|
|
Д-р Петар Поповски : По патот на Македонската историjа |
Д-р Петар Поповски : По патот на Македонската историjа Почитувани, во последно време многу се дискутира околу кодот на македонскиот јазик. Ви се молам, за каков код зборуваат тие неуки луѓе..? Македонскиот јаазик не е кодифициран од вчера, од солунските браќа Кирил и Методиј или во 1945-та година, како што се тврди и претпоставува од страна на некои квази и псевдо-историчари, туку 500.000-ди години пред новата ера. Во тој историски период на артефакт (на кора од речна школка), замислете, во Вендонија (по името на македонската племенска група Венети), денес позната како Индонезија, стои натпис на древномакедонски јазик и писмо со следнава содржина:"НАШИОТ БОГ НА СОНЦЕТО ИЛ Е НАША СЛАВА. З'ТА МАКЕДОНИЈА". Ова откритие е потврдено, не од етнолози-лингвисти Македонци, туку од Норвежани. Зарем треба и други докази..? Македонската и светската наука располага со стотици вакви и слични артефакти со натписи само и исклучиво на древномакедонски јазик и писмо од тој и од поновите историски епохи, на кои без оглед на тоа како била нарекувана соодветната македонска етничка група (Анти, Венети, Скити, Келти, Полани, Бриги, Пајонци, Роуси, Московити, Етрури, Гали, Шфеди, Фини, Илири, Дардани, Дании, Траки итн. итн), секаде каде што стапнала нивната нога, на сите други континенти, УШТЕ ВО ДАЛЕЧНИОТ ПАЛЕОЛИТ (800.000-500.000 г. п.н.е.), на артефактите на тие непобитни материјални сведоштва го нотирале кодот на својата татковина "З'ТА МАКЕДОНИЈА" (во Израел – 211.000-ди г. п.н.е.; Јужна Африка - 78.000-ди години п.н.е.; во Невада - Америка - 13.000-ди г. п.н.е.; во Северна франција - 25.000-ди г. п.н.е итн. итн). Вистината е таа. Нема бегање од неа. Секој може да кажува секакви приказни, измислици, клепаници, секакви лаги и глупости (произволни и неаргументирани), меѓутоа камените плочи со натписи претставуваат трајно и неизбришливо сведоштво. Тоа што го има македонскиот народ, ГО НЕМА НИТУ ЕДНА ДРУГА НАЦИЈА ВО СВЕТОТ. Антимакедонистите тоа треба, конечно, да си го запечатат во својата глава (полна или шуплива), за да не доживуваат "ноќни мори" , токму, поради таа егзактна вистина. Сето ова го има аргументирано претставено во мојата научна студија “МАКЕДОНИЈА МАЈКА НА СВЕТОТ. ФАКТИ ПРЕД КОИ И БОГОВИТЕ СЕ ПКЛОНУВААТ”. Со измислици, без аргументи, не се пишува историја. Читателот повеќе не е наивен. За секоja историска поставка, настан и слично, бара доказ, научна поткрепа. Мислам – се разбравме…? |