Среда, 04 Ноември 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 91
1martin1
НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТА НА "ПРИНЦИПИЕЛНАТА" EУ
 
1. Европската Унија е на распетие. Не "ладен", туку екстремно "врел туш" што им приреди Обединетото Кралство со "брегзитот", а сега овој ексклузивен клуб со седиште во Брисел се соочува со предизвик којшто дирекно ги загрозува неговите темели. А тоа е бугарското уценување на почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ!
 
    Замислена како мировен проект од Атлантикот до Урал во  - од војната разрушената Европа, реалноста покажа дека на стариот континент некои региони се сеуште ментално со паметот во 19от век, во векот на војни и освојувања, распад на големи империи и создавање на бројни нации, како и тежненија на други нации за остварување на нивнте вековни соништа.
 
   Но татковците на идејата за обединета Европа, Роберт Шуман, Конрад Аденауер, Шарл де Гол и други, чиј зародиш беше Заедницата за челик, во својот паневропски занес не можеа ни на сон да претпостават дека таму долу, на Балканот, нивните идеи за помирување, толеранција, меѓусебна почит и соработка се практично фатаморгана (?), бидејки некои земји од тој регион, патем некритички, незаслужено и прерано примени во тоа ексклузивно друштво заради некакви сојузништва и партнерства од порано, сеуште се со мислите и ставовите во ерата на освојувањата, грабежите и присвојувањата на туѓи вредности, територии, културни и духовни наследства.
 
   Конкретно мислам на однесувањето на една Бугарија, со актуелно раководство чиј ум е сеуште во ерата на диктаторот Тодор Живков, земја која и денес е лидер во ЕУ по корупција и непочитување на човековите порава на малцинствата но, (ова е за рубриката: "да веруваш - или да не веруваш") како членка во ЕУ и заради фамозниот консензус во одлучувањето, истата таа Бугарија е во позиција да не условува нас со нејзините СанСтефановски соништа, со барања што се вон здрава памет за мнозинството од членките во Унијата. А за критериумите и високите стандарди на ЕУ и да не зборуваме.
 
   Како што наближува крајот на германското претседателство со Унијата, се поинтензивни се отворените закани на Бугарија дека ќе го блокира почетокот на преговорите за членство со Република Македонија, доколку нашата земја не ги прифати бугарските ставови за македонскиот јазик, наводното непостоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија (А што стана со над 170 илјади Македонци колку што се декларираа во пописот од 1957 година!?); со негирањето дека извршија злосторства во РМ како фашистички окупатори во Втората светска војна; со барањата за бришење на написите на спомениците, музеите во РМ и сл.
 
    Неспорно е дека германската дипломатија прави сериозни напори да влијае на промена на бугарскиот став со што ќе се овозможи почеток на преговорите за членство на РМ во ЕУ и би се крунисало германското претседавање со Унијата. Но последните пораки што пристигнуваат од Берлин предуредуваат: германската дипломатија во еден период инсистираше на ставот дека проблемите на нашата земја со бугарските уцени биле "билатерално прашање"  и засегнатите страни требало "сами" да ги надминат недоразбирањата!? Тоа укажуваше дека оваа земја за која почитувањето на принципите се алфа и омега на нејзината политика, дека одстапува од тие принципи во полза на земја (Бугарија) нејзин илјадагодишен партнер и сојузник, на сметка на земја- кандидат за членство (Македонија)!
  
   Во меѓувреме, званичен Берлин еволуираше во своите ставови па ги повика бугарската МНР Захариева и македонските министри Османи и Димитров со германско медиаторство да се обидат да најдат некаков компромис за да се избегне бугарската блокада на македонскиот поход кон членство во ЕУ.

   Колку за потсетување: токму Германија беше факторот што пресуди во спорот помеѓу Словенија и Хрватска за територијалната расправа за Пиранскиот залив! Словенија, која категорички го условуваше Хрватското членство во ЕУ со прифаќање на словенечките позиции, беше силно притисната од Германија тој проблем да се реши билатерално, меѓу двете земји, но и до ден денешен, после толку арбитражи и судски пресуди не е решен, но Хрватска постана членка на ЕУ.
 
