвиците и избегнување на сите уцени, е времено формирање влада на широка коалиција. Во неа би биле преставници од сите парламентарни партии и главна задача би била да се справи со последиците од пандемијата со КОВИД 19 и економската криза, а потоа, идната година, заедно со локалните да се организираат и парламентарни избори. Ваквата опција изгледа невозможна, со оглед на силната конфронтација меѓу двете најголеми македонски партии СДС и ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа таа е подобра отколку СДС да ги прифати уцените на ДУИ или пак под притисок на меѓународната заедница СДС да формираат влада заедно со ДУИ и некои други партии. Во тој случај таквата влада би била лоша, дури погубна за интересите на македонскиот народ. Во време кога СДС преговара со ДУИ за формиеање влада, доколку барањата на Ахмети продолжат да бидат надвор од интересите на македонскиот народ, тогаш СДС треба да заигра заедно со ВМРО ДПМНЕ и македонскиот блок или пак да се откаже во нејзин интерес, бидејќи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема путер на главата. |