|
|
Игор Јанев: Драга проф. Гордана Сиљановска, |
Игор Јанев: Драга проф. Гордана Сиљановска, Мое мислење е дека македонските научници, посебно историчари и членови на Комисијата која преговара со Бугарија се вовлечени во една дипломатска игра која далеко надминава една научна дискусија и некаква "научна вистината". Цел на Комисијата е да направи мегународен договор или Анекс на постоечкиот Договор со (квази) научна покриеност т.е. основа за правен инструмент во функција на асимилација. Со Бугарската Спогодба, Македонија прифати да се наога во (непостојечки) спор со Бугарија. Имајќи во предвид дека ЕУ не увезува спорови и конфликти, бугарските барање кои формално произлегуват од Бугарската Спогодба сега се трансформирани во Европски услови. Во Евопа, никој не го интересира што е содржина на спорот, тука само прост одговор на прашање до двете страни "Дали е спорот решен?" Од ова произлегува дека Комисијата има политичко-дипломатски карактер, дека не се бара некоја научна вистина, туку се работи за политички услови и решение кое мора целосно да биде во согласност со интересите и произволните желби на Бугарија. Потпискик од македонска страна на Бугарската Спогодба мораше да биде запознаен со правните и политички аспекти и последици од една таква Спогодба. Во право е познато уште од античкиот период дека непостои договор што не може да се раскине. “Вечна клаузула”, по правило, сугерира дека нешто во договорот е нелегално. Секои “идентитетски договор” може еднострано да се раскине. Еве пример, бугарскиот договор со Тито, беше еднострано раскинат од Бугарија бидејки “не беше во согласност со бугарските интереси” (Договор мегу СФРЈ и Бугарија). Исто така, секој “идентитетски договор”, имајки предвид фактот дека е спротивен на императивната норма или ius cogens (вроденото право на индентитет) може да се раскине еднострано, согласно членот 53 од Виенската конвенција за договорното право, според кои договори спротивни со имепративна норма се од стартот неважечки. Според истата конвенција може да се направи истото укинување и со НЕПРИМЕНЛИВИ ДОГОВОРИ, какви што се Бугарскиот договор кои е асимилаторси иПреспанскиот договор (негаторски инструмент). Покрај член 53. од Конвенцијата, како што укажа и проф. Френсис Бојл, основ за раскин е и членот 46 од Конвенција, бидејки се работи за очигледно кршење на домашните процедури, које беше познато и на друга страна (Изјавата на Каменос во врска со промени во уставот). Целиот Договор од Преспа е иначе базиран на нелегална Рез. 817. на ОН од 1993, во која се содржани дополнителните услови за прием во ООН, спротивно на Советоданото мислење на МСП од 1948. г.и резолуцијата со која се прифака судкиот став. Имено, во врска со Преспанскиот договор имаме и кршење на ставовите 1, 4, и 7 од членот 2. на Повелбата на ОН. Во овој контекст, имаме сите белези на нелегалноста, вклучувајки и склучување договор во заблуда или на превара. Што се однесува на Бугарските уцени, треба да се примети дека ваквото условување е резултат на нашата дадена согласност со потпис на Бугарскиот договор. Со овој договор Бугарија доби основ за “спор” и решавање “спорни прашања”, бидејки ние се согласивме сами (со потпис и ратификација) дека спорот постои и дека треба да се реши. За ЕУ е битно да не увезува конфликти и таа не се бави со пририода на спорот, туку само констатира дека спорот е решен или не е решен. Така Бугарските уцени станаа УСЛОВИ НА ЕУ, односно добивме безизлезна ситуација (проблем без решение) од која може да се излезе само со еднострано дипломатски раскинување на Бугаркста спогодба. Ке потсетам дека со овој документ е формирана Бугарско-Македонска комисија, и правниот основ за оваа комисија е овој договор. Но, историчари за жал не разбираат дека ово не е просто Комисија “за историја”, туку е диплматска (политичка) комисија за ПРОМЕНА на историја. Ваква комисија не е некое тело на научна конференција или заедничка научна комисија во потрага за истина. Оваа комисија има диплматски карактер, и доколку луге во таа комисија имале потребно знаење од дипломатијата и дипломатскиот “бон тон” тие не би ниту седеле во таквата комисија. Имено, крајната цел е да се постигне со помош на комисијата идентитетскиот компромис, односно “идентитетскиот договор”, а ваков договор е спротивен на јавен морал, достоиството и императивните правни норми. Во оваа смила, единствен лек за Бугарскиот обид за асимилација е еднострано дипломатски раскинување на Бугарскиот договор. А ова се конкретно прави на ист начин како што Бугаријс раскина договор со Тито, односно раскин може да биде и без образложение, те. повикувајки се на суверената воља на државата (при склучување или раскинување договори). Со почит, Игор |