|
|
Македонија ги живее своите магарешки години |
Свекрва
Недораснатата и недозреаната македонска политичка елита со своите мечтаења за брзи евроатлански интеграции не внесе во немирни води, во кои на коцка се ставени луѓето и државата. Наместо пари за борба против ковид 19, се даваат пари за обука на магариња и фризерници и се склучуваат договори на штета на нациналните интереси. По Преспанскиот и Договорот за доброседство со Бугарија, се најавува уште еден договор со нив кој би бил повторно на штета на македонскиот народ. Власта без да го праша народот склучува договори со кои го менува името, ја ревидира историјата без да ја слуша научната фела, ги распродава македонските дејци, јазикот и го менува идентитетот на македонскиот народ. А народ без историја, без корени, ќе ја изгуби и територијата без разлика дали тој бил во НАТО или ЕУ. Во последните три децении од осамостојувањето, ние се повеќе ја губиме државата. Секоја власт повеќе или помалку има вина. Сепак најголема вина ја имаат социјалдемократите кои најпрво со прифаќањето на референцата ПЈРМ, па со промената на знамето и во подледно време со договорите со соседите ги срушија столбовите на кои е изградена македонската држава. Едноставно во последните три години тие удрија по темелите на државата. Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година изгледа не им е доволен на соседите, па под закана за вето за ЕУ, тој ќе се допрецизира со анекс. Од власта изјавуваат „дека работни групи од Македонија и од Бугарија секојдневно работат на надминување на разликите во врска со примената на договорот“. Тие со ова очекуваат Македонија до крајот на годината да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а Бугарија да не го блокира процесот. Сепак Бугарија има многу чуствителни барања од Македонците., како барањето да се признае дека Гоце Делчев е Бугарин и да се брише од македонските споменици дек Бугарија била фашистички окупатор во Македонија за време на Втората светска војна. Дури бугарските политичари даваат несоодветни и контраверзни изјави што не доликува на една соседна, пријателска и братска земја. Така тие велат дека до декември да се остранат спомениците во Македонија кои ги навредуваат нивните чуства и имаат бугарски корени и ако треба ќе испратат инжинериски полк да ги сруши истите. Никоја не го окривува бугарскиот народ за она што бугаската влада го направила за време на Втората светска војна. Но зарем некој мисли дека со декрет и со остранување на спомениците може да се заборави дека тие биле на страната на фашистичката оска и одговорни за холокаустот на Евреите во земјата и др. И наместо да се извинат за се што направиле тогашните власти, денес соседите бараат ние да заборавиме нешто што со ниеден декрет не може да се заборави. Сеуште има живи сведоци од тој период или нивни потомци, кои ги чуствуваат последиците на злосторствата извршени во тој период. За барањето да се признае дека Гоце Делчев бил Бугарин, затоа што се школувал и учителствувал во егзархиско училиште, се поставува прашање што се оние кои прво биле патријаршисти, па егзархисти и на крај по балканските војни морале да одат во српска црква и да ги сменат презимињата на иќ. Според ова, секој има право да ги присвојува. Едни ќе викаат дека е Бугарин, други Грк, а трети Србин. Дека ништо со сила не се постигнува најдобро говори еден разговор со постари мештани кој се водеше во седумдесетите години на минатиот век во бугарското село Равда, во близина на Несебар, Бугарија. Додека се шетавме покрај обалата, неколку мештани седнати пред портите не прашаа од каде сме. Ние рековме од Македонија, а тие ни одговорија: „И ние сме Македонци, од Егејскиот дел на Македонија. Овде сме дојдени по размената со Грција по Првата светска војна.“. Едноставно и по толку години, Бугарија не успеа нив да ги асимилира. Никој не може Македонецот да го скрши, без разлика што пишува. А овие магарешки години ќе поминат, политичарите конечно ќе созреат, но магарешкиот инает ќе остане. За инает на сите Македонецот нема така лесно да се предаде. Еднаш Македонец, засекогаш Македонец. АМИН! |