|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 94 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
АРТАН ГРУБИ, МАКЕДОНСКИОТ "АНФАН ТЕРИБЛЕ"
1. Република Македонија не престанува да шокира со своите (не ретко многу грди) реалности! Најново непријатно изненадување (барем за мене лично) е тврдењето што ни дојде од соседна Албанија дека, наводно, првиот потпретседател на актуелната Владата на РМ Артан Груби "бил преведувач во фамозната Жолта куќа, каде што се ваделе човечки органи од живи луѓе - Срби, Албанци, Роми... заробеници на терористичката УЧК"!?
Ова сознание го тврди потпретседателот на Демократската партија на Албанија Еди Палока кој изјави дека во Жолтата куќа според повеќе извештаи, се правеле операции за вадење органи од заробеници на УЧК од Косово за време на косовскиот конфликт! Имено, според Еди Полака, токму првиот вицепремиер во македонската влада Артан Груби (роден во Приштина) наводно бил преведувач во споменатата озлогласена куќа на североистокот од Албанија?
Артан Груби, кој важи за "анфан терибле" (лош дечко) во македонската политика, често пати знае да се наметнува во јавноста дека e "прв" потпретседател (од вкупно пет) во македонската влада, но до сега од него не чувме ниту еден збор да ги негира тврдењата од Албанија за неговата, наводна, монструозна улога во уште помонструозната операција на трговија со човечки органи што според тврдењето на некогашната обвинителка на Хашкиот суд Карла дел Понте и известувачот на Советот на Европа Дик Марти се случувале во фамозната 'жолта куќа'! Дали молчењето на Артан Груби (додека "преведувал", не гледал што се работело во Жолтата куќа, или во меѓувреме решавал крстословки???) е заради неговата нечиста совест и лично премолчено признание за тоа што (повторно: наводно) го правел во 'жoлтата куќа' - не знаеме, но останува да ги чуеме исказите на петмината врвни водачи на злогласната УЧК на судскиот процес во меѓународниот суд во Хаг, каде му се суди и на поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, кому му се припишува дека бил дирекно инволвиран во трговијата со човечки органи.
Не би ме изненадило доколку истрагата докаже дека Артан Груби навистина бил ангажиран во улогата што му се припишува (неговиот лидер Али Ахмењти тоа веке јавно го потврди!), судејки барем според неговите постапки на кои бевме сведоци последниве години! Тој беше еден од главните организатори на сериозниот инцидент на скопското Кале кога археолозите открија остатоци од христијанска црква; оргијаше на сцената на МНТ правејки селфи кога навијачите "Балисти" скоро целосно ја демолираа салата на обновениот Македонски народен театар....
Но Артан Груби едно време беше вработен и во амбасадата на Холандија во Скопје како преведувач! А според кои критериуми холаднските дипломати вработуваат вакви типови, само тие си знаат!?
Патем, се прашувам: кому Артан Груби преведувал и од кој и на кој јазик преведувал во Жолтата куќа? Можеби на хирурзите за кои ваделе органи од живи заробеници и тоа без опојки, за кои се тврди дека, наводно, биле од Турција, или ...? Кому преведуваше Артан?
Очекувам многу детали околу оваа афера да испливаат на виделина во текот на судскиот процес во Хаг каде петтемина водачи на УЧК им се припишуваат дури 98 убиства!
Во меѓувреме, Артан Груби си раководи со сегашната македонска Влада, во отсуство на премиерот, се разбира, и е главен координатор на сите албански министри во Владата!
2. Македонски интернет портали објавија информација превземена од весникот "Илинден" на истоименото друштво на Македонците во Тирана, во која се тврди дека во Московската народна библиотека се чува Летопис од VII век чиј автор е извесен Јеремија Русо. Во тој труд Јеремија, помеѓу останатото, го запишал следното: “Ние, Русите и Московитите, сме потомци на древните антички Македонци. Ние, денес, го зборуваме јазикот на кој зборуваат античките Македонци на Македонскиот полуостров, кои освен со други земји, 307 години владееле и со Египет…”. Јеремија понатаму, според цитираниот документ, додава:"Во Патријаршиската црква Света Софија во Охрид во 955 година архиепископот Тимотеј ја покрстил Руската кнегиња Олга, а во 987 година од Охридскиот Патријарх Николај бил покрстен нејзиниот внук Владимир, кој за да го зацврсти братството со Македонското царство на цар Самоил се оженил со неговата внука Марија од Охрид со која ги имале децата Борис и Глеб - првите руски светители и патрони на Руската армија."
