Среда, 18 Ноември 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 93
1martin1
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
ЗА ГЕРМАНСКИОТ + ЕУ САДИЗАМ КОН РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
 
1. Makeдонската голгота за нејзино место под сонцето (во случајов се работи за членство во ЕУ), продолжува во стилот "игри без граници"!? Во моментов кога го пишувам овој текст расположението во Берлин, кој претседава со ЕУ и каде се одржува состанокот на Советот на министри за надворешни работи на нејзините членки, извесно е дека нема одлука за   к о н е ч н o   да почнат преговорите на нашата земја за членство во ЕУ!?
 
   Не по наша вина, за жал ние и понатаму остануваме во чекалната на Унијата за почетокот на преговорите а кога и дали ќе почнат - тоа е една голема непознаница! Виновници за оваа крајно непријатна ситуација ги гледам пред се во непријателскиот и фашизоиден став на Бугарија, но и крајно непринципиелното однесување во конкретниов случај на Германија.
 
   Бугарија, смета дека токму сега е моментот да не уценува и условува со нејзините СанСтефански заблуди за "еден народ во две држави", "заедничка историја", "еден јазик" и какви се не будалаштини! Кај нив преовладува занесот дека дојде за нив момеентот за реализација на нивните иредентистички соништа, се разбира доколку сакаме да се оствари нашата желба за почеток на долгиот маратон на преговори за членство. Со еден збор, нашите источни соседи, кои Зоран Заев ги нарекува "браќа" и буквално не донесоа во ситуација "земи" /она со што не условуваат за почеток на пеговори/, "или остави" /одлагање на почетокот до евентуална капитулација од наша страна и некаков компромис (!?) со нивите барања/. Или како што би рекле англичаните: Take it, or leave it!
 
   За жал, бугарското неевропско, па би рекол и примитивно, нецивилизирано однесување, несвојствено за 21от век, како да добива моментум меѓу членките во ЕУ заради фамозниот начин на одлучување со едноумието кое тие го нарекуваат консензус!?
 
   Нешто што посебно иритира во оваа ситуација е политиката на една од основачите на Европската унија и нејзин актуелен претседавач - Германија! Неспорно е дека званичен Берлин правеше големи напори своето претседателствување со ЕУ да го круниса со почетокот на преговорите за членство на Македонија и Албанија! Но, како што се приближува крајот на германскиот мандат до 31 декември оваа година, тие (ЕУ) како да го свртија листот (!) и се поотворено го подржуваат бугарскиот скандалозен, неодржлив и неприфатлив став на уцени и условувања кон нашата земја. Впрочем, тоа многу јасно може да се заклучи и од изјавата на актуелниот германски министер за надворешни работи Хајко Мас кој изјави дека:"ЕУ  м о р а (?) да ги штити интересите на Бугарија како нејзина членка". При тоа, министерот Мас нагласи: "Ако Бугарија и Македонија не најдат решение за противречностите (!), проширувањето може да запре". За членот на Бугарската академија на науките  (БАН) Спас Ташев изјавата на Хајко Мас може да се разбере како своевиден притисок на Скопје! А тоа што токму заради ваквиот крајно непринципиелен однос на ЕУ и особено на вековната сојузничка на Бугарија - Германија, се доведува во прашање и самиот опстанок на Унијата (да не го забораваме и Брегзитот, од којшто очигледно не извлекоа поука!), некој како да не го сваќа, или не сака да го свати?
 
   Дека Германија му приоѓа на проблемот со бугарската блокада на Македонија некако филозофски, прагматично, или подобро речено со однапред смислена стратегија да го успори или дури и да го спречи проширувањето на ЕУ, без да навлегува во суштината и налудничавоста на проблемите што ги наметнува бугарската страна - тотално спротивни на вредностите што ги заговара самата Унија, јасно произлегува и од ставот на канцеларката Меркел која важи за наводно голем подржувач на проширувањето. Наместо јасно да се произнесе за неодржливоста на негирањето на македонскиот јазик, иденитет и другите македонски атрибути, Меркел упати порака до Заев и Борисов дека:"Moрале да се согласуваат eдни со други, бидејки тоа било многу важно за регионот".
Ало, фрау Меркел, па зарем не гледате што наметнува вашата членка како барања кон земја кандидат за членство!? Па зарем тоа се европските вредности и стандарди на соработка, добрососедство и солидарност?
 
