|
|
ЕУ мора да се свести дека со СДС нема напредок на Македонија, |
Свекрва По изборниот инжинеринг на последните парламентарни избори, Македонија доби ново мнозинство во парламентот со стари криминални кадри за кои меѓународната заедница молчи. ЕУ молчи за изборниот фалсификат што го направија социјалдемократите, а ОБСЕ само го потврди изборниот резултат. Со помош на истата меѓународна заедница, пред три години Никола Груевски, беше сменет од власта наводно поради криминал, а каква ли иронија, за возврат беше донесен на власт човек кој беше аболиран за криминал. Откако со години го одложуваат приемот на Македонија во европското семејство и поради начинот на практукавње на европската правда, македонскиот народ ја изгуби довербата во ЕУ. Едноставно, ЕУ нема кредибилитет кај Македонците, бидејќи ги поддржува луѓето како Заев, луѓе кои без око да им трепне го сменија името и идентитетот на македонскиот народ и тоа само заради личен интерес, но и за да избегаат од рацете на правдата. ЕУ мора да води далеку поодговорна политика, особено на Балканот, и не смее да толерира неправди кај своите членки и кандидатите за членство во унијата. Таа не смее да дозволи постоење на криминогени структури во власта, кои состојбите во Европа можат да ја искористат за сопствено богатење. Особено не во една кревка држава како што е Македонија, зошто лесно може да се запали бурето барут и да го зафати не само регионот, туку и пошироко. Очигледно е дека ЕУ се обидува да ја контролира Македонија и регионот со пасивизирање на одредени политички играчи. Меѓутоа, денес во Македонија цвета крининалот и корупцијата, а Македонецот во сопствената земја стана граѓанин од втор ред. Без разлика колку тој се иселува, народот кој останал дома уште долго време нема да може тоа да го трпи. Тој е како зовриен експрес лонец,. Кога тогаш притисокот ќе излезе на површина. Ниту една власт нема да може да ја спречи експлозијата, а тогаш од играчка ќе стане плачка.. ЕУ мора да се освести додека не е доцна, оти со СДС и нејзините коалициони партнери нема играње. Со нив нема напредок ни на Македонија, ниту на регионот. Со своите „историски“ потези, договорите со Грција и Бугарија, потоа Тиранската платформа, СДС ја направија земјата ранлива и им ги отвори апетитите на соседите. Македонија денес е земја во која владее безвластие (не се почитуваат Устав, закони), земја во која владеат криминогени структури. Тие во свои раце ја имаат законодавната, извршната и судската власт. Молчењето на ЕУ кога СДС ги прекршува Уставот и Законите им нанесува штета на сите. Така наместо европеизација на земјата, ЕУ му дозволува на СДС всушност да врши балканизациија на Европа. Доколку ЕУ сака да има мир на Балканот и во Европа, треба да пресече и да дозволи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да ги врати европските вредности во земјата. |