Се прашувам треба ли да се навраќам наназад за да се повторуваме по којзнае кој пат што се ја исцрпи оваа наша МАКЕДОНИЈА?
Колку ветришта ја дуваат од кои страни доаѓаат?
Но, во Македонија е топло, а студот само му пркоси на нашиот генетски стоицизам. Да многу мина направија грешки, кои се плаќаат, направија наши луѓе. Но, многумина направија да не има, и треба да им ги паметиме делата, да им ја знаеме мисијата, зошто мисијата е да се биде МАКЕДОНЕЦ!
Секој е даден од Бога да ја исполни должноста која му е доверена, да даде се од себе и во еден човечки живот да придонесе за своите, за ближниот, за Бога , за земјата во која се родил, за нацијата во која е даден, за верата во која е подарен.
Ние сме Македонци, ние сме верници во Господ, ние сме дадени по Божјата воља, сакал некој тоа да го разбере или не. Нашата историја се повеќе личи на Библиската приказна за добриот Јов од Стариот Завет, ако сте ја читале само да потсетам. Вербата на Јов била ставена на искушенија, му се парчело семејството, имотот, но, неговата верба останала силна и моќна, а потота стигнала и наградата, поголем род, поголем имот и поудобен живот.
Нашиот народ вели ,,трпение-спасение“, и издржува, но, како се ударите посилни, лекцијата е поголема а народот помудар, така се исправаме посвесни и помоќни, зошто поракате е да бидеме ЗАЕДНО, во добро и зло за МАКЕДОНИЈА!
Започнаа иницијативи, да си ги преброиме чедата по белиот свет, започнаа иницијативи да си ги прибереме, да си ги знаеме, зошто не има и знаени и незнаени. Не има МАКЕДОНЦИ, и тоа треба сите да го дознаат. Дека нашите таму каде што се, го чуваат Македонскиот јазик, како свет јазик, тоа е аманет, тоа сме ние. Го чуваат Македонското достоинство, токму таму, некаде по светот.
Се запрашал ли некој како им е на нашите Македонци кои се малцинство? Кој мисли на нивната битка?
Имаат ли МАКЕДОНЦИТЕ друга земја? Сем оваа, и други браќа и сестри сем овие овде? Сем НИЕ?
Не е ли време секој од нас да си ја свати својата мисија на овој земски живот, и да ја исполни?
Што ви треба, да ве назначи некој на функција, да бидете Министер или Директор, или да земате плата за да бидете МАКЕДОНЕЦ?
Мисија со пари е потребна?
Личните интереси ќе ги биде, дури има луѓе на оваа планета, зошто Пандорината кутија се отвори и ги заслепи срцата на неуките по вера, а не по наука.
Им се поматил разумот на многумина, но, тоа не е причина да се шири тоа како зараза меѓу нас.
Ние не сме нација без срце, ние имаме МАКЕДОНСКА лавовска душа, ние имаме МАКЕДОНСКО моќно сонце и имаме голема Божја мисија. Мисија да се биде МАКЕДОНЕЦ !!! |