Среда, 09 Септември 2020   
Марија Емилија Кукубајска: СТАР БЕЛ ДЕДО

1emilija

Марија Емилија Кукубајска: СТАР БЕЛ ДЕДО

(спрема народната македонска песна)

Стар бел дедо овци пасе
горе на Пирина.
Стадото му кротко пасе
трева детелина.

Стари дедо с' кавал свири         
свири и нарежда:
- Де е Гоце, де е Јане,
нашите војводи?

Де е Гоце, де е Јане
нашиот цар пирински?
Знамето ни да развеат
за Македонија.

Стар бел дедо кавал свири горе на висини, доле на падини. Храбар народ мудро слуша, а во душа вечен огон гори кога дедо и свирка и солза лее за слободата на Македонија: Секој има стар бел дедо н’ овој нелесен и бесен свет, а има сега и многу што не знаат за дедовци, а и не се каат што не можат и не знаат кавали на мирот да слушаат место децибели дискосани нездраво што палат и рушат - и мудрост и мир и тело младо, и дело старо... 

Та и сега, одново ли печалбари деца наши да стануваат, и одново бегалци од својата земја! Подло не’ препудуваат, прогонуваат, одродуваат туѓи сили „тајни“! Знаеме сепак ние, и можеме, слобода да чуваме, иако само во срце се радуваме - в’ срце татковина носиме, и во туѓината таму на тој Запад кој гори, и се лизга, поплавува полиња славни. Останува во нас повеќе од надеж – вербата, дека сме, свој род, народ наш, свој идентитет имаме, дел сме од човештвото, Божје. И УНХЦР,  ни’ тврди (нели?) дека имаме право човечко на себе да припаѓаме: „It’s not a privilege, it’s a human right. To belong“. 

Стар бел дедо македонско знаме носи, на градите - значка на мирот, на чело му мудро сонце грее, а душата му за слободна Македонија пее, и кога е во Beverly Hills ресторанот вештачки, со внучето и фамилијата природни, како и во Полска, и во полето, на нива Песок, .на ливада медна. Ехх, таму, во некогаш златен Холивуд, заразни лудила летаат сега, лилјаци отровни. Но ни дедо ниту нас, не не’ фаќа жед за слава. Таква его-лава, е поплава апокалиптична, душа купува од тела продадени, за филмови на лагата. Но, значењето и здравјето и војводството на дедо ми и децата наши – од природен корен се, илјадници години разумно растени од минералите на лорандит, и од бањи минерални на Кежовица, од детелини на планините студни, страдни, снежни, а сепак зачувани меки, топли и непресушни извори на љубов и род за народот наш. Дедото мој македонец, поубав е и од Кларк Гејбел, и поумен од ракетни научници, побогат од милијардерите, тие, најсиромашните, зашто без душа се. Знае дедо ми, дека е свој на земја своја, дека земјата и ливадите, афионите и авионите, сепак остануваат во раце на Бог, не во сопственост на арамиски, змиски гог-магог, и лажен и туѓ ГосподАр. Стар бел дедо не продаде земја на Рајко-Петко, на зли, завидливи браќа, ни на Набили Хусеини, ни на новодобски Худини...

Смирено – со мислата, со моќта на предците свои, дедо достоинствено стои, достоен на гените генијални, колосални, иако во (за)падната Виена не можел да студира оти останал земја да чува, на семејството глава да биде. И барабар со дедото негов - имот да зачува уште од мал. Иако сираче на пет години останал, а татко му мачен и убиен револуционер, продолжил дедо ми, имот и род да сади, од младински гради до неуморна старост, срцето кога му пукало од нови тирани со нивните тапани тупави, и од подли удари и оѕверени глутници искачени на владеачки скали, а за тон и нота - глуви, без зрно здрав звук на разумот. Јас сум внук аирлија, а дедо ми мој не е саирлија, и  - никогаш не бил поткупен од нечисти земни сили. За мене, и за сите добри луѓе н’овој бели светот – дедо ми е лидер на светлото, на доброто. Љубов сее, напредок жнее, и радости што е Божји човек, од Евро-Азија, до Африка и Америка, мојот дедо над името наше македонско бдее и одозгора.  

Еве, и од оваа слика, сега тој, од онаа страна на вселената: ме вика, да славиме – со нашата храна за срце, за ум, за народни думи и песни. Од Палм Спрингс до Бенгази, од Штип до свети Петроград, и низ пустини – го гледам: босоног гази и воспитува за восхит на вљубените во народна правда... Дедо ми се измил очи и во планински извор, и нозе измил во Средоземно море, и во Тивок океан. Брестов корен има родот на дедо, благороден, благ, мисловен, јак, високо развиена свест, чудесна чест, слух за природата на човечноста, за плодно топење на мразот и снегот, за поплави против утопии на брегот лев. Знае дедо, од фантазии дека не се живее, туку од работни дела. Знае мојот сериозен дедо – и од радост по мене да плаче, и од мака зарипнато да липа, да болува што и мене можеби ќе нема еден ден кој да ме чува, освен Бог, освен вселената која гледа, слуша се’, која не се уморила од простување на грешките братоубиствени, на борците платеници инплантирани - за нови поредоци да бушат, палат, рушат, без ред и без мир, во име на нечија слобода. Но, дедото мој, дедото наш, непокајно добар е, нескршено исправен, секогаш порти ни’ отвара, од срцето до умот, до универзумот – со песна на љубовта, со љубовта за музика на вечноста, вечност и на овој свет, меѓу овој род на мојата родна земја Македонска. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.