|
|
На народот косата му побеле, очекувајќи подобар живот од СДС |
Свекрва На народот косата му побеле, очекувајќи подобар живот од СДС Македонија доби нова влада на чие чело е аболиран политичар. Староновиот премиер Зоран Заев ќе ја предводи владата која има помалку министерства од минатата, но тоа нема да ја направи поефикасна власта, само ќе им овозможи поголеми парчиња при поделбата на колачот меѓу СДС и партнерот. Со нив во владата агонијата во земјава продолжува бидејќи тие тешко ќе можат да стават крај на криминалот и корупцијата. Новата влада предводена од Заев најавува период на трансформација и европеизација на земјата во наредните години. Ветуваат поголеми плати, вработувања, „промени кои носат напредок и развој, светла иднина за нас и нашите деца“. Исто така, велат дека го слушаат гласот на народот и неговите потреби. Меѓутоа кога се во прашање социјалдемократите тоа се само пусти ветувања, кои тие по традиција никогаш не ги исполнуваат. Од осамостојувањето до денес, секогаш кога социјалдемократите биле на власт, се што ветиле не исполниле. На обичниот народ косата му побеле, очекувајќи да дојде малку подобар живот со нив. Но, наместо подобар живот, тие не само што ја губеа егзистенцијата со затварањето на фирмите, туку го изгубија името и идентитетот. Иако челниците на СДС постојано велат дека го слушаат гласот на народот и се колнеа дека нема да го сменат името, тие тоа го направија без разлика што народот јасно се изјасни на референдум дека е против промена на името. Ништо не е чудно, кога СДС е во прашање. Таму се лица без чувство на припадност, без национален идентитет, без национална гордост, безрбетници и влекачи. Тоа се луѓе кои се способни се што му припаѓа на македонскиот народ да го стават на распродажба. Со такви политичари не случајно Македонија се најде на врвот на листата на држави со висок степен на корупција, како и со уништен бизнис амбиент во земјата, кој покрај светската пандемија е нарушен и со масовно ракетирање на успешни бизнисмени. Македонецот тоа го знае и се помалку верува во СДСМ. Така, оваа влада на Заев беше едвај скрпена и едвај изгласана во Собранието со 62 гласа. За да Заев ги обезбеди потребните гласови за изгласување на неговата влада, службите на Собранието мораа еден пратеник од редовите на ДУИ кој бил позитивен на Ковид 19 да го внесат во посебна просторија со посебен протокол за гласање. Гласањето во Собранието за новата Влада и изборот на министри покажува дека оваа влада на Зоран Заев од старт нема да биде функционална и не ќе може успешно да се носи со сите предизвици кои ги носат пандемијата и економската криза. Во пресрет на денот на независноста на Македонија 8 септември, незадовоството кај македонскиот народ во земјата и дијаспората расте, бидејќи со Зоран Заев и СДС се погазија Уставот и Законите што доведоа да се изгуби сувереноста, независнста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Таа денес зависи од тоа што ќе каже меѓународната заедница, ДУИ и локалните моќници, но не и од Македонецот, кој стана граѓанин од втор ред. Сето тоа, како и проблемите во судството, здраството, образованието и економијата ќе бидат клучни проблеми со кои новата влада ќе треба, но не ќе може да се справи. Тоа ќе акумулира доплнителен гнев кај масите. и ќе дојде денот кога народот повторно ќе излезе на улица. Затоа се очекува Владата на Заев да не трае долго. |