Среда, 21 Октомври 2020   
Гоце Делчев е личност непожелна за прилепскиот градоначалник

1 rubin jovanoski

Градот херој Прилеп и оваа година достоинствено и со строги здравствени протоколи поради пандемијата од корона вирусот Ковид 19 го одбележа 11-ти Октомври - денот на македонското револуционерно востание и каде точно во револуционерните градови Прилеп и Куманово пукнба првата пушка против бугарскиот окупатор.

Со голем пиетет за загинатите 650 борци на паркот на револуцијата Могила во Прилеп, свежо цвеќе положија Никола Димитров од извршната власт, градоначалникот Илија Јованоски од локалната власт, прилепските пратеници во законодавниот дом, здруженијата, политички партии и граѓани на општина Прилеп.

Оваа година поради здравствените протоколи не се одржа традиционалниот огномет.

Во говорот кој го одржа градоначалникот Илија Јованоски не беше никаде споменат партизанскиот одред Гоце Делчев кој го нападна участакот во градот под Марковите Кули.

Сигурно нарцисоидната личност Илија Јованоски има добиено инструкции и сигурно напишан говор од централата на Бихачка по повод големиот празник 11-ти Октомври во неговиот роден град Прилеп.

Во овие моменти Илија Јованоски треба под хитно да ја запре градежната инфраструктура каде на “ангро“ се перат пари, и истите финансиски средства да бидат пренаменети во борбата против корона вирусот.

Инфективното прилепско одделение е максимално исполнето  и час поскоро мора да биде направена монтажната болница каде треба истата да биде лоцирана во кругот на ЈЗУ Општа болница Борка Талески.

Во овие вонредни околности не треба да се промовира изградбата на спортско - рекреативниот центар во близина на вештачкото езеро.

Само како илустрација не е пуштен сеуште во употреба градскиот стадион Гоце Делчев кој беше и во изборната кампања на Илија Јованоски.

Иронијата да биде уште поголема градскиот стадион го носи токму името на Гоце Делчев.

Дали треба локалната самоуправа поради спорот со Република Бугарија да го смени и името на градската арена во Прилеп.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски од Прилеп

Новина и довчерашен одбојкарски судија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.