|
|
Марија Емилија Кукубајска: ПАТРИОТИЗАМ, НЕ ПАРТИОТИЗАМ! |
Марија Емилија Кукубајска НАШИОТ ПАТРИОТИЗАМ НЕ Е ПАРТИОТИЗАМ. Не зависи од полиТИК-И – ТОК-И, ни од ФЕЈСБУЦИ, Ни од А-СОЦИЈАЛНИ распродажби на себе си, на правата, на без-бедноста... Се’ за бедата на духот Нечиј да владее со сечија платформа, форма, плата, „бесплатно“ раздавање хууу-манизам. Нашиот ПАТРИОТИЗАМ е ТАТКОВИНСКО благо, Космичка вага, КОСМОПОЛИТИЗАМ, не тоталитаризам, и не нихилизам и Џамбо Лага. ПАТРИОТИЗМОТ НАШ не е утопија, не е дистопија, не е минато на вистината, не е флос-кула, не е саѓе од сага. Се знае - секоја вага тежи кон рамнотежа на земјината и духовната тежа. ПАТРИОТИЗАМ Е свест за гените, заштита од промените за бришење на свеста и се’... Се’ додека партиотизмот глобално не е заменет со неСвест и метална моќ На ѕверките што напаѓаат во ноќ Анти-човечна, АНТИ-ПАТРИОТСКА,Та изгубените да не знаат од каде изгрева Сонце, а од каде темна ЛусиФера СветЛумина... НО, и тогаш, ЧОВЕК ќе има, роден од родители, од човек, од татко, мајка, во татковина, во наследство, за следното ДоброУмно дело. И по номадско бришење на Стар/Нов Век, и нечујно сушење на живиот тек. НИЕ СМЕ! ПАТРИЈА НЕ Е ПАРТИЈА, НЕ Е НАГОН за Ништење, селење, сеење од сито во празно, делење по мисла, боја, раса, класа, род, одвод. НЕ НАРОДЕ, не се одродивме. Сеуште и сепак ЉУБОВТА наша за човечност - и свест и чест ни’ чува - за корен и цвет. Иако го сечат, гмечат, кројат, бојат спрема хипотези за квази потреби од нов проСтор за ново Доба – да ја дробат душата, пропагирајќи „Доброто е Зло“ и „Не јади месо – туку деца, луѓе само“. Решение не се вирусни револуции, но заштита на семето органско, незагадено. Марс... Нибиру - не се спас за Болната Напаст против ТАТКОВИНСКА ЗЕМЈА. Рибата кон река, море плива, птицата под вода не ќе е жива. Се’ кон свое тежи, Природата на свој нагон и погон лежи, лета, цвета... Против наготот е проклета. Затоа, ПАРТИЈАТА на одродените НЕ Е ПАТРИЈА за нас, благоловените, во наша земја, на оваа света планета, од Бог ВСЕЛЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА. |