Вторник, 13 Октомври 2020   
Рашела Мизрахи: Понуда за ,,блескав” живот
106025688 177285840460006 4035451848345783716 nРашела Мизрахи 
Ми велите животот ќе биде блескав само треба да престанам да се викам Рашела. Ќе ме види целиот свет, само треба да престанам тврдоглаво да се викам Рашела. Само име е... ќе го изгребеме и избришеме.
Ми велите животот ќе биде блескав само треба да престанам да тврдам дека сум дел од моето семејство. И што толку сум запнала да бидам дел од едно просечно, обично, македонско семејство.
Ќе го изгребеме и избришеме.
Ми велите животот ќе биде блескав само треба да ги заборавам гробовите на баба ми и дедо ми. И зар се толку важни загинатите партизани, борци и антифашисти, па зар мора нивните надгробни плочи да ми ја коваат иднината.
Ќе ги изгребеме и избришеме.
Ми велите животот ќе биде блескав, доколку ги премолчам БДЖ вагоните до Треблинка. Па од нив нема ниту пепел. Како воопшто сакам да ги помнам убиените и нивните убијци. Пепелта нека оди со ветрот.
Да ги изгребеме и избришеме.
Ми велите да ги заборавам Мирче Ацев, Лиман Каба, Марија Естреја Овадија, децата од Ваташа... ма како да ги заборавам илјадниците кои ги дадоа своите животи за Македонија?!
Ми велите да заборавам сѐ!
Ми велите не бидувај ниту таа пепел, ниту надгробните плочи, ниту семејството, ниту името... не бидувај!
Биди ништо!
Ми велите да не постојам, да ме нема и животот ќе биде блескав.
А за кого животот ќе биде блескав кога ќе нѐ нема???
Јас немам друго јас.
И ова што го барате од мене е сѐ што имам. Ова што го барате е сѐ што љубам.
А кога за она што го љубам плукаат по мене и го нарекуваат кочница кон блесокот на иднината, јас останувам да сведочам и за пепелта, и за партизаните, и за семејството, и за своето постоење. Достоинствено, онака како што се брани вистината кога е сооочена со насилство и лаги. Зошто овие наши вистини се преголеми за да бидат замолчени!!!
Не, Македонија не ја заслужува таа ,,блескава” понуда за живот, туку вистински пат со светла и сигурна европска иднина.
Зошто ВИСТИНАТА е ултимативна ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!!!
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.