|
|
Александар Џеповски: Мицкоски мора да остане на чело на ВМРО ДПМНЕ и точка |
Александар Џеповски Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден заради лични интереси, од внатрешни предавници! Предавник може да Ви биде соборец, тој што до вчера со Вас споделувал идеја, а утре од Вас се откажал поради материја, на пример пари или власт. Предавство е кога бивши високи партиски или владини функционери, работаат или пропагираат против своите некогашни истомисленици. Во секој случај што поскоро мораме да се справиме со нив, со тие предавници, одродници на сопствениот народ. Драги мои браќа , имало предавници и кога ја создававме партијата и државава, зад нашиот грб работеле да ја делат нашава партија и татковина, а ние наивно ги величевме до бесвест, ги правевме месии, а тие браќа мои ни нанесоа тогаш и до ден денес срам на сите нас. Сите ние ги толерираме овие предавници, јагниња облечени во волчја кожа, кои лажно претставувајќи се како патриоти и вршејќи раздор и поттикнувајќи омраза и нетрпеливост, го тероризираат членството и Македонскиот народ, заради туѓи интереси. Сите ние, немо ги гледаме, а некои несвесно ги подржуваат. Долго време пратам, гледам, анализирам и менувам мислење со големи докажани Македонци со овој феномен: барање за менување на Христијан Мицкоски од функцијата Председател на ВМРО ДПМНЕ. Сите таканаречени "патриоти" што сакаат да го навредат, омаловажуваат и тргнат од функцијата Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се најголеми манипулатори, предавници и црпковисти. Сите оние осум избеглици заедно со газдата нивни, како и бојкотирачите и овие денешниве „СПАСУВАЧИ“ треба едно да знаат: верните членови на ВМРО-ДПМНЕ нема да им дадат шанса на нив тие да дојдат и да "покажат колку се патриоти". Ако толку загрижените за ВМРО-ДПМНЕ, самопрогласените патриоти “СПАСУВАЧИ“ мислат дека можат, нека формираат своја партија и нека бараат подршка од народот (ни во сон, ни со 20 кила дрога нема да добијат ниту 2%) а не да ја користат ВМРО ДПМНЕ или во овој случај да ја ослабнат. На ВМРО ДПМНЕ му треба лидер како Христијан Мицкоски, кој заедно со членовите на Унија на млади, Унија на жени и Унијата на ВЕТЕРАНИ, има визија, знаење и умење да ја води партијата. Време е сите заедно да застанеме во одбрана на виталните интереси на партијата и државата и да престанеме да се делиме на патриоти и предавници. Само заедно можеме да излеземе како победници. На крајот, добро е да се потсетиме на зборовите на илинденецот д-р Владислав (Славчо) Ковачев, борец за слободата на Македонија, кој во една прилика ќе рече: „Тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на Татковината“! ЕДЕН Е ГОСПОД И НАПЛАТУВА ЗА СЕ! ДА ЖИВЕЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВМРО ДМПНЕ И МАКЕДОНИЈА, ЗАСЕКОГАШ. АМИН !!! Александар Џеповски-Сиднеј, Австралија |