|
|
Бугарија е опседната со Македонија уште од времето на Санстефанскиот договор |
Свекрва
Бугарија повторно на погрешната страна. Поради економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, во светот е зголемен ризикот од конфликти. Всушност зголемувањето на регионалните тензии и погрешните проценки можат да доведат до широк конфликт. Во тој контекст мора да се посочи дека Бугарија со своите апсурдни барања за бугарските корени на Македонците и закани за вето за македонските евроинтеграции ги зголемува тензиите и можностите од конфликт во регионот. Не би било првпат во историјата заради Македонија повторно да се кршат копјата. Бугарија неодамна ги оствари своите закани и го стави своето прво вето на македонските евроинтеграции на амбасадорско ниво во Брисел. Како причина се наведени историските и идентитетските прашања, дека Македонците имаат бугарски корени и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, кои Македонија не ги прифаќа бидејќи истите во прашање ја доведуваат македонската држава, Македонците како народ и македонскиот јазик. Иако барањето е апсурдно во 21 век и тоа е неразбирливо за останатите членки на ЕУ, сепак Бугарија опстојува на своите закани, барајќи ги причините во историското минатото. Сепак, во голем дел причина за ваквото однесување се и сегашните проблеми со кои се соочува Бугарија. Бугарија е опседната со Македонија уште од времето на Санстефанскиот договор. Со овој договор, кој е потпишан на 3 март 1878 година, по Руско-турската војна (1877 - 1878), Бугарија се воспостави како независна држава и кон неа бил даден голем дел од територијата на Македонија. Подоцна со Берлинскиот договор (13 јуни – јули 1878), била извршена ревизија на Санстефанскиот договор, со кој Македонија останала во рамките на Отоманската империја. Оттигаш, Бугарија никако не може да го преболи поништувањето на Санстефанскиот договор и одземањето на територијата на Македонија со што била попречена преку пристаништата Солун и Кавала таа да има излез на Егејското Море и Средоземјето. Поради својата опсесија со Македонија и воспоставување повторно на Санстефанска Бугарија, источниот сосед влезе во неколку војни: Првата и Втората Балканска војна, потоа Првата и Втората светска војна. Но секогаш поради лошо одбрани страни остануваше со кратки ракави. Македонија по Балканските војни беше поделена и потоа остана распарчена. Бугарија со Букурешкиот мировен договор во 1913 година ја доби Пиринска Македонија, но не успеа да добие излез на Егејско море. Дека тагата за Санстефанска Бугарија. која ја формира Русија заради излез на Средоземјето, во Софија трае и ден денес, може да се види по тоа што денот на потпишувањето на Санстефанскиот договор, Бугарија го слави како национален ден на ослободувањето. Меѓутоа, и покрај сите напори на бугарската пропаганда за асимилација на Македонците, кој интензивно трае повеќе од еден век, тоа не ум успева, дури и во Пиринскиот дел на Македонија. Ова што се случува денес се последните напори на Софиските романтичари, националисти и шовинисти, за уништување на македонската држава и возобновување на Санстефанска Бугарија. Но, меѓудругото подгревањето на национал-романтизмот кај бугарскиот народ денес има за цел да се прикријат проблемите со кои се соочува Бугарија. Како и во сите земји на Балканот и таму царува мафијата и корупцијата. Поради тоа Бугарија е во длабока политичка криза. Постои судир помеѓу премиерот Бојко Борисов и претседателот Румен Радев, како и протести против неефикасната и корумпирана власт и судството. Ако се има во предвид дека Бугарија е една од најсиромашните членки на ЕУ и истовремено намногу издвојува за армијата, а е неспособна успешно да се справува со последиците од коронавирусот, јасно е дека власта сака да го насочи јавното мнение кон други проблеми. Едноставно, Софија ги извезува своите проблеми во регионот, конкретно во спорот со Македонија. Иако во 2017 година има потпишано „Договор за добрососедство и стратешко партнерство“, Бугарија неодамна им испрати на членките на ЕУ Меморандум со кој се бара Договорот да биде дел од преговарачката рамка и се оспорува македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет. И наместо Бугарија кој во 2004 стана членака на НАТО и во 2007 година членка на ЕУ, да биде локомотива која ќе го влече Балканот напред, таа стана кочничар. Всушност таа стана голем проблем на ЕУ кој ги зголемува тензиите во запаливиот регион. Всушност, Бугарија никогаш не го заслужи членството во ЕУ и НАТО. Наместо допринос кон подобро утре за земјата, Балканот и Европа, веднаш по евроатланската интеграција, бугарските политичари, слично на Грција, започнаа со злоупотреба на европските фондови. Покрај ова, веќе подолго време Бугарија издава државјанства и патни исправи не само на Македонците, туку и на Косово и во Албанија, а сега и на граѓаните на Србија кои наводно имаат бугарски корени. Со овие исправи граѓаните со „бугарски корени“ можат непречено да патуваат, престојуваат и работат во земјите не ЕУ. Бугарија, како што денес ја условува Македонија утре ќе ја условува и Србија при влез во ЕУ. Поради сите овие пречки ЕУ и САД мора да размислат за да најдат начин да ја смират Бугарија за да не се заканува на своите соседи или во пакет да ги прими земјите од т.н. Западен Балкан, за да не ескалираат тензиите во регионот. Пандемијата со Ковид 19 на виделина ги извади сите аномалии на постоечките власти не само во Бугарија туку и во регионот. Македонските власти предводени од социјалдемократите, неспособни да се справат со проблемите, по истата мафијашка шема ги полнат своите џепови, а ја задолжуваат земјата како Грчка. За тоа време властите во Бугарија и земјава, поради својата неспособност за справување со кризи, со предимензионирање на проблемот за идентитетот и јазикот и заканите со вето го свртуваат вниманието од горливите актуелни теми како што е пандемијата која однесе голем број животи и економската криза. Постојат сеуште шанси да се спречи бугарското однесување, бидејќи преставува внатрешен проблем во ЕУ. Во услови кога во двете земји се владее автократски, каде народот не се прашува, каде мафијата има длабоки прсти во извршната и судстката власт, единствено решение е ЕУ, па и САД да го спречат апсурдното однесување на Софија врз македонскиот народ. Секое понатамошно инсистирање на Софија за признавање на бугарските корени кај Македонците и непостоење на македонски јазик, само ги зголемува тензиите меѓу двете земји, а тоа може да предизвика конфликт и прудуцирање на нови кризи на Балканот. Такви кризи на никого не му се потребни, ни на ЕУ, ни на НАТО, освен на оние кои по секоја цена сакаат да останат на власт. |