|
|
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ: ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 92 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
ПИРОВА ПОБЕДА НА ЏО БАЈДЕН
Настан на денот во глобални рамки минатата недела (на 3-ти ноември) без сомнеж беа избори за 46-тиот претседател на САД.
Овие избори ќе бидат запаметени по досега најголемата излезeност на гласачите, но пред се и над се заради безбројните нерегуларности во изборниот процес со цел: по секоја цена победник да биде кандидатот на Демократската партија на САД, поранешниот сенатор и потпретседател Џо Бајден.
Морам да признаам: Лично воопшто не сум среќен со ваквиот резултат од изборите (што поради многу компликуваниот систем на гласање во САД, бројните констатирани нерегуларности и судските процеси што ги најави Претседателот Трамп, и не мора да биде конечен) бидејки длабоко сум уверен дека Донал Трамп ќе беше подобро решение за нас овде во регионот на Западниот Балкан и секако посебно за нас во Македонија.
Иако на Џо Бајден веќе му пристигнуваат честитки од сите страни, па дури и од опозиционата и конзервативна ВМРО-ДПМНЕ(!?), според добрите познавачи на политичките прилики во САД, на овие избори земјата која важи за "најдемократска" на планетава, заради бројните нерегуларности, се претстави како "банана држава" во која неолибералистичките структури, клановите на банкарските елити и длабоката држава ги ставија во погон сите, ама буквално сите расположиви механизми Доналд Трамп со неговите политики да не биде реизбран во Белата куќа, туку во неа да го внесат нивниот играч - 78-годишниот Џо Бајден, како најистурен експонент на драбоката држава што ја инсталираа Демократите во текот на неколкуте мандати на клановите Клинтон, Обама, Сорос и други.
Зошто не сум среќен со изборот на Џо Бајден (па нели сме стратегиски партнери со САД!?).
Пред се заради неговите изјави и најави дека во српско-косовскиот проблем отворено се става на страната на Косоварите, а можни последици од неповолниот расплет на косовско-српскиот јазол би можело да има негативни реперкусии и на нашата земја. Впрочем, тоа веќе го искусивме во бегалската криза 1999 година!!!
Од друга страна, Бајден во улогата на евентуален претседател на САД во суштина е најистурен и највлијателен фактор на длабоката држава чие сценарио во однос на Македонија (Тиранската платформа, односно Платформата на ЦИА и Стејт Департментот што лично поранешниот шеф на ЦИА Џон Бенон ја донесе во јануари 2017 во Тирана, каде преведена на албански јазик ја поделија на албанските поглавари од Македонија) сеуште не е довршена! Таа платформа е дело токму на длабоката држава што ја форсираат Демократите во САД.
Промената на името на нашата држава и нејзиниот Устав, наметнување на двојазичност, како и ревизија на нашата историја се содржини во споменатата платформа на длабоката држава. Да не ги заборавиме и наметнатите договори со Грција и Бугарија со коишто - според изјавите на македонските измеќари на длабоката држава во владеачката коалиција предводена од СДСМ, наводно сме ги решиле сите отворени прашања со соседите!?
Колку е тоа точно оставам на читателите сами да судат!?
Според некои добри познавачи на приликите, со Џо Бајден како претседател и најистурен деец на длабоката држава треба да очекуваме Орвеловски стил на владеење, не само во САД, туку и пошироко на меѓународен план!?
Следен чекор според сценариото на длабоката држава што се однесува на нас е пописот на населението (дали забележувате дека во последно време веќе никој не го ни споменува, иако од Заводот за статистика очајно апелираат дека итно треба да се донесе закон за попис за да започнат техничките подготовки!!!
Властодршците во Мк се откажаа од идејата, или се работи за некој политички маневар???). А "финалето" на тоа сценарио е бришењето на македонската нација како етнос и создавање на политичка нација, по теркот на американската!
Во многуте дебати на македонските мас-медиуми за македонско-американските односи, а во контекстот на претседателските избори во САД, во прв план доминираше констатацијата дека сме стратегиски партнери (што е точно), а соработката меѓу двете земји беше прикажана во идеализиран манир, демек скоро беспрекорна!? Но мој впечаток, базиран на долгогодишното лично и професионално искуство во новинарството, политиката и дипломатијата (особено по амбасадорувањето во НАТО) е дека македонско-американските односи се школски/антологиски пример на политиката на "стап и морков" кон нас од американска страна!
Пред се за "морковот": Неспорно е дека САД се голем донатор и еден од најзначајните трговски партнери на Република Македонија, за што сме им искрено многу благодарни. САД се исто така голем подржувач на нашата земја и на политички план, пред се за членство на Македонија во ЕУ. Благодарение на нивното залагање постанавме и членка на НАТО (по промената на името на државата и Уставот!), а сега работаат и да не разнебитат, т.е. "американизираат" и како нација)!
Кога сме кај членството на Македонија во НАТО, тогај доаѓаме до факторот "стап" во контекстот политика на "стап и морков" на САД кон нашата земја. Почетокот на оваа фаза го сметам по Самитот на НАТО во Букурешт 2008. Таму, Џорџ Буш помладиот три пати изјави дека во Алијансата се среќни дека три нови земји: Македонија, Хрватска и Албанија ќе постанат членки, иако бившата МНР на Грција Дора Бакојани во една прилика изјави дека ги известиле во Стејт Департментот година и половина (значи кон средината на 2006.) пред самитот во Букурешт дека н е м а да дадат на Скопје (така не ословуваа тогаш Грците), подршка за прием во Алијансата! Тогаш логочно се поставува прашањето: Зошто Претседателот Буш даваше такви изјави за прием на Македонија во членство на споменатиот Самит на НАТО во Букурешт и дали Стејт Департментот, т.е. неговата (Бушовата) влада воопшто не го информирала сопствениот поретседател за најавената грчка блокада!?
После фијаското на самитот во Букурешт американската администрација свати дека не ќе може да ја внесе Македонија во НАТО заради грчките блокади и го пушти во акција сценариото на длабоката држава за промена на името на земјата и нејзиниот устав и по капитулацијата во Нивице, патот за наше членство во НАТО беше отворен!
Мислам дека е слична ситуацијата со блокадите од Бугарија за почеток на разговорите за членство во ЕУ!?
За љубов на вистината не чувме некоја официјална реакција, ниту пак осуда на бугарското политичко насилие кон нас од Вашингтон, освен приватната осуда на поранешниот американски амбасадор во Софија Џејмс Пердју!
Случајно, или не, зошто отсуствуваше став од Ваингтон за проблемот што се испречи меѓу двете сојузнички во НАТО можеме само да претпоставуваме!?
|