Среда, 23 Септември 2020   
Ламбе Арнаудов: Пресметката помеѓу Гоце и Тито во „ОК“ Собранието на Република Македонија на 08-01-1991

1lambe-arnaudov

Ламбе Арнаудов: Пресметката помеѓу Гоце и Тито во „ОК“ Собранието на Република Македонија на 08-01-1991

Текстов е голема благодарност и е посветен на Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во овие тешки и претешки историски моменти за опстанокот на македонскиот народ и македонската држава храбро нé учи поединечно и колективно како сами да си ја пишуваме сопствената историја.

Да Не се премолчува за да Не се Заборави!

Пресметката кај ОК Корал помеѓу две апашки банди од кои едните со значки како чувари на законот дури и полоши од другите, што траел според едни 30 секунди, според други 11 секунди, тамошната пропаганда ја претвори истовремено во мит, легенда и историја, а всушност е национална бламажа и срам.

Обратно, од оваа банална приказна, во Македонија пак пресметката помеѓу Гоце и Тито што започна на првиот ден на самата конститутивна седница на првото плуралистичко собрание на 08-01-1991 година трае до ден денес. Според важноста и светоста на идеалите преточени во директна борба за опстанок на македонскиот народ, идентитет, јазик и историја и државност оваа пресметка од првиот ден се здоби со космички димензии во борбата на еден народ за своето место под светлината и топлината на слободарското сонце што живот значи, и треба подеднакво да го осветлува патот и грее душите на сите народи.

За што станува збор? Паралелно со жестоката расправа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и останатите пројугословенски партии со која химна да го започнеме првиот работен и најрадосен ден, уште посилен беше двобојот помеѓу истите соперници за декорацијата во Собранието.

Имено, ние побаравме да се симне сликата со големина од еден просечен ѕид на четирикратниот прогласен народен херој на „братските народи и народности на Југославија“ маршалот Тито, кој патем кажано барем  два ордени за мирнодопски допринос ги заслужи врз товар на интересите на македонскиот народ, жртвувајќи го во замена за сопствено одржување на власт и меѓународна поддршка.

Нашите очевидни аргументи беа дека сега сме нов, друг државен односно самостоен субјект со сосема различен општествено политички систем кој од тоталитарен преминува во демократски.

Затоа, симболот на дотогашното владеење побаравме да се замени со ликот кој е персонификација на нашата борба за самостојна држава, односно со ликот на великанот на македонскиот народ Гоце Делчев.

Одговорот на тоа беше несвојствено неприкладен, жестоко навредлив кон сé она што претставува македонски патриотизам. Сé до Тито беше негирано и бидејќи во собраниската сала имаше само 38 македонски пратеници и 82 Титовчиња, Тито, нивниот идеолошки татко си остана да виси над главата на спикерот на Собранието, а за да биде воспоставен баланс според нивното сфаќање за праведност, на дното од левата и десната страна крајно понижувачки за македонскиот народ беа поставени две минијатурни сликички со големина за на пасапорт на Гоце Делчев и чинам Никола Карев како прв претседател.

Ете, од тогаш почна и сé до денес трае негирањето на делото на Гоце Делчев и умирањето на Македонија.

Таква омраза кон сé што е патриотизам, чувство за самостојност и македонизам што тој ден беше демонстрирана од југословените во парламентот до сега не е виден.

Сé уште ми се во горко сеќавање репликите што ги имав со еден од најгрлатите во понижувањето и исмејувањето на нашиот предлог. Самиот тој кажа дека имал некој си предок, прославен борец за идеалите за независна Македонија заради што тој сега се срамел што е негов потомок додавајќи дека козите на крај се бројат.

Јас му реплицирав дека тогаш по втор пат го убивте Гоце и смртоносно ја ранивте Македонија.

Денес, му порачувам да оди на гробот на деда си, ако знае каде е, и да му каже дека воопшто не сме во состојба да броиме кози, ни негови, ни мои, туку сите заедно: ГО ОБРАВМЕ БОСТАНОТ.

Затоа предлагам Европската Унија која е симбол за демократски капацитет и врвен заштитник на човечките права и слободи во кој доминира најсветото исконско право на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ да се самопотврди во негување и развивање на сопствените принципи што сама ги поставила и да не се става на страна на Грција и Бугарија.

Премиерот на Владата на Република Македонија кој воедно е и претседател на владејачката СДСМ која самата се прогласи за идеолошки и материјален наследник на југословенската комунистичка партија, подоцна Сојуз на комунисти, конечно да се охрабри и ја сфати реалноста на денешната политичка состојба и го осуди комунизмот како тоталитарен систем, неправеден, прогонувачки, недемократски. Само уште тие во светов не го осудиле комунизмот и сé уште ги негуваат методите со кои се служел за застрашување на политичките противници.

Истовремено да се откажат од ликот и делото на Тито како еден од 5те најцрни стравовладател  и тиранин кој ги прогонувал, затворал и убивал политичките неистомисленици, отворал логори на смртта, работни затвори од типот на гулагите на Сталин и црни установи за превоспитување, многу често не само заради идеолошки разлики туку и по чисто етничка припадност како и религиозна.

Сосема нормално е, Европската Унија да не ги започнува преговорите со Македонија и да не отвора ниту едно поглавје сé додека македонските комунисти сега маскирани во социјалдемократи не го направат овој најважен чекор на патот кон демократизација на државата, исто како што го направија сите посткомунистички држави.

Секоја поинаква постапка во процесот на преговорите со Македонија од страна на Европската Унија ќе биде само чиста само дисквалификација на сопствените норми, начела и принципи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.