|
|
Александар Џеповски: Дали со вето преку ноќ може да станеме од Македонци во Бугари? |
Александар Џеповски: Дали со вето преку ноќ може да станеме од Македонци во Бугари?
Само во празните лејки на Каракачанов, Борисоров и откажаната Македонка Захариева е можно вакво сценарио и илузија.
Како им било на нашите предци на крајот од 19 и почетокот на 20 век можеме да замислиме сега преку Преспанскиот договор и овој „добрососедски“ со Бугарите.
Едно е нејасно за целиот нормален свет - како со вето некого да го негираш и да тераш да се чуствува она што го тера на повраќање од самата помисла?
Има мал број на Македонци кои земаат бугарски пасош за печалба низ ЕУ и голем број кои не сакаат ни името Бугарија да го слушнат ни за 100 тони злато.
Дали се свесни Бугарите дека со уцени никој не променил мислење што е по националност и дали е во заблуда па благодарение на ветото или уцена, конечно да "осознае" кој е и што е. Оваа шизофренија дури ни Хитлер не ја практикувал па ниту ја помислувал.
Колку Европа е демократска и практична во своите принципиелности и вредности може да се види во примерот со Македонија. Но колку губи Европа со својата подршка кон Бугарија и Грција, не може да разбере дека тоа е самоубиство и е мета на најновите терористички акции во нејзиниот двор.
Која е таа сила и моќ што може Македонците да ги натера преку вето да станат Бугари?
Ова се повторува последниве сто и кусур години кога Македонија преку Балкански војни, окупации и две светски војни едноставно е без име и види чудо, воскрснува секој пат. Затоа, редно е да разберат сите негатори и душмани со блудницата Европа дека Македонија никогаш нема да поклекне и да дозволи триста вета да ја уништат.
НО НАСКОРО ИМА ДА СЕ ДОЗНАЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ ИМА ВО БУГАРИЈА. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И НИКОГАШ СЕВЕРНА, АМАН ОД КУМОВИТЕ.
АМИН !!!
|