    Да се надеваме дека Германија нема да не остави на цедило и во канџите на современиот бугарски национал-фашизам (не знам како на друг начин да ја дефинирам актуелната бугарска политика кон Република Македонија). Педантна каква што е, не верувам дека Германија не ги знае до најмалите детали сите аспекти на бугарската политика кон Македонија којашто покојниот М-р Драган Ташковски ја нарекуваше "културен паразитизам", бидејки од создавањето на кнежевството Бугарија и откога царска Русија им направи држава, нивна (бугарска) главна преокупација беше, а гледаме од нивното однесување и сеуште е: крадење и присвојување на македонските вредности, ликови и настани и нивно прикажување како да се "бугарски".
 
2. Бугарските позиции и алчност кон се што е македонско на наше задоволство не ги подржува ниту еден амбасадор на земјите членки во ЕУ, но од особено значење е што осуда на бугарските ставови е почеста и на страниците на угледни и многу влијателни весници. Така на пример, водечкиот Франкфуртер алгеманјне цајтунг (ФАЦ) констатира дека: Барањата на Софија за Скопје не му припаѓаат на 21 век и додава дека во Брисел се води спор што може да има сериозни последици за иднината на проширувањето на ЕУ! ФАЦ информира дека дека „Бугарскиот амбасадор во ЕУ веќе двапати им одржувал емотивни беседи на своите колеги за фактот дека преговорите за пристапување во ЕУ со Република Северна Македонија, кои требаше да започнат за време на германското претседателство, можат да започнат само откако земјата ќе ги исполни посебните услови на Бугарија. Во суштина, Софија бара Македонците да признаат дека всушност биле Бугари и дека зборувале бугарски јазик, пред да станат независна нација преку еден процес на историско фалсификување!? Во кругот на амбасадорите на ЕУ, настапите на бугарскиот амбасадор наидоа на неразбирање и чудење. Никој не му се приклучи, ни Грците, ниту Французите или Холанѓаните, кои пред една година го блокираа почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија (и Албанија)“, заклучува ФАЦ.
 
    Според франкфуртскиот дневник - еден од највлијателните дневни весници во Германија, во Брисел сега се чудат зошто Бугарија не ги изразила овие забелешки уште во 2018 година, кога се решаваше спорот за името меѓу Македонија и Грција и во ниту еден случај не сакаат да го оптоварат пристапниот процес на земјите од Западниот Балкан со идентитетски прашања. „Во сите шест земји на Западниот Балкан кон бугарската политика се гледа со загриженост. Доколку во иднина сите земји-членки посакаат да им го наметнат својот поглед на историјата на земјите-кандидати, проширувањето ќе стане невозможно, затоа што и меѓу други земји во регионот постојат противречни историски наративи“, заклучува Франкфуртер алгемајне цајтунг.
 
    Кон осудите на Бугарија се приклучува со свој коментар и поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт - кој го искажа својот став дека: Со наметнување „историски вистини“ се кочи и се пролонгира европската иднина на Балканот!!! Според Билт: "Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации"!
 
3. Пријателсска Австрија доживеа невиден шок: На шест локации во Виена се случија терористички напади во кои загинаа неколку терористи и австриски граѓани, но и еден полицаец. На наше големо изненадување и осуда, еден од терористите, според податоците од австриската полиција, бил по потекло од Македонија!?
 
    Сосема природно се наметнува прашањето: Зошто Виена и зошто Австрија??? Истрагата со сигурност ќе даде одговор на овие прашања но, колку за потсетување: Виена е седиште на ОБСЕ, бројни агемции на ООН и на десетици други меѓународни организации (Во Виена има илјадници лица со дипломатски статус!).
 
   Од друга страна, Австрија беше категорична против неконтролираниот наплив на бегалци и азиланти во текот на бегалската криза, за разлика од Меркеловата Германија и можеби тука треба да се бараат мотивите за овој до сега невиден излив на насилие на улиците на прекрасната Виена!? 
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ. Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.