|
|
Прилеп запоставен град од актуелната власт |
Довчерашниот пратеник од редовите на СДСМ и некогашен кандидат за градоначалник во градот под Марковите Кули нарцисоидната личност Хари Локвенец “тргна“ по стапките на некогашното вмровче, а сега вицепремиер за надворешни работи Никола Димитров кој без “срам и перде“ си додели стипендија за својата ќерка за студирање во странство. Па така, Локвенец обезбеди и си додели стипендија за својот син . Во новиот парламентарен состав од градот под Марковите Кули од редовите на владејачката гарнитура имаше само една личност и тоа во законодавната власт, а тоа е довчерашниот претседател на советот на Општина Прилеп Миле Талески. Значи кога треба да се застапуваат интересите на прилепчани за некои проекти, за жал, ќе има само една личност во извршната и законодавната личност, а тоа е претседателот на прилепскиот совет. Новата извршна власт започна со уривање на дивоградбите во неколку градови во нашата мила и напатена (мислам по криминал) Република Македонија. Се прашувам кога ќе дојде ред за уривање на дивоградбите во градот под Марковите Кули каде има неколку локали од СДСМ-овски симпатизери и членови на прилепскиот разгранок на СДСМ кои имаат дивоградби на своите прилепски локали. Довчерашниот прилепски министер за транспорт и врски, а сега директор на царина ГОран Сугарески и тогашниот премиер за економски прашања од тогашната претходна власт Кочо Анѓушев му ветуваа на вработените од припескиот воен погон Еурокомпозит дека во иднина нема да има проблеми со исплатата на личните доходи и во тексе преговори со странски партнер кој за брзо време треба да ја превземе прилепската фабрика во свои раце, но за жал од тоа до ден денешен нема ништо. Само се поставуваат владини функционери од надворешната на државата кои земаат астрономски лични доходи од една а вработените во прилепската фабрика “кубурат“ со лични доходи од друга страна. Дали има решение за овој проблем? се разбира дека има, а тоа е ангажирањето на извршната власт на чело со момчето од Муртино и аболицираниот лидер Зоран Заев и вицепремиер а сегашен актуелен министер за народна одбрана Радмила Шекеринска која пред извесно време се сликаше во позадина со знамето на УЧК да ја земат оваа прилепска фабрика под капата на државата. Во овој преиод прилепскиот земјоделец гособира жолтото злато - тутунот, и се разбира дека ќе има проблеми со цената на откупот на тутунот од една и премијата за жолтото злато од друга страна. Исто така, Еурокомпозит и Тутунскиот комбинат е во редовите на загубарите се поставуваат раководни лица кои исто така, земаат високи лични доходи. Во оваа прилика само да нагласиме дека менаџерскиот тим на прилепскиот тутнски комбинат не превзема ништо за универзалната сала која од ден на ден екстериерно и ентериерно се запоставува. За плати наменаџерскиот тим за тутунски комбинат има а за жал, сега некогашниот ракометен бренд нема издвојување средства истиот да се реинкарнира во ракометниот шампионат на Република Македонија. Не е довршена изградбата (реновирање) на градскиот стадион Гоце Делчев кој некогаш беше храм на прилепскиот фудбалски бренд Победа кој за жал моментално “кубури“ со финансиски средства за да може актуелно да се натпреварува во второлигашката конкуренција. Моментално клубот натпреварите на домашен терен ги игра на стадионот во близина на могилата на непобедените. Се уште не решен статусот на спортската сала Македонија која пред две децении и повеќе изгоре до темел од пожар. Актуелниот градоначалник на кого му останува од владеењето уште една година од раководната позиција на “ангро“ во прилепските фирми се под капата на локалната самоуправа вработува роднини и блиски пријатели, а откази се делат за само него неподобните личности од актулената опозиција од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Во оваа прилика како илустрација во прилепското водоводно претпријатие ЈКП “ВиК“ пред година дена е избркана личност со 25 години работен стаж кој му “сметаше“ и која наводно немаше работа на работната позиција. Иронијата да биде поголема по кратко време на таа работна позиција е поставена СДСМ-овска личност. Истото раководно лице постави раководител на финансискиот сектор со несродно образование за таа функција. Советни за економски прашања е лицето кој претходните 9 години со измислено раобтно место на работа идеше само да за го испие задолжителното кафе, а потоа шеташе по прилепските улици. Ова е само дел од актулената мизерна состојба во Прилеп. Дипл. ЕКК. Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |