Среда, 04 Ноември 2020   
Апсурдни барањета на Бугарија за признавање на бугарските корени на Македонците!

1svekrvaСвекрва

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека Бугарија ќе стави вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија ако Македонците не признаат дека нивниот идентитет и јазик имаат бугарски корени.

Во отсуство на официјален одговор од македонските власти се огласи Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, кои најостро ја осудија злоупотребата на функцијата за потценување на Македонците и уценувањето со правото на вето на Бугарија во ЕУ.  

Заканите од Бугарија со вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија доколку Македонците не ги прифатат бугарските корени, покрај македонскиот народ ги предизвика и европските политичари кои реагираат на неевропското однесување на Бугарија.

Така на пример хрватската пратеничка Маријана Петир, која долги години беше пратеничка во Европскиот Парламент  и важи за голем пријател на Македонија, ќе изјави дека „Македонија има свој јазик и свој идентитет“ и дека „би било добро конечно да дојде крај на уцените и притисоците кон Македонија“.

Меѓудругите, на заканите на Захариева кон Македонија, реагираше и Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност. Тој во својот коментар ќе напише: „Замислете Германија да инсистира дека Австрија треба да признае германските корени, заканувајќи се со тензии ако не го направи тоа!  Замислете Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“.

Бугарското барање е апсурдно како што би било апсурдно доколку Македонците побараат од Бугарите да признаат дека имаат македонски корени и идентитет, ако Бугарија сака да остане во ЕУ. Ова иако кажано на мајтап има повеќе логика, отколку нивното барање.

Имено, ако погледнеме низ историјата ќе видиме дека уште за време на античка Македонија,  македонски кралеви (Филип, Александар Македонски, Лисимах и др.) владееле со делови од територијата на Бугарија.

Од друга страна, по пропаста на македонската држава и доаѓањето на Рим,  по освојувањето на Балканот, римската граница на Дунав била долга околу 1.000 километри, а на самата граница биле распоредени 12 легии и уште 125 посебни единици со повеќе од 100.000 војници. Некои од овие легии кои се стационирани по течението на реката Дунав се до устието во Црно Море го носат името на провинцијата Македонија, а голем дел од војниците се регрутирани од римската провинција Македонија.

Овие македонски војници како за време на Македонската империја, така и за време на Римската оставиле свои корени на територијата на Бугарија. Исто така и за време на владеењето на македонската династија со Византија, Само нека се погледнат картите од тој период па ќе ви стане јасно за македонските корени на бугарска земја!!!?.

Според хрониките, на 22 јуни 813-та година, по победата над византиската војска кај Версиникеја, бугарскиот хан Крум го освоил градот Адријанопол (Одрин). Бугарскиот хан заробил 10 000 души, вклучувајќи жени и деца. Меѓу заробените бил и идниот византиски цар Василиј I Македонец, кој бил годиначе и неговите родители. Бугарскиот хан Крум ги носи заробените македонски семејства, со се покуќнина, на север од реката Дунав, близу нејзината утока во Црно Море, па се до реката Серет и Днестар. Таму Македонците добиле воен распоред со посебни задолженија за одбрана на североисточната граница на Бугарската држава. Новата татковина каде што биле населени десетте илјади Македонци го добила името Македонија, а самите заробеници се нарекувале „Македонци", по името на родното место од темата Македонија. Иако по повеќе од две децении тие се вратиле во својата земја, тие како и војниците од македонските легии на римската војска оставиле дел од корените кај Бугарите.

Исто така, од документите може да се види дека кон крајот на XII век во Унгарија под Македонија се разбирала и територијата од Дунав до Црно Море. Меѓутоа она што е најзначајно е дека јасно разграничување меѓу граѓаните Бугари и Македонци (Сives Bulgarorum et Macedonum), што не води кон тоа дека Самоиловото царство кое се простирало од Дунав до Црно Море било Македонско. 

За Кирил и Методи и да не зборуваме. Тие се родени во Солун, Егејскиот дел од Македонија. За нивните ученици Кирил и Наум точното место на раѓање не е познато, но неможат само туку така да им се препишат на бугарската историографија, кога своето најплодно дејание им е во Македонија. Па да не беа македонските учители од Солун и нивните ученици, целото славјанство немаше да може да се образува на мајчин јазик и ќе тонеше во мракот на незнаењето.

Кога веќе зборуваме треба да се спомене и за влијанието на Охридската архиепископија на Балканот и пошироко, тогаш по ранг пред останатите славјански цркви како што се бугарската и српската. Македонските духовни дејци ги поставија темелите на Српската и Романската црква.

А да не зборуваме за влијанието на македонските дејци и револуционери во 19 век во борбата црковна слобода и ослободување од турското ропство. Нека се сетат бугарските историчари дека многумина од нив, за да се разликуваат од тамошните се нарекуваат Македонски.

Не смееме да заборавиме дека голем број Македонци поради печалба или бегајќи од зулумот на турските власти, особено во 19 и почетокот на 20 век својот спас го нашле во Бугарија. Овој број се зголемува по Илинденското востание и Балканските војни, за да на крај по санкционирањето на поделбата на Македонија по Првата светска војна да достигне кулминација со размана  на население со Грција.

Денес во Бугарија Македонците не се признати. Сепак  се смета дека во Бугарија, има над два милиони потомци на Македонците, кои од економски или политички причини дошле во оваа земја. Тоа е речиси една третина од целокупното население. Отука, ако не се признаваме и се мајтапиме. Бугарите треба да ги признаат македонските корени на нивниот јазик и идентитет,

Ваквиот став во денешно време е апсурден како што е апсурдно и  барањето на бугарските власти. Отука наместо закани, дозволете како две братски земји мирно да одиме по патот на пријателството и сојузништвото во ЕУ.  И како што вели Петир: „би било добро конечно да дојде крај на уцените и притисоците кон Македонија“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.