|
|
Тане Маркоски: Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива |
Неколку “загрижени СПАСУВАЧИ“, кои беа на високи функции во државава и во ВМРО-ДПМНЕ, се прикажаа како многу загрижени за ВМРО-ДПМНЕ. Но, всушност, целокупната нивна активност е насочена против дискредитација и јавна бламажа на високото раководство на ВМРО – ДПМНЕ и, кон сите лојални членови во Партијата. Се разбира, на прво место, според нив, тоа е од Христијан Мицкоски, кој беше легитимно избран на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и кој има огромна поддршка од членството и од НАС ОСНОВАЧИТЕ - Унија на ВЕТЕРАНИ на Партијата. Најавата за свикување на нелегитимен вонреден Конгрес од страна на лица кои или се исклучени или не се членови на ВМРО е обид за спас на Заев, кој тоне.
Таканаречените иницијатори за вонреден Конгрес, кои сите се дебело нафатирани и искомпромитиран не најдоа за сходно да го обвинат Заев за предавствата на Македонија, за промената на името, продажбата на историјата и идентитетот, но бараат смена на Мицкоски кој го брани македонизмот.
Поранешни сопартијци, нели ви кажавме кога пристапивте во ВМРО-ДПМНЕ, и кога ни се колневте дека ќе ги браните интересите на ВМРО и Македонија, дека не смеете да отстапите! А вие што велевте? - Дека ако некогаш се огрешите веднаш да бидете казнети од организацијата!
Вие не само што се огрешивте, туку и сите не предадовте! Ја предадовте партијата, која ви овозможи да направите име и презиме во општеството, па со тоа влијание кое го имате стекнато преку ВМРО-ДПМНЕ сега да се пазарите и да тргувате за личен профит и интерес, против интересите на ВМРО и Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото било напаѓано од поранешни функционери кои кога се огрешиле пред законот и партијата, ја напаѓале партијата, со цел да ја преземат за своја лична заштита, никогаш тоа не успеало, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се членовите на партијата, а тие не сакаат криминалци и превртливи, тие се чесни луѓе на кои Македонија им е пред се и над се.
ВМРО-ДПМНЕ е водено од идејата на историското ВМРО, света идеја за правда, слобода и еднаквост, идеја која во срцето ја носи Македонија, идеја која не може да биде извалкана од лицата кои ја поганија Македонија, нејзиното име и чест.
Водењето партија не е исто како и водењето на хотели и фирми. За водење на партија треба чест, достоинство и интегритет, а за второто способност за пазарлук. На државата не и требаат пазарџии, туку патриоти.
Да бидеш ВМРО значи да се биде верен на идејата и кога си на власт и кога си во опозиција, нели така ветивте. Иницијатива за вонреден конгрес не е ниту правна ниту статутарна. Значи они ќе си прават некоја приватна забава
Затоа НИЕ ОСНОВАЧИТЕ - ВЕТЕРАНИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ на овие самонаречени “СПАСУВАЧИ“ им порачуваме: Држете се подалеку од ВМРО-ДПМНЕ и од легитимно избраниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски! Секому треба да му биде јасно за навек, ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку, самото име ВМРО е идеологија. ВМРО е браникот на Македонштината, на државата, на историјата, на културата, на јазикот итн. Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи. СЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ! СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА! |