   Токму Германија беше најзаслужна што туку така, без вистинска евалуација за/не/исполнување на критериумите за членство, буквално ја втурна Бугарија во Унијата (најкорумпирана држава во ЕУ) и сега, наместо европеизација на регионот на западниот Балкан, се соочуваме со балканизација на ЕУ!!!
 
   Долгорочно гледано, господо Европјани, свесни ли сте каде води тоа, или побитни ви се старите сојузништва, а не иднината на ЕУ и мирот и стабилноста на стариот континент, особено во регионот на западниот Балкан???
 
   Во меѓувреме (каков цинизам): на македонскиот диктатор и распродавач на македонските вредности Зоран Заев истата таа Германија, поточно фондацијата на нивната Социјал-демократска партија "Фридрих Еберт штифтунг" му додели награда за почитување на човековите права. Чисто садистичко изживување кон нас граѓаните на Република Македонија, нема збор!!!
 
2. Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите /МАНУ/ пријатно изненади со одамна очекуваната реакција за случувањата на релација Македонија - Бугарија и непријателската и негаторска политика на званична Софија кон нашата земја и кражба од нивна страна на се што е македонско. Во документот на МАНУ се нагласува дека македонскиот јазик и разновидностите на нејзините дијалекти имаат и континуитет македонските дијалекти кои постојат и надвор од границата на денешна Македонија (претпоставувам се мисли на соседните земји со кои граничи Македонија каде постои македонско малцинство и македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години);
 
   МАНУ во документот застана и во одбрана на македонскиот идентитет и достоинството на македоннскиот народ што е од особвена важност на меѓународен план и е добродојден во презентацијата на аргументите во апсурдниотт спор наметнат од Софија.
 
3. Една навидум локална и за некого можеби тривијална тема: Скопје е единствена европска метропола која нема свој саемски простор! До пред една деценија Скопскиот саем беше омилен простор за бројни саемски изложби, музички концерти и драмски претстави, па дури и панаѓури и слични настани за масовни собирања за разби-грижа на скопјани, но и граѓани од цела Македонија, поа дури и од соседството.
 
    Не знам во какви околности Скопски саем беше приватизиран, иако важеше за објект од јавен интерес (со други зборови: не смееше да се приватизира); за по некое време да биде ставен под хипотека во некоја скопска банка и продаден на инвеститор од Албанија кој до темел ги разруши сите четири саемски хали и сега гради монструозни згради со стотици станови. Конкретно речено, на самиот влез во Скопје се раѓа вистинско гето, а страв ми е и да помислам кој се ќе се всели во тоа гето.
 
   На градските татковци на крај памет не им доаѓа мислата дека изградба на ново сајмиште е насушна потреба на градот кое со бројните активности може да претставува одлична прилика за негова дополнителна афирмација, но и на самата држава.
  
   Ако некој од градскиве татковци воопшто се сети дека насушна потреба на Скопје е изградба на ново сајмиште, предлагам да се забранат  в е д н а ш  било какви градежни активности на потегот од хотелот "Александар палас" до мостот "Oбединети нации" покрај Вардар, да се расчисти просторот од дивоградби и да се изгради ново сајмиште, ресторани, паркинзи и други придружни објекти со што нашиот главен град ќе добие значаен атрибут на европска метропола, но и компелкс што ќе обезбеди многу вработувања, дополнителни приходи и репутација на европска метропола!
 
   Се надевам дека некој градски фактор ќе ја прочита мојава сугестија и ќе ја сподели со градскиот татко     (но и со таткото/очувот на општина "Карпош" каде се наоѓа предложената локација) кој наместо да се занесува со дупчење тунели под скопското Кале и градење жичари, навистина може да направи нешто корисно за градот (и да биде запамтен по тоа), неговите жители и за државата Република Македонија.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.