Среда, 28 Октомври 2020   
Нема време за чекање во борбата против Ковид 19

1 rubin jovanoski

Епидемиолошката состојба во последниве неколку денови од тековниов месец починаа голем број на лица со симптоми и клиничка слика со Ковид 19, а исто така, голем е бројот и на заразени пациенти ја надминува бројката од 4 цифрени броеви.

За разлика од другите земји и посебно од западниот Балкан со превземените драконски мерки за побрзо сузбивање на смртоносниот вирус (Ковид 19) кај нас законодавниот дом со не многу големи мерки, и тоа носење на маски, дистанца, затворање на одредени субјекти каде се собираат млади по 23 часот, не се превземаат нови мерки. Предлог одлуката на законот од страна на комисијата за заразни болести и министерството за здравство експресно помина на владата и истиот требаше во најкус можен рок да се достави до народните избраници. Тоа е направено, но, сега првиот парламентарец Џафери тактизира од причини што нема просто мнозинство, од причини што има многу заразени пратеници и од власта и од опозицијата од корона вирусот (Ковид 19).

Со цел, за брза постапка се вклучи и опозиционата партија ВМРО ДПМНЕ каде ќе гласа “ЗА“ за овој предлог.

Во оваа прилика се прашувам која е улогата на врховниот командант на вооружените сили  на АРМ, претседателот Стево Пендаровски

Значи во конкретинот случај Стево - Стевче Пендаровски има само парадна функција и така лаконски ја “чека“ платата на први во месецот.

Пендаровски можеше да прогласува 4 вонредни состојби пред вонредните парламентарни избори  со техничката влада на чело со Оливер Спасовски. Во тие мигови со уредба на техничката влада Пендаровски прогласи 5-та по ред вонредна состојба.

Само како илустрација последната вонредна состојба од негова страна беше политички прогласена со цел за договор за датумот на вонредните парламентарни избори.

Во последните неколку денови експертите по епидемиологија нагласуваа дека веднаш мора “без чекање“ да се превземат по радикални мерки со цел сузбивање на Ковид 19.

Само да се потсетиме дека инфективните одделенија се преполни во буквална смисла на зборот нема слободен кревет. Во план е повторно  активирање на ковид центарот ГОБ 8-ми Септември болницата во Козле.

Во оваа прилика да нагласам дека во мојот роден град Прилеп во план е активирање за Ковид 19 на одделението за уво нос и грло исто така во план е кативирање на модулаторна болница која ќе биде сместена веднаш до инфективното одделение.

Состојбата на другите инфективни одделенија во нашата земја и УК за инфективни болести и фебрални состојби не е розова.

Во оваа прилика да нагласам дека и медицинскиот кадар е физички и психички преоптеретен.

Овде Министерството за здравство на чело со Филипче и Караџовски на чело на комисијата за заразни болести треба да побараат помош и од пензионирани личности облечени во бела униформа.

Во овие тешки услови со Ковид 19 треба час поскоро да се донесе во законодавниот дом предлог на мерки  на Министерството за здравство  и Комисијата за фебрилни состојби.

Во оваа прилика само една мала ретроспектива.

Во кинескиот град Вухан  каде првин се појави Ковид 19 каде беше веднаш активирана војстата и воедно и изградена болница за Ковид 19 за само 10 дена.

Нашите надлежни институции на чело со МВР собираат “арач - глоба“ од обичниот граѓанин кои не носат маски на отворен простор.

Само како илустрација дневно се собираат и по 1000 ЕУР. Дај боже овие средства да одат наменски на право место.

На крајот нека има и промени во уставот за надлежностите на “Стевче“. Во споротивно нашата земја ќе биде на црн биланс во целиот свет во борбата против Ковид 19.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.