Среда, 09 Септември 2020   
Денот на независноста на Македонија и дали се спрема бура на Балканот!!!?

1abСвекрва 

Денот на независноста на Македонија и дали се спрема бура на Балканот!!!?

На 8 септември македонскиот народ го слави Денот на независноста. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Но, прашањето е сега колку е Македонија суверена држава по Преспанскиот договор, со кој Социјалдемократите предводени од Зоран заев го сменија името на државата. Иако нaродот со бојкот на референдум јасно се искажа против промена на името, СДС му го одзеде сувереното право на македонскиот народот да ја именува својата држава Република Македонија.  

На референдумот кој се одржа на 8 септември 1991 година, во предвечерието на распадот на СФРЈ, 95% од граѓаните кои излегоа на рефрендум позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓани со право на глас или 71,85 %. Од вкупниот број граѓани кои излегле да гласаат, за самостојна Македонија позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани или 95,09%. Што значи дека позитивно се изјасниле 72,16 проценти од вкупниот број граѓани со право на глас.  

Резултати од референдумот во 1991 година јасно говорат дека тој бил успешен. Македонскиот народ гласал за суверена, неависна и самостојна Македонија. Тоа беше одлука која македонските граѓани ја прифатија со голема еуфорија и оптимизам. Македонскиот народ конечно го исполни вековниот сон и аманетот на нашите преходници, Илинденци од 1903 и 1944 година, да има своја независна и суверена маkедонска држава.

Генерацијата која на референдум се изјасни за самостојна, независна и суверена Македонија, во аманет им ја остави на тогашните и идните македонски политичари нивната и заложбата на Илинденци да ја зачуваат македонската држава и да ги натфрлат нивните достигнувања.

Генерацијата која во 1991 година се изјасни за суверена и независна Македонија беa свесни дека градењето на македонската држава ќе биде долг макотрпен и сложен процес,  дека на тој пат ќе има бројни потешкотии од соседите, но никогаш не се надеваше дека младите генерации кои ќе дојдат на власт по неполни три децении ќе попуштат, ќе ја свиткаат кичмата и ќе го сменат името без притоа да имаат одобрување од македонскот народ.

На 17 јуни 2018 година во село Нивици, на брегот на Преспанското Езеро беше потпишан контраверзниот Преспански договор меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас. Со овој договор Македонија присилно го смени името во Република „С“ Македонија, име за севкупна употреба (внатрешна и надворешна), и го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ.

Владата на Зоран Заев иако го убедуваше македонскиот народ дека со Преспанскиот договор еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот идентитет и македонскиот јазик, потоа  се гарантира безбедноста на земјата и се обезбедува сигурна иднина на граѓаните на РМ, не ја доби подршката на референдум. Македонците го бојкотираа референдумот кој се одржа на 30 септември 2018 гидина, со што јасно ставија до знаење дека се против промена на името.

Од вкупно 1.806.336 регистрирани гласачи на референдумот за промена на името гласаа повеќе од една третина или 666.743 лица. Од нив само 609.813 одговорија позитивно на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција. Резултите од референдумот, кои Државната изборна комисија (ДИК) го прогласи за неуспешен, исто така јасно покажаа дека мнозинството на македонскиот народ е против промена на името.

За разлика од заслепените социјалдемократи, кои ова го направија заради лични интереси,  македонскиот народ беше свесен дека промената на името нема да им донесе ништо добро освен изгубен образ. Едноставно никој не може да им гарантира подобар живот или да им ја гарантира сигурноста, па дури и ако си членка на НАТО.

Дека тоа е така го покажува и политичката затегнатост меѓу Турција и Грција, две членки на НАТО, која настана околу природните ресурси на гас во Источниот Медитеран. Нивните морнарици веќе се гледаат преку нишан во Средоземното и Егејско Море, а турските тенкови се на граница со Грција, што предизвикува вознемиреност во целиот регион и пошироко.

Но, тензиите меѓу двете земји не се само поради истражувањето на нови наоѓалишта на гас во Источниот Медитеран. Тука во прашање е и старото непријателство, кое произлегува од договорот по кој се исцртани денешните граници на Турција, по распадот на Отоманското царство. Историското паметење и понатаму остава траг во денешницата, така да затегнатоста меѓу двете земји не е само кој има право да ги користи природните богатства откриени во овој дел од Медитеранот, туку се и историски несогласувања кои траат речиси цел век.

Во расправијата меѓу Атина и Анкара, во која Турска тврди дека истражувањата за нови наоѓалишта на гас се наоѓаат во нејзиниот ,континентален појас, а Грција дека спорното подрачје е исклучиво во нејзината економска зона, се вмешани и други држави. На страната на Грција застанаа Франција, Египет и Кипар, а на страната на Турција, покрај поддршката на САД, се земјите како Либија, Алжир и Катар. Постоечката конфенција на ОН за правото на користењето на морето не ги дава вистинските одговори, па сега и двете земји имаат тврди ставови и ѕвецкаат со оружјето, што не ја исклучува можноста од воено решевање на спорот.

Дека Турција е спремна и воено да го решава спорот доколку Грција не попушти говорат нејзините постапки во последно време. Само пред пет години, Турција во ноември 2015 г. го собори рускиот авион Сухој 24 во Сирија, а во јуни оваа година  турски воен брод за малку ќе пукал на француски, кој се обидувал да пресретне турски брод кој превезувал оружје во Либија.

Многу земји се жалат на неправедните договори кои во минатото ги потпишале или со сила им биле наметнати. Покрај Турција и Македонија е меѓу земјите кои потпишале лоши договори (Преспанскиот) и каде се памети неправедната поделба на земјата извршена по Балканските војни со Мировниот договор во Букурешт во 1913 год. И тогаш без да се праша македонскиот народ, Македонија беше поделена помеѓу Грција (Егејска Македонија), Бугарија (Пиринска Македонија), Србија (Вардарска Македонија) и мал дел кој го добила Албанија.

Како што македонската историографија говори за неправедната поделба во Букурешт 1913 година, така Турција вели дека и е направена историска неправда со Лозанскиот договор во 1923 година, со кои се дефинирани турските граници и со кој многу острови во близина на нејзиониот брег и припаднале на Грција. Со овој договор Турција изгубила десетина острови.

Исто така, за да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ, Турција била принудена да отстапи 18 острови во Егејското Море на Грција. И покрај остапките, со кои се гарантираше дека Кипар и Грција нема да постават вето, Турција до ден денешен сеуште не е членка на ЕУ.

Со Преспанскиот договор, македнскиот народ го изгуби сувереното право на своето вековно име. Овој договор не значи  гаранција дека Македонија, покрај НАТО набрзо ќе стане и членка на ЕУ, како што ветуваат социјалдемократите. Исто така незначи и гаранција за мир и безбедност кога во регионот беснее бура (Атина и Анкара, Белград и Приштина и т.н).

Во пресрет на 8 септември - Денот на независноста на Македонија, турски тенкови веќе се транспортираат на границата со Грција. Во случај на војна меѓу овие две членки на НАТО, Македонија мора да биде внимателна. Од една страна е Турција која е меѓу првите земји кои ја признаа независноста на земјата и долго време во документите на НАТО во фуснота пишуваа дека Македонија ја признаваат под уставно име. Од друга страна пак е Грција со која Македонија под притисок и закани за вето мораше да го смени името само затоа што Егејскиот дел на Македонија кој беше окупиран за време на Балканските војни им припадна на Грција што потоа беше санкционирано со Мировниот договор во Букурешт 1913 и со Нејскиот мировен договор 1919 година, во Франција, по Првата светска војна.

Со овие договори се овозможи врз македонскиот народ од Егејска Македонија да се изврши геноцид (протерување, присилна размена на население, асимилација..), кој трае од 1923 год. до денес.

Социјалдемократите во последните три години му нанесоа најголемо зло на земјата од нејзиното осамостојување. Тие со Преспанскиот договор всушност ја амнестира Грција за сите ѕверства која во минатото ги има извршено врз македонскиот народ. Оваа партија на чело со Зоран Заев, во која има длабоко навлезено криминалот и корупцијата, се спрема да направи уште едно злосторство врз македонскиот народ, со распродажба на македонската историја на источниот сосед. Сето тоа само ќе ја искомпликува и зоврива состојбата на Балканот.

Единствено кој во овие ситуации покажува разумност и смиреност во постапките е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицковски. Само тој може да го поведе народот и да ја извлече земјата од стапицата на соседите во која СДС ја вовлече Македонија. Само тој со неговата екипа ќе можат соодветно да реагираат и да се справат со заканите по општото добро на земјата предизвикани од пандемијата, економската криза, Косовската и Источно -Медитеранската криза.. Едноставно СДС нема капацитет за решавање на вакви кризи, па затоа кога се на власт Македонија е како монета за поткусурување, а не независна и суверена земја на македонскиот народ каква ја направи и одржуваше ВМРО ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.