|
|
Душан Ристевски-Македон: ЗАЕВ КАКО ВОШКА ЈА ЦИЦА МАКЕДОНСКАТА ДУША |
Душан Ристевски-Македон Она што сега се случува во Република Македонија, препукувањето на Бугарите и поставување на вето – се очекуваше. И најнеупатениот тоа го предвидуваше, но не во Македонија каде „слепците следат слепец“ и очекуваат Господ да испрати некој месија па да ја спаси нацијата од тотален колапс. По бугарското вето се очекува „вето“ и од албанија па и од србија – сите ќе сакаат да си го задржат украденото, како што атињаните тоа успешно си го направија. Треба едно да се знае дека една нација не може да постои доколку нема историја, а токму таа историја им се распродаде на сите соседи и сега Македонците постанаа држава создадена од некој си ништожник З.З. Точно, нацијата ја води еден изрод З.З. и заевистите (читај луѓе со ниска интелигенција). Без разлика колку и од кој е платен - се постави на политичка позиција, без разлика како и од кого - тој како вошка ја цица македонската душа. Во македонската медиа и на подиумите само се препукува и се прети, се колни и пцуе но сето тоа се празни зборови бидејќи на крајот на денот се гледа делото. А ништо не се случува. Нема кој да ја плаќа шарената револуција (Сорос си го направи своето). Народот очекува ВМРО-ДПМНЕ да застане „машки“ и да се покаже на дело, а не само со заканување. Сега се јавуваат со мислење историчари и писатели – што е многу добро, но каде беа истите кога се потпишуваше така наречениот преспански договор и оној за добрососедство. Каде бевте тогаш и да повикате на сиот глас Европа и светот да ве чуе кои сте и какво мислење имате? Мислевте дека вашите фотељи и позиции и сите дела што сте ги пишувале и издале се имуни на измените што се навестуваат со потпишувањето на тие договори. Каде бевте тогаш кога ние од Дијаспората со децении протестиравме и баравме да се прекинат разоворите за договори, да не се прифаќаат договори, а најмалку да се потпишуваат, и да се бранат суштинските основи на нацијата - каде бевте да не подржите? Каде бевте кога ние отворени писма испраќавме до премиери и претседатели, до институции и установи и укажувавме на последиците, што еве сега со потиштеност го гледаме резултатот. Не е ни најмалку чудно што во игра за „спас на Македонската држава“ се ставаат вазали како Љубчо Георгиевски (кој го потпиша Рамковиот договор и почна да го врти тркалото на срамот и понижувањето на државата, а над сето тоа се декларира бугарин и си зеде бугарски пасош, а што е најлошо, промовираше македонските државјани да го направат истото. Ние во Дијаспората го знаеме Љ.Г. како за најголем арамија кој проневери неколку милиони долари испратени од Дијаспората за ДПМНЕ партијата) и Артан Груби кој ја подржува тираската платформа и има за цела да ја растури македонската држава за формирање на голема албанија. Па еве сега и Бучковски...уште колку ќе се понижуваме пред својот народ и пред светот... Нема што да очекуваме некаква иднина за нашата нација кога дозволуваме истата да ја решаваат продадени души. Има решение да се излезе од овој „ќор сокак“ за да нема трауматични последици за иднината на македонската нација, а тоа е најголемиот кривец за потпишувањето на предавничките договори да се острани од политичката сцена, вошката која ја цица македонската душа. |