|
|
Александар Џеповски: Борисов, вашиот Аспарух на кој јазик збореше - Татарски или "денешен" бугарски? |
Александар Џеповски Тој ваш Аспарух, никако наш, како и сите тие ханови, канови кои доаѓаа, ограбуваа и бегаа дали пишуваа на денешен бугарски (наша забелешка Македонски), дали имаат врска со бугарската црква, со Кирил и Методи, Самоил и сите историски личности што ги крадете од Нас Македонците? Се кочоперите со една глупа изјава а воедно вршите самоубиство .... дека денешна Бугарија е создадена од Мизија, Тракија и Македонија. Тука лежи зајакот и целиот проблем. Мизија постоеше и за време на Самоил и беше посебна земја тогаш. Тракија била кралство со свој крал, како Пелагонија со свој крал, Пеонија со свој крал и сите тие Македонски кралства потчинети на Цар Македонски ... кралевите беа тогаш како главни на одредена група и територија во смисла денешна како република или автономија. Тогаш па се до 1878 никој не знаел што е тоа Бугарија или Бугарска нација, ниту во сон. За потсетување нека биде на тебе Борисов, Љубчо, Црпко и сите душмани дека Македонија е спомната 37 пати во Библијата и на Апостол Павле му се јавил на сон Македонец од Македонија кој го моли Павле да дојде во наша Македонија. Замисли, не му се јавува ниту некаде се спомнува Бугарин од Бугарија или прабугарија според моржот Димитров ... како ни Грк ниту Грција, како ни Албанец од Албанија туку чисто, јасни и гласно - МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА. Шах - мат во три потези и со здравје да си го носите. Срамота е бре Борисов, што со оној влавот од Каракачаново имате лице да поставувате дури и уцени кога цел свет знае и гледа која е Македонија и што била. Светот знае, Господ гледа а вие упорно си ја терате онаа ваша од Црно Море до Охрид што беше само 3 месеци по грешка на Русите од тактично технички причини во 1878. Вашите ниски удари не се прифатени од нормални луѓе како наводно постоиме од 1945 преку Тито. Ние последниве 200 години крваво се бориме и не изчезнуваме за инат на душманите и ѓаволот со Божја помош од преголеми размери. СЕ ДОДЕКА ИМА ВОЗДУХ ЗА ДИШЕЊЕ И СОНЦЕТО СВЕТЛО ГРЕЕ - ЌЕ ПОСТОИ МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ГИ НАДЖИВЕЕ СИТЕ ПА АКО ТРЕБА УШТЕ 10 БИБЛИИ И БОЖЈИ СИНОВИ ДА СЕ ПОЈАВУВААТ, САМО ДА СЕ ЗНАЕ КОЈА ЗЕМЈА Е БОЖЈА ЗЕМЈА И ВЕЧНА. АМИН !!! |