|
|
Александар Џеповски: Ќе живее вечно Македонија за инат на изродите |
Александар Џеповски: Ќе живее вечно Македонија за инат на изродите Ќе живее вечно Македонија за инат на изродите. Тоа ќе биде наша заслуга и во наша режија, сите Ние што ја сакаме и умираме за Македонија. Времето може работи за предавниците и нивните газди моментално, но никогаш не може да ја уништат и украдат нашата љубов кон родната земја, земја исконска спомната 37 пати во Библијата со зенит достигнат од Александар Македонски. Сите најдобри моменти од историјата и овие најлоши во кои живееме денес се привилегија да бидеш Македонец. Пробувале и ќе пробуваат да не убедат дека Македонија е на секој само не наша, но тие не знаат да мислат, пишуваат, сакаат, зборат и да се однесуваат како Македонци кои со полно љубов ги сакаат сите други и им дава шанса да го поделат и слават Бога. Кој може да ни забрани нашите деца, внуци и правнуци да ги тераме да не ја сакаат Македонија и да се откажат од неа ? Која е таа сила што ќе не спречи да ги заборавиме предците наши и нивната крв пролеана за Нас и сите идни генерации ? Кои се тие пари на цел свет што ќе не натера да веруваме во натемаго и да го игнорираме Горниот ? Затоа Мајко Наша Македонијо, немај гајле и голема благодарност за Твојата привилегија што ни ја подаруваш нам да бидеме Македонци. Твојот роденден ти е сега официјално 8 Септември, но само ти го знаеш правиот и вистински ден. Ти си вечна и стара кој знае колку илјадници години, но вековито млада заедно со нашите животи кои ти ги поклонуваме Тебе не само во овој свет, туку и во оној таму кој те создаде Тебе и Нас. ЉУБОВТА НАША КОН ТЕБЕ ЌЕ ОСТАНЕ БЕСКОНЕЧНО ВО НАШИТЕ СРЦА И НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БИЛО КОЈ ДЕН И СЕКОЈ ДЕН ПА И ОВОЈ И СЕКОЈ 8 СЕПТЕМВРИ УШТЕ НАЈМАЛКУ МИЛИОН ГОДИНИ. АМИН !!! |