Среда, 19 Август 2020   
Град со оштетен екстериер на Локалната самоуправа

1 rubin jovanoski

Градот Прилеп може со гордост да биде поносен со своите културно - историски обележја и фестивалски денови кои оддаваат посебен белег на градот.

Градот херој Прилеп во поновата историја е познат како град каде пукна прватат пушка против фашистичкиот окупатор на 11 октомври со нападот на Участакот. Објектот кој е од исклучително историско значење со разни артефакти во истиот споменик на културата лоциран во центарот на градот.

За спомен и паметење на сите генерации позната е и Могилата на непобедените каде се поставени споменици на славни прилепски борци кои го дале својот живот за денешната слобода на Република Македонија.

Градот Прилеп е познат и по надалеку прочуените Маркови Кули. Во спомен на славниот јунак Крали Марко е поставен импозантен негов постамент во центарот на градот.

Прилеп со гордост исто така, ги кажуваат анегдоти и разни негови итроштини на Итар Пејо.

Градот Прилеп надалеку е познат и по обработката на тутун. За тоа, Прилеп има НУ “за жолто злато“ институт за тутун каде ги има поставено разните сорти и видови на тутун.

За рекреација и наводнување на жолтото злато и други индустриски култури на прилепчани му е на располагање вештачкото езеро.

Фестивалите Прочка и Пиво Фест и театарскиот фестивал Војдан Чернодрински. Културната личност Марко Цепенков кое негово име го носи НУ Центар за култура.

Спомен куќата во село Небрегово на доаенот на македонскиот јазик и култура личност Блаже Конески.

Во населбата Варош има околу 77 црковни храмови и манастирскиот комплекс “Св. Архангел Михаил“. Во оваа прилика да го споменеме и монуменатлниот манастир Трескавец.

Но жална и грозна е сликата кога гости посетители (домашни и странски) доаѓаат да го посетат градот под марковите кули. Претходниот и ревносен градоначалник Марјан Ристески кој едно по друго одработи 3 градоначалнички мандати со средства од локалниот буџет изгради импозантна локална самоуправа од океански тип. Но, за жал сегашната актуелна локална власт а тогашна опозиција под слоганот нема правда нема мир со бои и јајца го упропастија надворешниот изглед на локалната куќа.

Со промената на власта во 2017 година до сега актулената нарцисоидна личност од редовите на плавите момчиња, таткото на градот, ортопедот Илија Јованоски нема време да го поврати екстериерот на локалната зграда во првобитната состојба напротив негова цел е да уништи наменски направеното паркирање на моторните возила во центарот на градот. Сега со реконструкцијата на главната артерија (улица) во градот со 2 ленти во еден правец, средишно партерно и светлосно уредување, поставување на рабници од двете страни не може да се паркираат моторни возила и со тоа ЈП за ПУП ќе изгуби голем дел од финансискиот колач со паркирањето на моторните возила.

Во најава се монтирање на монтажни катни гаражи и користење на катната гаража во близина на старата автобуска станица.Нарцисоидната личност Илија Јованоски и неговите поданици му ги одзедоа локациите на такси службите кај старопознатата локација а во центарот на градот “кај рекламите“. На прилепскиот татко на градот доволно му е да ги задоволи своите апетити на личности со вработување на роднини и личности на блиски пријатели и пријателки.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.