|
|
Народ без истоторија, е народ без идентитет! |
Свекрва Владата на Зоран Заев не вовлече во ситуација која ја доведе во прашање сувереноста и независноста на македонскиот народ и неговата држава. Иако никој нема мандат, оваа власт без да го праша народот, таа стави се на распродажба. Сoнцетo oд Кутлеш е нaциoнaлен симбoл нa Мaкедoнците вo цел свет и беше на македонското знаме од 1992 до 1995 година. Под притисок на Грција и меѓународната заедница, тогашните власти предводени од СДСМ, го сменија националното знаме. Потоа по конфликтот во 2001 година, македонскиот народ ја изгуби позицијата на државотворен народ и стана заедница. Потоа по Преспанскиот договор во 2018 година со Грција, Заевистите го сменија името, а сега по договорот со Бугарија за добрососедство ја распродаваат историјата. А народ без истоторија, е народ без идентитет. Денес челниците на СДС или видни луѓе блиски до власта не убедуваат дека Знамето со Сонцето од Вергина не е македонско национално знаме, иако како симбол се наоѓа речиси во секоја македонска црква и во голем број стари македонски куќи. Исто така, пред да го направат асли Бугарин, власта не убедува дека и Гоце Делчев, кој е столбот на македонизмот, бил значаен како за македонската, така и бугарската историја. Точно е тоа дека Гоце Делчев е значаен за македонската и бугарската историја, но не за бугарскиот народ, туку на многубројната македонската емиграција во Бугарија, кој бегајќи од теророт на Турците, Грците и потоа на Србите барале спас во таа земја. Поради односите во тој период, кога македонскиот народ нема своја држава и црква и бил прво во рамките на Отомското царство, а потоа по Балканските војни (1912 - 1913) окупиран од Бугарија, Србија и Грција, нема Македонец од крајот на 19 и почетокот на 20 век, како и од периодот меѓу двете светски војни, кој немал двојни документи, па и тројни во кои се водел како грк (патриаршист), бугарин (егзархист) и како србин. Ако ги гледаме работите така секој може да не смета за свои, па и Бугарите да го сметаа Гоце Делчев за свој. Но зошто, ако толку им значеше, дозволија неговите посмртни останки да бидат пренесени во Скопје по Втората светска војна. Нема потреба Зоран Заев и историчарите да гледаат во документите, зошто на секој му е совршено јасно што се случувало во тој период и како се чуствувал народот. Секако дека и тогаш, како и денес, имало луѓе кои за пари лесно ја менувале својата припадност. Денес како што е познато има луѓе кои за пари ја продаваат цела своја држава. Власта постојано се труди да му всади на народот дека ние Македонците не сме способни да имаме своја држава и дека е добро да дојде некој друг да не управува и води. Но тоа веќе не пали кај Македонецот, кој повеќе не сака да биде краден како материјално така и духовно и сака да ја поврати својата сувереност и слобода. Свесни дека независноста и слободата мора да ја освојот, бидејќи никој не ти ја дава на подарок, народот излезе на улица предводен од ВМРО ДПМНЕ. Тој гласно и јасно кажа дека сака да си го врати она што му беше украдено од претходните и сегашните власти предводени од СДС. Едноставно сака да си ја поврати слободата од корумпираната мафијашка власт, Во последните три децении од независноста на Македонија, македонскиот народ многу претрпи. Но повеќе не може да трпи да гледа како го крадат прво преку струјата, потоа како му ја крадат историјата, како му ја крадат земјата и на крај цела држава. Се повеќе овој фронт против сегашната власт се окрупнува и протестите ќе растат се додека ова ненародна власт не си замине од историската сцена. |