Среда, 14 Октомври 2020   
Македонскиот народ може да тргне по патот на светла иднина

1svekrvaСвекрва

Македонскиот народ може да тргне по патот на светла иднина

Авторитарната власт во земјата, сконцентриеана во мала група на политичари од СДСМ и ДУИ, се повеќе го губи тлото под нозете. По се поголемото спротивставување на авторитетите од разни профили во земјата и на најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ, поврзано меѓудругото со донесување на произволни закони, договори со соседите и распродавањето на националните интереси, челниците на социјалдемократите ја менуваат стратегијата. 

Согледувајќи дека Договорот за добрососедство со Бугарија не ги дава очекуваните резултати, како и тоа дека со својата неспособност која ги загрозува националните интересите се повеќе го иритираат македонскиот народот, социјалдемократите ја менуваат својата реторика.

По говорот по повод Денот на востанието против фашисточките окупатори 11 октомври, премиерот Зоран Заев изјави дека „сигналите од Софија не се добри, ниту пријателски и дека ќе треба македонскиот народ да се подготви за можноста, поради ставовите на Бугарија кон македонските идентитетски прашања, да не се отпочат преговорите со ЕУ во декември“.

Исто така, и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој ја предводеше владината делегација по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Прилеп, каде положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто и на Кузман Јосифовски – Питу, Алејата на народни херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените, најави за можни пречка од источниот сосед на патот кон евроинтеградии.

Во врска со оспорувањето на македонскиот јазик од бугарска страна, Димитров изјави дека „ако Европската Унија (ЕУ) дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“. Зборувајќи за пријателството меѓу двата народи тој ќе каже: „Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме – ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит не може да се развие блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, ниту соседна ниту подалечна, па ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето самоопределување“.

Ваквите изјави укажуваат на знак на црвени линии во распродажбата на националните интереси. Меѓутоа, грешките кои ги направо оваа авторитарна власт, спротивно на владеењето на правато, се огромни. Таа е свесна за тоа, како што знае дека доаѓа времето кога треба не само да си заминат од власта туку и да одговара. Оттука и бугарскиот европратеник Ковачев прашува „Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? “

Едноставно СДСМ сега ги злоупотребува антифашистичките и слободарските традиции на македонскиот народ само за да се задржи на власт, а со тоа само се повеќе му наштети и да остане кочница на евроинтеграциите на Македонија. Всушност оваа власт предводена од СДСМ нема визија за иднината, а во меѓувреме заради лични интереси уништија се што вредеше во земјата.

Иако реторика на СДСМ е наменета за доближување до народот, таа не може да го промени неговото мислење по промената на името и по распродажбата на историјата. Македонскиот народ е свесен дека тоа е само гола борба за власт и привилегии.

За да ја задржи власта СДСМ преку разни интрументи го задушува граѓанското општетсво, Затоа опозицијата треба да има знаење и храброст, за да го артикулира граѓанското незадоволство и јасно и гласно да им порача на власта да ги напушти фотељите поради неспособност и штетни договори, кои преставуваат кочница за напредокот на Македонија.

Само со здрав разум и верба во срцето македонскиот народ може да го порази режимот и да тргне по патот на светла иднина.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.