|
|
Валентина Талевска: Не ги чепкајте мустаќите на Гоце Делчев |
Валентина Талевска: Не ги чепкајте мустаќите на Гоце Делчев 4 (Четврти) Мај – сончев ден, зеленило и цвеќиња, убави мириси, цвркот на птици, пролет во цела своја убавина. Патронен празник на 40 училишта во Македонија. Најмногу училишта во Македонија на овај ден слават патронат, им доаѓаат гости – ученици и наставници од други училишта од цела Македонија, па и од други држави. Ќе чујат за нивниот патрон, за Учителот и Великан Гоце Делчев. Училишниот двор полн. Од сите страни доаѓаат баби и мајки со помали дечиња, дедовци и татковци. Ученици кои ги пречекуваат гостите, ученици учесници на приредбата и наставнички во прикладна свечена облека. Исто така дотерани и горди доаѓаат и претставници од градските власти, градоначалници, пратеници. Сите се чувствуваат свечено и гордо во очекување на приредбата, ќе слушаат за Великанот , за нашиот Гоце Делчев. Ќе се вратат во детството, ќе се потсетат на песните кои тие ги пееле, на нивните наставници, на нивните баби и дедовци, на приказните за Гоце Делчев – Војвода. На бината поставена голема слика со ликот на Гоце Делчев и под неа напишано (04.02.1872 – 04.05.1903), млад, многу млад загинал, а толку многу дела оставил, толку многу мисли кои со генерации се кажуваат. И се паметат. За борбата за самостојна Македонија, за слобода на македонскиот народ. Над сликата со големи букви е напишана една од неговите мисли со која растат генерации на ученици: Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите Учениците на бината рецитираат песни за Гоце, играат македонско оро и пеат македонски пасни. Следува драматизација каде девојки со спуштени лица го везат македонското знаме, доаѓаат вооружени комити кои договараат востание и доаѓа тој - Гоце Делчев. Најдобриот ученик, со мустаќи, Гоцевите мустаќи. Со силен и јасен глас им се обраќа:. Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух. На сите македонци ова им е познато, блиско и мило. Генерации поминале со делото на Гоце Делчев, ќе поминат уште многу други генерации, борејќи се за слоободна и независна Македонија. Затоа, Не ги чепкајте мустаќите на Гоце Делчев |