Среда, 30 Септември 2020   
Конечно јасно и гласно да кажеме, нема да дозволиме да ни ги уништат корените

1abСвекрва

СДС води политика на геноцид врз сопствениот народ!

Германското племе Вандали во 455 година го разрушиле и ограбиле градот Рим. Оттука под поимот вандализам денес се подразбира деструкција и скврнавење, односно уривање и разорување на културно-уметнички споменици. Ваквиот чин обично има за цел да го сотре идентитетот и да уништи цел еден народ. Во текот на повеќе од еден и пол милениум вакви чинови кога се уништуваат помали народи има многу во светот, но нема пример кога домицилната власт ја ништи сопствената култура.

Зачудува фактот што денес една македонска влада бара од општината Центар да се избришат маркичките за Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза. Исто така, чудно е што работна група за проектот Скопје 2014, уште во 2017 година покрај барањето за бришење и уривање на овие два споменици, бараше и да се дислоцираат спомениците од Плоштадот Македонија.

За учесниците во проектот Скопје 2014, како и за најголемиот дел од македонскиот народ, уривањето на Порта Македонија, без разлика дали е нечија копија и што е изградена во поново време е антицивилизациски чин, бидејќи на неа рељефно е прикажана целата историја на Македонија. Исто така, за Македонецот, дислокацијата на спомениците од главниот плоштад би бил уште еден атак врз македонскиот идентитет и обид за ништење на македонскиот народ.

Проектот Скопје 2014 кој ја преставува македонската историја, денешната власт го смета за акт на дивјаштво и простотилок. Вината му ја препишуваат на екс премиерот Никола Груевски. Меѓутоа, овој проект привлече голем број на странски и домашни туристи, на кои им ја престави вистината за македонскиот народ, вистинската историја на Македонецот.

Тоа сега им смета на соседите, со кои оваа власт потпиша договори со кои се негира името, постоењето на македонскиот народ, јазик и идентитет. Со Преспанскиот договор, Македонија се откажа од антиката, а со Договорот за пријателство со Бугарија ќе се откаже од историјата се до АСНОМ 1944 година кога е создадена новата македонска држава.

Старо-новите македонски власти ја продолжуваат политиката на геноцид врз сопствениот народ. Но за земја во која вандалски се однесува власта кон сопственото културно наследство, потоа земја во која не владее правото и во која се носат закони за лични интереси, а се спротивни на интересите на македонскиот народ, нема место во ЕУ.

Драги мои браќа и сестри, во овие мигови кога минатото ни се пресликува во сегашноста, кога повторно ни е наметнато прашањето за нашиот идентитет потребно е храбро, одговорно и гордо сите заедно да кажеме: Доста е!

Да кажеме: Доста е! Затоа што нашето единство денес како и многупати досега е историска потреба, затоа што само на тој начин сплотени околу заедничките национални и државни интереси можеме да продолжиме да градиме демократска, модерна и слободна македонска држава, која ќе биде почитувана и уважувана од сите народи и држави во светот. Македонскиот народ и чесните граѓани одамна го заслужуваат тоа.

Конечно јасно и гласно да кажеме, нема да дозволиме да ни ги уништат корените, да не обезличат, посрамат и понижат.

Заради сето ова, гордо и со крената глава да кажеме: Доста е!

Време е оваа власт да си замине од историската сцена бидејќи е погубна, како за македонскиот народ така и за целата македонска нација. Едноставно со својата политика таа ја води државата кон тотално распаѓање и распарчување на земјата.  

Вечна да е Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.