|
|
ЗАЕВ ПОВТОРНО НАГРАДЕНЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА |
Душан Ристевски - Македон Малку чудно, кога правиш добро за своите деца и нивната иднина, добро за својата култура, јазик и нација се окарактеризираш како лош човек, а пак оној што лажи, кради, убива и уништува се окарактеризирува како добар човек и се наградува. Ете како што сега З.З. се награди по втор пат. Чудна е Македонија или чудни се луѓето што живеат во неа и дозволуваат нечесноста и дивијанството да победува. Прашањето е како личноста или суштеството З.З. идните генерации ќе го проценат, во каква категорија на историска личност ќе го стават? Сигурно може да се стави во повеќе категории бидејќи ги поседува сите особини на патолошки лажго, клептоманик, психопат со IQ пониско од мајмун. Кој ќе му гради споменик за постигнатото како водач и државник? Можно е Бугарите или пак Грците да го стават во своите истории на кои им ја даде македонската историја, јазикот, земјата и повеќе од еден милион Македонци. Но не верувам, тие го искористија и како на некоја проститутка му платија за услугата. Можно е Албанците да го возвишуваат до небеса што им даде се што посакаа за да си формираат голема Албанија. Но секако сеуште има за крадење и продавање па затоа се врати на кормилото со албанскиот партнер (браќа за криминал) да ја докрајчи државата и потполно ги уништи Македонците. Можеби еден ден оние што го подржуваа во минатото како и оние сега што го подржуваат ќе се свестат кога ќе ги видат вагоните на возот на неповратност полни со силуети на луѓе кои ја напуштаат татковината како во 70-тите години кога „друже Тито“ и неговите таканаречени социјалисти и комунисти „ја тушеа пренапумпаната гума“ на тогашниот поредок за да можат слободно да владеат со останатата раја. Или сега заевистите „празнината“ ќе ја дополнуваат со Косовари или транзитни Сиријци. Точно, има повеќе Македонци што живеат надвор од Македонија, а да се вратат назад? Не, никогаш, што остана убаво во таа земја што би ги привлекло враќање? Во сите земји Македонците се признати како Македонци со посебен идентитет, јазик и култура и при враќањето во Република Македонија ќе треба да се преименат во северџани, го сменат идентитетот и ќе треба да зборуваат албански оти македонскиот јазик ќе биде забранет како што е забранет во сите соседни земји или нема воопшто да постои. Кога сам не се почитуваш никој нема да те почитува. Како човек, не си го заслужил тоа. Некој ќе забележи дека премногу се критикува З.З. и неговите заевисти бидејќи човекот е добар, тој има постигнато.................(апсолутно ништо освен продавање на Македонија и полнење на неговата банковна сметка). Но има направено голема заслуга за Македонците и Македонија! Каква? Да, се извинувам, пропуштив многу важен факт - неговото име ќе биде врежано во нашата меморија и историја: Она што Хитлер направи за Евреите така Заев направи за Македонците. Па вие заевистите, направете го светец додека е жив, заслужува што уништува неколку милиони Македонци. |