|
|
Думи од Георги Дукимов и Гоце Делчев за сегашната власт во Скопје |
Свекрва Зоран Заев треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. А таков челник на македонскиот народ не му треба и затоа е најдобро тој да си даде оставка од премиерското место. Трагикомично е кога во 21 век Софија бара од македонските власти да прифатат дека македонскиот народ има бугарски корени, потоа да вели дека македонскиот јазик е западно бугарски дијалект и да зборува за заедничка историја. Но уште потрагично е што еден македонски премиер по три децении независност е на пат да го прифати ова барање и покрај притивењето на научна фела, интелектуалците и мнозинтвото на македонскиот народ. Соочувајќи се со фактот дека власта во Скопје, предводена од премиерот Зоран Заев е на пат да направи непоправливи грешки. Ги пренесуваме думите на македонските револуционери Георги Дотиров Дукимов и Гоце Делчев. Се надеваме дека мислите на овие македонски дејци ќе допрат и ќе ги освестат луѓето кои ја водат земјата во провалија. Имено Георги Сотиров Дукимов (1926 година - ?) е еден од истакнатите македонски дејци, маченик за македонската кауза во комунистичка Бугарија и еден од основачите на ОМО Илинден. Тој е роден во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Но животот го поминал во Неврокоп и по бугарските затвори. Георги Сотиров Дукимов напишал спомени под називот „Една идеја, еден живот“. Во неговите искажувања стои обраќање до оние Македонци кои од различни причини заборавиле на своето потекло и вели: „По убедување биди што сакаш, на својот бог се моли ти, но никогаш немој да забраваш, дека син на Македонија си ти.“ Заборавањето дека си син на Македонија за Дукимов е чин равен на предавство и вели: „Кога кажувам дека сум Македонец, значи постојам, се останато е предавство или смрт! ... Вековните маки на македонскиот народ се коват не само во Софија, Атина и Белград, туку и во Европа. За нас бугарскиот шовинизам, којшто сака да ја заграби Македонија духовно и физички , е враг број еден!“ Инаку, Георги Сотиров Дукимов своите спомени ги почнува со една дума од Гоце Делчев во која апостолот на македонската борба вели: „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Кој сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, добар Грк или добар Србин, но не и добар Македонец“. Оттука, сегашниот македонски премиер Зоран Заев, треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. А таков челник на македонскиот народ не му треба и затоа е најдобро тој да си даде оставка од премиерското место. |