Среда, 09 Декември 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 96

1martin1

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

МАКЕДОНСКИОТ - ОСНОВА НА  М Н О Г У Т Е  СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

1. Имам впечаток (дај Боже да грешам), дека Република Македонија и конкретно институциите задолжени да го афирмираат македонскиот јазик и култура, не прават доволно за негова афирмација на меѓународен план, конкретно нашите аргументи да ги презентираат на странски јазици!? Како човок којшто четвртина од својот работен век го поминал во разни мисии во странство, сметам дека тоа е од огромна важност, особено во овој период на брутална агресија од нашиот источен сосед на посебноста на македонскиот јазик и македонското културно и историско наследство.

Има толку многу објективни научници ширум светот кои многу јасно, со неспорни аргументи, укажуваат дека станува збор за еден од најстарите јазици во светот! Пример бр. 1. Амбасадата на Руската ферецација во Скопје објави деновиве на официјалниот твитер информација според која се потврдува фактот за вековното постоење на македонскиот јазик! Имено, во информацијата се соопштува до сега непознат факт за македонската научна јавност дека првата докторска дисертациjа за македонскиот jазик во Русија jа одбранил пред 130 години рускиот професор Леонард Готхолф Мазинг во еден од наjстарите руски универзитети – Дорпатскиот универзитет“!!!

Вториот пример е делото на славистот со светско реноме професорот на Австралискиот универзитет во Канбера Реџиналд де Бреј кој уште  во 1939 година (значи Зоране Заев пред твојата фамозна 1945 година) во своето животно дело: "Aтлас на словенските јазици" го посветува првото поглавје токму на македонскиот јазик што го смета за основа на сите словенски јазици.  

2mart

На фотогрсфијaтa: Проф. Реџиналд де Бреј говори на Деновите на македонската култура во Сиднеј

Република Македонија имаше привилегија во нејзините прегратки во 1980-тите години да живее академикот Владимир Мошин којшто даде непроценлив придонес за македонската лингвистичка наука и предизвика вистинска сензација во светски размери со информацијата што ја презентира на манифестацијата Струшка музичка есен: дека двата листа со позлата, познати како "Кипријановски" или "Новгородски листови", што се чуваат во Петроград, се најстари познати словенски текстови, а потекнуваат од царското Евангелие што македонскиот цар Самоил му го подарил на рускиот цар Владимир Први како дар по повод покрстувањето на Русите што го извршиле  м а к е д о н с к и т е  свештеници и мисионери!  

Иако во многу напредна возраст, Русите организираа специјален лет за академикот Мошин за него, во неговата прататковина Русија, за таму - пред руската научна јавност, да ги презентира своите епохални научни сознанија!

2. За прв пат во нашата понова национална историја се случи настан за паметење! Како што ги нарекуваат некои -  "трите столба на македонската држава": Македонската академиија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква - Охридска архиепископија и Универзитетот Св. Кирил и Meтодиј објавија заеднички "Maкедонски манифест" со којшто апелираат за почеток на преговорите за членство во ЕУ, со нагласка на почитувањето на вистината, правото и вољата на македонскиот народ!

Во манифестот се изразува загриженост од развојот на настаните поврзани со евроинтеграциите на нашата држава, со нагласка дека таа ги исполнува потребните предуслови за почеток на преговорите и тоа без предуслови и со почитување на достоинството на македонскиот народ, неговиот историски, културен и религиски континуитет.  

Потписници на Македонскиот манифест се: за МАНУ, претседателот, академик Љупчо Коцарев, за МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а за УКИМ проф. др Никола Јанкулоски.

Овој документ да се надеваме дека воедно ќе биде и предвесник на семакедонско обединување и дека ќе допре до ушите и свеста на Зоран Заев да не се занесува со распродажба на македонското достоинство, со нашето културно и историско наследство, јазик и самобитност преставувајки се како нов Месија (демек тој ќе не внесел во ЕУ), а во суштина служејки и на длабоката држава и нејзините цели и сценарија за разнебитување на се што е македонско. 

3. За надминувањето на бугарската блокада на почетокот на реговорите на РМ за членство во ЕУ се изнаслушавме секакви "рецепти" и совети!? Меѓу најуникатните ја сметам препораката на извесен Гинтер Фелингер, австриски експерт и советник од невладиниот сектор, кој за побрзао надминување на спорот и ветото од Бугарија кон Македонија предлага: 1. да ги промениме нашите државни празници што, според него, "биле многу провокативни за Бугарија", особено 23. октомври, денот на ВМРО, бидејки бил "многу проблематичен празник"!?

Според Фeлингер, другиот проблематичен (!?) празник е 11 Октомври, a за Гинтер Фелингер реториката при празнувањето на иовие два датуми  "било не многу мудар наратив за една потенцијална современа членка на ЕУ!?"  

По рецептурата на Фелингер, тој предлага двата датума да не бидат државни празници, туку да бидат партиски празници на СДСМ и ВМРО, но да не се празнуваат како државни празници. Волшебната формула на Австриецот подразбира и "малку посмирен став во однос на проблемите со идентитетот" со што на германските министри Хајко Мас и  Рот ќе им било полесно да се договорат со Бугарија!? Наместо мој коментар, ке потсетам на онаа, народната:"Сто стапа по туѓ грб - не болат".

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.