Среда, 02 Септември 2020   
Рубинчо Видое Јованоски: Во Прилеп нема локална телевизија

1 rubin jovanoski

Рубинчо Видое Јованоски: Во Прилеп нема локална телевизија

За време на владеењето на претходниот градоначалник Марјан Ристески кој во три мандати едно по друго ја добиваше довербата од домицилното население да биде татко на градот под Марковите Кули функционираше локалната телевизија, Канал Визија.

Оваа локална Тв во стандардниот термин од 18.30 часот, и снимки од истите во 21.30 часот емитуваше локални централни вести за се што се случувало во тековниот ден во градот под Марковите Кули од една и п-ошироко од друга страна.

Со промената на власта во 2017 година актуелната нарцисоидна личност од редот на плавите момчиња градоначалниокот, ортопедот Илија Јованоски до ден денешен не е заинтересеран за деактивирање на локалната телевизија.

Благодарение на неговот несовесно работење останаа без работа околу 20-тина вработени во локалната телевизија.

Нарцисоидната личност Илија Јованоски по секоја цена сака да го намали и превозот на прилепчани со помош на такси возила.

Со редовна контрола на локалните инспектори од една и републички контроли од друга страна се врши голема пресија кај прилепските таксисти кои макотрпно и чесно го заработуваат лебот.

Од пред извесно време таксистите со уредно платени лиценци локалниот челник и неговите поданици не му дозволуваат да го користат досегашните такси места.

Имено, стандардното место во центарот на градот т.н. “кај рекламите“ и други такси платени места со лиценца за работа прилепските таксисти во буквална смисла на зборот “се бркани“ од инспекциските служби.

Сега за такси место е најсигурно на старата автобуска станица, на поминување само кога доаѓаат возови на железничката станица и во просторот поточно на паркингот кај ЈЗУ Општа болница “Борка Талески“ - Прилеп.

Со реконструкција на главната патна артерија во градот и со нејзиното “стеснување“ по еден метар од двете страни за велосипедски ленти се направи сообраќаен метеж.

Исто така во градот местата одредени за градски превоз не се правилно направени и со нивното застанување на постојките на коловозот се создава редици од моторни возила кои во нервоза чекаат чекаат градскиот автобус да “тргне“, и со тоа да ја намали неррвозата кај прилепските возачи.

Во оваа прилика само една илустрација. Имено претходниот градоначалник Марјан Ристески ја реновира улицата Александар Македонски од влезот од Скопје до кружниот тек во близина на некогашната ф-ка Солидност.

Планот беше да се направат по две ленти во еден правец и на средината од коловозот да има партерно уредување. Но кога се констатира дека улицата ќе биде “скратена“ во ширина се направи соломонско решение и главната улица Александар Македонски денеска е приличќно доволна во ширина и на истата патничките возила се сообраќаат без сообраќаен метеж.

На крајот, градоначалник Илија Јованоски кога ќе ги остварите предизборните ветувања, а тоа е изградба на градски базен и конечно да биде пуштен во употреба градскиот стадион.

Градоначалник Илија Јованоски немој да бидете кабинетски татко на градот, него излезете на терен и слушнете ги проблемите на вашите сограѓани.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.