|
|
Светислав Васев: Трула коалиција |
Светислав Васев Денеска по редица уставни и законски прекршувања, СДСМ успеа да ги уцени ДУИ за влада. Да, СДСМ и ДУИ ќе влезат во коалиција, оние кои едни за други зборуваа дека се криминалци, дека не вредат ни пет пари, и дека искажаните навреди нема да си ги заборават. Коалиција која не се темели на програми и визии, туку на желбата за гола власт по секоја цена. Власт која треба да ги спаси од одговорност за кривичните дела во кои заглавија до гуша, власт која треба да биде последната сламка за спас за политичарот со најмногу аболиции. Што одбележа владеењето на СДСМ - ДУИ до сега? - Криминал - Рекет - Корупција - Политички затвореници за 27 април - Непотизам - Нефункционално здравство и најмногу починати по глава во жител од Ковид 19 во ЈИЕ - Девастирано образование, со немање свој Универзитет во првите 1000 на Шангајската листа - Пари од култура кои завршуваа за песни за УЧК - Запалени автомобили - Убиства - Наместени тендери - Пропаднати банки - Работници на улица Листата на негативности е долга, ќе фати еден километар пишан текст. Секој еден од вас го почуствувал теророт и лудилото на оваа власт. И што понатаму? Системот кој го воспоставија ќе продолжи да функционира! Зошто? Затоа што пријатели мои ние му дадовме легитимитет. Затоа што додека некој се бореше против Заев и СДСМ некој преговараше со нив, и свесно минираше позиции. Затоа што заради лични причини некои наши сограѓани решија гласот наместо за ВМРО да го дадат за некоја од помалите политички партии и со тоа несвесно гласаа за Заев, а тоа беше планот. Да ви го разводнат гласот, за да може да продолжат непречено на ограбуваат се, се што ќе стигнат! Криминалот на СДСМ ќе продолжи и затоа што дел од народот рече сите се исти. Е заради свесно наметната теза од СДСМ - сите се исти, поради која не гласавте, сега сите заедно ќе мора да бидеме сведоци на најголемата пљачка во историјата на Македонија, поголема дури и од таа спроведена во транзицијата. А ние? Што ќе правиме ние да го спречиме тоа? Одговорот е јасен! Ќе се спротивставиме со сите сили. Но затоа ни е потребен народен фронт, а не разединување. Доаѓаат денови кога ќе се обидат да го ситнат ткивото на ВМРО, да создаваат кавги, свесно да подметнуваат и што ли уште не. Но ние мора да издржиме. Победата ќе дојде. После овој трнлив пат, немаме друг избор освен да се бориме и да победиме, народот да победи. Да ја вратиме Македонија на народот. Секој кој ќе застане против блокот кој го води ВМРО застанува со Заев. Застанува и дава легитимитет на сите погрешни политики, криминал и невиден грабеж. Дали имаме сила? Да имаме! Имаме и знаеме како! Одговорот на овој криминал мора да дојде од народот. ВМРО е столбот! Дојдете! Заедно ќе ја вратиме државата на народот и ќе воспоставиме принципи. |