|
|
Александар Џеповски: На Македонија и треба под хитно нов Илинден |
Александар Џеповски: На Македонија и треба под хитно нов Илинден Вака повеќе не може и не смее да има никакво оправдување за почеток на едно невооружено востание и тоа што побргу. Борбата треба да биде јавна и да не се срами и плаши никој. Победа се извојува со верба и љубов према татковината и никакви калкулации од типот, никако јас. Невооруженото востание треба озбилно и искрено да се најави. Не смее на Западот да му се даде и најмала шанса да биде "наш" сојузник, а уште помалку да се надеваме на нивна финасиска помош. Треба да се посочи колку даваат и нудат другите страни, да се извинат за сите злодела и геноциди врз Македонија и тоа јавно. Секој еден во ова невооружено востание може да биде комита на било кој начин, не значи дека треба да бидеш пиштолџија или бомбаш. Добар оговарач може ете да ги оговора душманите и народот да ги замрази до коска, ако е добар на интернет да ја шири јавно нашата правда и вистина насекаде и неуморно. Но едно е важно, “борбата“ мора да трае додека не се оствари целта, а тоа е гонење и расчистување со домашните предавници. ВМРО-ДПМНЕ и Левица се идеални Македонски партии и тие треба да бидат позиција и опозиција која народот Македонски ќе одлучува кого да го награди да владее, се другото е ветер и магла. За “Војвода“ да се бира Председател а не како Пендарко на стаклени нозе едвај Македонец. Се разбира никој од бојкотирачите и нивното движење да не се земаат за сериозно. Македонците немаат друга татковина и бегањето во странство и избор за живеење не е решение. Кога некој оди во туѓа земја да живее, цел живот ќе рампа и никогаш мирен сон не го фаќа како странец во таа земја. Македонецот треба да разбере дека треба да се бори и избори за својата земја да биде подобра но никако со бегање во странство, одговорот е од паталци а не од гаталци. ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗАВИСИ ОД МАКЕДОНЦИТЕ И НИВНАТА РЕШИТЕЛНОСТ КАКО И ДО КОГА ЌЕ СТАВАТ КРАЈ НА ТИРАНИЈАТА НАМЕТНАТА ПРЕКУ ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ. ГОСПОД ГЛЕДА И НАГРАДУВА И НИ РЕЧЕ... НЕ ГО САКАВТЕ ГРУЕВСКИ, ЕТЕ ВИ ПРВО ПРЕМИЕР ИЗРОД, ПА ПОСЛЕ АЛБАНЕЦ И НА КРАЈ КУНТА КИНТЕ ДОКОЛКУ СТЕ ПАСИВНИ И НЕОДГОВОРНИ. БИДЕТЕ СЕГА РАЗБРАНИ И ОДЕТЕ ДО КРАЈ, ТОА Е ЕДИНСТВЕНИОТ НЕИЗБЕЖЕН ИЗБОР. АМИН !!! |