Цитираниот Летопис го открил д-р Петар Поповски, кој укажува дека Руската кнегиња Олга е првата покрстена христијанка во Русија како што Македонката Лидија од Филипи е првата христијанка во Европа. Д-р Поповски додава дека : Рускиот кнез Владимир го вовел христијанството во Русија како религија. "Ова е историски факт од кој треба да се срамат домашните (Македонските) предавници, кон светата Македонска земја и народ Македонски, кои не ставија на потсмев и понижување пред целиот свет. Народната мудрост вели: Да им е срам и целиот живот да ги следи народното проклетство", порачува д-р Петар Поповски историчар, научник, новинар и публицист.
Документот е прекрасен, немам збор, но во него наоѓам едно несовпаѓање: Како е можно во документ од седмиот (VII) век да пишува за личности и настани авансно (што би рекле банкарите), т.е однапред, за личности и настани што се случиле во десетти (X) век, т.е. дури три века подоцна? Мора да ќе е некоја печатна грешка во датументот!?
3. За многу важната операција - пописот на населението што беше најавуван за април 2021 година во последно време не се слуша ниту збор! Иако од Државниот завод за статистика апелираа на хитноста за донесување Закон за попис, за да можат да ги подготват техничките аспекти за пописот, во јавноста на таа тем завладеа вистинска штама! Ниту збор од Владата, а не го споменуваат ни провладините медиуми!
Што ќе да е причината за молкот за пописот? Дали некој се плаши од евентуалните резултати од теренот за бројноста на населението, особено на малцинствата, или...? Очигледно е дека некому не му е по воља евентуалната можност бројките од теренот да покажат сосема поинаква реалност од она што е зацртано во законите со кои се регулираат некои со закон предвидени права за малцинствата!?
Се плашам дека во владеачката констелација на власт преовладува заложбата од сценариото на длабоката држава дека процентот на Албанците во Македонија треба да е 30%, иако според дипломатски и други извори доминира сознанието дека реално тие не се повеке од 15% од вкупното население. Како и да е: иселувањето од Македонија што добива на интензитет си го прави своето. Се иселуваат и Македонци и Албанци, а сериозна држава не може долгорочно да го планира својот развој на сите полиња доколку нема прецизни податоци за бројот на населението.
4. За бугарската блокада за почетокот на преговорите на нашата земја за членство во ЕУ толку многу секојдневно се пишува што јас овој пат нема да ја третирам оваа тема. Но сепак, ќе си дозволам да коментирам односот на фамозната меѓународна заедница кон овој проблем. Имено, вакво лицемерие и бескрупулозност како што е манифестирано кон нашата земја од страна на меѓународната ретко да е забележено во светската политичка пракса! Од првиот ден на прогласувањето на независноста и тоа на најлегитимен начин - преку референдум и речиси плебисцитарно, со слободно изјаснување на граѓаните, се соочуваме со сопки, блокади, местенки, непочитување на меѓународноѕо право, и игнорирање на брјни документи и критериуми. Иако бевме меѓу најдобрите кандидати за членство во НАТО, не измрцварија со промена на името на државата и нејзиниот устав за да постанеме членка во Алијансата. Дури ни приредија и атентат на Претседателот на државата Трајковски кој загина во наместена авионска несреќа кај Мостар со уште 10 пилоти и членови на делегација!!!
Со право ние Македонците - и етничките и сите граѓани на РМ, се прашуваме: Има ли крај на оваа тортура од меѓународната и ќе видат ли нашите млади генерации бел ден? Проблемот сосема сигурно е во нашето име како нација и држава кои (не само на соседите) на многумина им пречат. Македонија е бренд што многу поголеми и посилни нации мечтаат да го имаат, а го немаат.
Тука е проблемот, а на нас е да се сплотиме, да издржиме и да не се предаваме!!! Друг избор немаме ако сакаме да опстанеме колку и да сме и каде и да сме по светот!!!
|