|
|
ЦРТИЧКИ ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 95 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
СТЕВО: ЧИН МАРШАЛ ЗА РАДМИЛА
1. Претседателот на државата и врховен командант Стево Пендаровски, во чија надлежност - според Уставот на РМ, е да унапредува воени старешини во повисоки чинови, предлагам да ја унапреди министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска во чинот - МАРШАЛ!
А еве зошто: според неодамна објавениот прилог на новинарот Зоран Божиновски - кој важи за извонредно добро информиран и тоа очигледно од многу влијателни извори, на ул. Орце Николов бр 115 во скопско Дебар Маало - наспроти Министерството за одбрана, во завршна фаза е реконструкцијата на вилата во која по традиција, во минатото, живееја многу високи воени сташини! Вилата со прекрасен двор наоколу - по што е единствена во Дебар Маало, па и во поширокото централно градско подрачје на Скопје, е изградена пред повеке децении специјално како резиденција на некогашниот командант на Третата армиска област на тогашната ЈНА, адмиралот Анте Банина. После него, во вилата живееше генерал-мајорот Димче Савевски. По аналогија на нештата, после еден адмирал и по него генерал-мајор, редно е во дотичната вила да се всели и некој со повисок чин, на пример маршал, зарем не!?
Од споменатата информација произлегува дека вилата (која по приватизацијата на општествените станови била откупена од сега бившите станари), сега е сопственост на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг Бобо Дајнерс Јанковски! Самата вила со огромниот двор наоколу, неколку гаражи, па и место за нивната приватна јахта (мислам дека се викаше "Уна") на пазарот за недвижности сигурно вреди повеке милиони, се разбира евра, и логично се поставува прашањето: од каде им се средствата на семејството Шекеринска-Јанковски за таква инвестиција? Од платата на Радмила - па макар била министерска; од 5.000 евра што тие си исплаќаа сами на себе, а на сметка на Дајнерс, како кирија за користење на сопствен стан (!); или од некој "бонбона бизнис", како што милува да каже Радмила честопати.
Прилогот на новинарот Божиновски многу бргу беше повлечен и исчезна за јавноста, но овој случај не може да исчезне за надлежните институции за испитување на потекло на имотот, бидејки е очигледно дека многу детали од оваа афера заслужуваат детална истрага!
2. Што е заедничко меѓу лицата Видкун Квислинг, Маршал Петен, Анте Павелиќ, Милан Недиќ, Рупник и уште дузина други? Според Википедија: сите до еден биле соработници на непријателот којшто ги окупирал нивните земји.
После шокантното интервју што го даде за бугарска телевизија, во оваа група секако припаѓа и Муртинскиот "Месија" Зоран Заев (З.З.) кој веќе прифати, или е на пат да го стори тоа, буквално се што му побара бугарската страна: да не однароди и побугарчи, да ни ја поништи историјата, јазикот, нацијата, а што е најстрашно, овој некрофил гази и врз коските на жртвите на бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна!
Единствена разлика помеѓу личностите од споменатата група и лицето З.З. e што тие соработувале со нивните окупатори на идеолошка основа, како подржувачи и колаборационисти на наци-фашизмот, а лицето З.З. со садистичка наслада, буквално погазувајки се што е македонско, се занесува дека со неговиот колаборационизам со бугарските национал-шовинисти ќе не внесел во Европа!?
Добро е што народот крена глава и се множат протестите ширум Македонија против ова абнормално однесување на З.З што ни нанесува долгорочно непроценливи последици. Но досегашната пракса од протестите покажа дека сенародни непартиски, или надпартиски (како што милуваат некои) протести, привлекуваат многу повеке народ, одколку протести на партиска основа! И уште нешто, идејата да се доаѓа на протест со коли не е баш паметна ако се додадат издувните гасови на и онака презагадениот воздух во нашите градови, а се ремети и секојдневието на граѓаните со блокади на сообраќајниците, може со сигурност да предизвика револт кај граѓаните! Би било добро на протестите во иднина да се појават и други говорници (Стефчо Јакимовски, на пример) со што би се зајакнала пораката во власта: дека сите сме Македонија и сите сме загрижени за нејзината иднина!!!
Единствено решение за ваа криза е пад на актуелнава влада (одлична прилика е гласањето за недоверба на владата) и оставка на лицето З.З. од позицијата премиер на РМ (многу сум љубопитен што ке го посоветуваат З.З. Дејвид Стивенсон и останатите импланти на длабоката држава во нашето општество кои го донесоа З.З на власт и тоа два пати!?), формирање на техничка/привремена - експертска влада и нови предвремени избори но без влијание на длабоката држава и фактори од страна, како што беше случајот и со последните парламентарни избори!
3. Претседателот на Паневропската Унија на Германија и поранешен пратеник во европскиот Парламент во неколку мандати Бернд Поселт му упати писмо на Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во кое се бара Германија силно да ја подржи Република Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на Германското претседателство со Советот на Унијата.
Во писмото од Паневропската Унија на Германија се бара деблокирање на преговорите за членство на Македонија во Унијата и воедно се изразува силна подршка на Германската страна во нејзините напори за надминување на проблемот за време на Германското претседателство со Советот на ЕУ. Воедно, на министерот Хајко Мас му е доставена заедничката декларација што неодамна ја подготвија националните организации на Паневропската унија на Македонија и Бугарија.
Силна подршка на Германската Паневропска Унија искажаа и националните организации на Паневропската Унија на Хрватска, Бих, Италија и други, како и Претседателот на Интернационалната Паневропска унија, французот Ален Тернуар.
Паневропската унија на Германија информира дека германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во неделата имал шест часа средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов но, не бил постигнат никаков резултат.
|