Среда, 21 Октомври 2020   
Каролина Ристеска: МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕ ДА ЈА НОСИТЕ

1KarolinaКаролина Ристеска

Денес мојата приказна ќе биде кратка и јасна. Еднаш ја напишав, но денес ќе ја повторам за тие кои ја подзаборавиле или воопшто и не ја прочитале.

Си беше еднаш една Македонија која ја потврдија со државни граници кралот Каран, па редум следните кралеви се до Кралот Филип Втори Македон и син му Александар Трети Македонски па, дури и после нив Персеј. Но, дојдоа Римјаните со нивната т.н.измислена Грција фалсификуваа, крадеа, градеа, па ни Македонката Клеопатра не успеаа да ја поткупат што Цезарион Македонецот го роди ! Македонија живееше и царуваше.

Дојде и измислената Византија со Македонските цареви Јустинијан и Константин. Бришеа создаваат Словени вакви онакви те незнам карпатски, и што се не, џабе Македонија живееше и во тој црн Среден век на Богомилите првоборците и крстоносците и апашите од цел источен и западен свет.

Дојде и Отоманското петвековно владеење. Македонија беше трговски центар раскрсница на богатство од свила, афион и што уште не од Солун до Скопје. Главен крвоток! Како и во оној пат на Марко Поло во патот на свилата.

Македонија преживеа и се бореше на Мечкин Камен на Илинден!

Дојде и Кралството на СХС на Балканот Македонија пазете едно, без името Македонија во тоа т.н. од западот и Истокот (Русија) КРАЛСТВО! Пропадна ли? Да пропадна фалсификат без оргиналот не бива кралице мила. И Македонија го продолжи храбро својот пат. Ја разпарчија 1913 та и војуваа во две Светски Војни за УМ!!! Македонија преживеа и во оние 50 години комунизам и социјализам и марксизам и што се не во Југославија.

Дојде и 1991 Денот на НЕЗАВИСНОСТА со следниве 28 години за нас Македонија, Република за дел од светот, за дел ФИРОМ. Македонија ја дозна цел свет повторно и повторно ЖИВА е стопанката нивна, живи се Македончиштава. Референдумот на Кирца, Бране,Љупче,Гујо, Мице, Шеќерка и Зоќе ПРОПАДНА!!! Македонија КАЖА НЕ ЗА СЕВЕР, ЗА ЕВРОПА И НАТО. Македонија Жива е и ќе го преживее ова тешко премрежје. Ех ама каде е Рим? Каде е Византија и Отоманското Царство? Каде е Крaлството на СХС? Каде е Југославија? Каде ќе биде Европата и НАТО нека се подзамислат. Ги нема зошточ затоа што без МАКЕДОНИЈА ЦЕЛА ДА Е НЕМА СРЕЌА ЗА СВЕТСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Со лажна историја и крадено богатство нема амин. Овој што ќе дојде по Зоќе ова што го напишав вели Нострадамус ќе го цени и ќе го знае.

Ајде живи и здрави да бидеме да дочекаме што поскоро и тоа чудо да го видиме. Велат пророците ќе се кршат копја во една држава на југот, ами се кршеа отсекогаш оти еднаш ќе престанат да бришат!

На името си искам, ќе рече баба Ванѓа, бог да ја прости. Јас си имам пасош и на него пишува Македонка.

И на крај запомнете каде и да одите, каде и да живеете МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕ ДА ЈА НОСИТЕ ОТИ ЖИВА Е И ЖИВОТ ДАВА СЕКОМУ КОЈ ЈА САКА, И ВЕРУВА И ЧУВА.

АМИН.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.