|
|
МАКЕДОНИЈА, НЕПРИКОСНОВЕН ФАКТ ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА |
Сите луѓе и култури се живи истории. Се она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на овие врски ни дава основно разбирање за состојбата да се биде човек. Низ минатото многу од историските обележја се како во сенка, а денес веќе и се кријат, премачкуваат со бои, или им лепат нови плочки со натписи дека припаѓале на хеленската историја. Каде сме тогаш ние? Кираџии на свое тло. Или Македонија постои само да раздава на светот, на соседните земји чии апетити се поголеми од самите земји и ја користат секоја прилика да го негираат постоењето на македонската нација, јазик, историја. Промена на името, двојазичност, добрососедски и други договори кои ги потпиша Заев се без преседан најголемо зло, велепредавство, “убивање” на мајката на милиони Македонци како дома така и во светот. Но ние постоиме и сме живи сведоци на македонската историја која колку некој ја извртоперува или негира, таа наѕира од богатите светски архиви, од оние кои во време на војни, делби и страдања престојувале во Македонија да ги следат и запишуваат настаните. Со восхит за Македонија, за Солунските атентатори, за Илинденското востание, пишуваше големиот фанцуски хуманист Пјер Беарн, цитирам: “Пред околу 650 години, п.н.е Пердика Први, беше првиот македонски крал. После него уште многу други дојдоја на тронот. Филип Втори беше најуспешниот крал. Неговиот дом е тука во Пелагонија, Македонија. Тој не е Грк. Во 336 п.н.е Грците се кренаа против Македонската доминација. Во 335 грците го положија оружјето а Александар влезе во Атина како победник. Кога ќе помислам дека тој беше тука, и јас чувствувам потреба да викам, да трчам, да се радувам, да постанам жител на светот на слободата, да мислам дека секој ме сака, и јас да ги сакам сите. Тоа не е нешто лесно. Македонската историја и култура зазема посебно место во светската култура, принесувајќи светло од античка земја не заборавајќи и темните страни на својата историја, донира своја традиција, модерна уметност и цивилизација. Македонската културна креативност е најсилната инвестиција што може да се избере за својата иднина. Во овој пилог издвојувам еден од многуте објавени вести за Македонија во минатото кој е доволен доказ за големиот интерес со кој се следеле настаните во сите времиња од нејзиното постоење. Примерот е од американската архива, поточно во весникот the Seattle Star 1904 во кој се објавува вест под наслов Македонското востание може да предизвика поделба на Турција во Евопа и поднаслов – Австрија во игра на кроење на картата и судбината на Македонија. Извадок од весникот: “Македонија е стара земја која некогаш и своевремено беше славно кралство. Потекнуваше од мал нејасен почеток но се оформи и стана позната во историјата, различна од Тракија на исток и Тесалија на југ. … Александар Велики ја направи Македонија најмоќна земја во времето, но по неговата смрт раскошот на земјата брзо опадна. Римјаните ја освоиле нацијата и во 146 година Македонија станала римска провинција. Во моментов Македонија нема место во административната поделба на Турција. Macedonia is an old and was at one time a famous kingdom. It originated from a small obscure beginning and comprised, when it became known in history, the distinct of Thracia on the east and Thessaly on the south. …Alexander the great made Macedonia the most powerful country of the times, but upon his death the splendor of the land declined rapidly. The Romans conquered the nation and in 146 Macedonia became a Roman province. At present Macedonia has no place in the administrative division of Turkey.” Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на Апостол Павле. Кога тој беше погубен во Рим, Господ ги изрони своите солзи во виничката тврдина. Две илјади години по неговата смрт, тие солзи стигнаа и се стркалаа на теракотните икони кои денес припаѓаат во групата на најзначајните христијански икони во светот. Каде и да копнеш во македонската земја, ќе најдеш антиквитет. Секоја педа земја открива нови факти, нови богатства. Токму во Македонија се направени првите чекори на христијанството. Во факти за Македонија јасно стои дека Македонија е позната по проповедувањето на Свети Апостол Павле токму на нејзино тло. Жива е Македонија, жива е вистината за неа, ние сме нејзината историја. Ниту еден политички врв не може тоа да го откине од милиони македонски срца. Пишува: Гордана Димовска, Австралија Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |