|
|
Во недостаток на свои синови, Бугарија присвојува туѓи |
Во недостаток на сопствени синови јаловата мајка Бугарија, присвојува туѓи. Покрај Гоце Делчев и други македонски револуционери кои ги претсавува како Бугари, неодамна официјална Софија ги присвои и Кирил и Методиј, а кирилицата стана бугарска. Така повеќе 24 мај нема да се слави како ден на словенската писменост, туку како ден на бугарската писменост. Што е многу многу, па дури ако доаѓа од блиска земја, каде огромен дел се со потекло од Македонија, како што се и самите Кирил и Методиј.
Не може ни да се замисли во 21 век, Бугарија како полноправна членка на ЕУ и НАТО да го оспорува идентитетот и јазикот на Македонците. Меѓутоа со Софија се е можно, што го покажува Меморандум неодамна испратен до ЕУ со кој се објаснова односот на Бугарија и Македонија во контекст на проширувањето, приклучувањето и стабилизацијата, но и со кој се оспорува постоење на македонски народ и јазик. Исто така не може да се разбере ни и најновото присвојување на македонските браќа Кирил и Методи за Бугари, родени во Солун, Македонија, а кој жевееле во време кога не постоела националност. Поради барањето за добрососедски односи и да нема нерешни прашања за влез во ЕУ, Софија се обидува што побргу да ги затвори сите историски прашања со Македонија, во своја корист. Во тој контекст, таа се обидува да ги спречи одржувањето на меѓувладината конференција меѓу Македонија и ЕУ, пред целосно да ги присвои историјата, идентитетот и јазикот на македонскиот народ. Оттука, покрај Меморандумот испратен до ЕУ, собранието на Бугарија го изгласа предлогот на партијата на Каракачанов за присвојување на Кирил и Методиј, кој беше поддржан и од партијата на Бојко Борисов. При тоа, иако Бугарија смета дека Македонија е блиска земја („еден ист народ, две држави“), не води сметка дека македонскиот народ ќе биде повреден и дека кај него создава анимозитет кон бугарскиот народ и бугарската држава. Поради ваквиот однос и негирањето на македонскиот народ од страна на Софија, кој трае со децении, послените истражувања говорат дека многу малку македонски граѓани ја сметаат Бугарија за пријателска земја или пак имаат добро мислење за Договорот за добрососедство со Бугарија, кој го потпиша власта предводена од Зоран Заев. Всушност по Преспанскиот договор со Грција, со кој беше сменето името на нашата земја, сега со Договорот за добрососедство, Бугарија смета дека може се да добие од македонските власти на чело со Заев. Аналитичарите сметаат дека со овие потези, властите во Бугарија ги извезува своите внатрешни проблеми во Македонија (протести против власта на Бојко Борисов). Меѓутоа, Бугарија не ги извезува своите проблеми само во Македонија туку и во Европа, која се во меѓувреме се соочува со голем број на други потешки прашања. Истоа така, многу аналитичари сметаат дека Бугарија се изживува со Македонија и Македонците и дека време е ЕУ и САД да стават крај на ваквото однесување. Тие треба да стават на знаење на Бугарија, да престане со поткопување на македонскиот идентитет и јазик, бидејќи тензиите можат да ескалираат и да предизвикаат конфликт и нови кризи во регионот, кои единстено му одговараат на одредени политичари за да останат на власт. Македонија мора да го издржи овој удар од соседството и да ги сочува своите синови, бидејќи мора да дојде време кога Бугарија ќе си легне на брашното. Впрочем, Бугарија и Романија станаа членка на ЕУ иако не ги исполнуваа условите и критериумите на за членство во ЕУ. Тие станаа членки благодарение на интервенцијата на САД. Иако од 2007 година Бугарија е членка со компромис, таа и денес е под стандардите на ЕУ и затоа е најдобро да престане да ја уценува земјата, да го оспорува идентитетот, јазикот и да ја опструира Македонија на пат кон ЕУ. Впрочем таа има свои синови со кои треба да се гордее, а не со туѓи македонски. (свекрва) |