Недела, 23 Октомври 2022   
Македонската револуционерна борба не е завршена!

1abСвекрва 

СДС во иднина ќе им го препуштат и 23 октомври на Бугарија

Македонската револуционерна борба не е завршена!

На 23 октомври се празнува Денот на македонската револуционерна борба. Тој е државен празник кој се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На тој ден во 1893 година во Солун, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, во конспирација шестмина млади Македонците ги постават основите на борбата на македонскиот народ за слобода. Основоположници на Македонскиот револуционерен комитет биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.      

1osnovacite-na-vmro

Формирањето на Македонската револуционерна организација бил почеток на организираната борба на македонскиот народ за формирање на македонска држава. Македонскиот народ без помош од надвор, преку Илинден 1903 кога е формирана Крушевската република и потоа преку АСНОМ  1944 година создаде современа македонска држава и повеќе од четири децении егзистирапе во југословенската федерација. На 8 септември 1991 година, македонскиот народ  го поврати својот суверенитет, продолжувајќи самостојно на патот на евроинтеграциите.  

Иако, 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба, кој се слави од 2007 година, го симболизира континуитетот на македонската борба за независност, социјалдемократите беа против истиот да се слави како државен празник, бидејќи тој се поврзува со ВМРО-ДПМНЕ како наследничка на Македонската револуционерна организација ВМРО. 

Но, не само што социјалдемократите имаат против славењето на овој датум како државен празник, тие по доаѓањето на власт по парламентарните избори кон крајот на 2016 година, буквално ги распродаваат националните интерси. Сите потребни атрибути кои ја сочинуваа македонската држава тие ги уништуваат наводно поради евроатланските интеграции.

Под притидок на Грција, СДС го смени името на државата во 2018 година, иако на референдумот одржан на 30 септември истата година не добија согласност од македонскиот народ. Сега на Бугарите им ја распродаваат историјата и македонските дејци како на пример Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба. 

Како што тргнале, социјалдемократите во иднина ќе им го препуштат и 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба на Бугарите, со оглед дека по распродажбата на историјата нема да има што да се слави и поради тоа што многумина од нив сметаат дека тоа е празник во служба на големобугарската идеја. 

Поради се ова што се случува борбата на македонскиот народ за место под европското сонце  никогаш не престанала. Таа продолжува и денес во 21 век, кога се навршуваат 129 години од формирањето на Македонската револуционерна организација. Денес македонскиот народ се бори да го сочува своето име, својот идентитет и јазик, а со тоа и македонската држава.

Ако борбата за создавње на независна македонска држава во 19 век ја започна Македонската револуционерна организација, денес борбата за зачувување на македонста држава ја продолжува ВМРО-ДПМНЕ зад кој стојат најголемиот број на македонски интелектуалци,  мнозинството од македонскиот народ, како и останатите заедници во земјата.

Македонската револуционерна борба не е завршена. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.