|
|
Свекрва: Заедничка историја со Бугарија, само кога Македонија ќе стане членка на ЕУ |
Свекрва Македонија и Бугарија ќе можат да зборуваат за заедничка историја само ако Македонија стане членка на ЕУ. Се дотогаш ниту сме имале ниту ќе ја имаме, иако двете земји биле во состав на неколку империи (Македонската, Римската, Византиската и Отоманската империја). Секогаш двата народи се разликувале и имале, различни интереси, обичаи и култури. Во процесот на евроинтеграциите на Македонија, Бугарија стави вето се додека македонскиот народ не ги признае бугарските корени, потоа дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, како и Македонците да заборават дека Бугарија била на страната на фашизмотр за време на Втората светска војна. Неможејќи да се помират со фактот дека и покрај уцените и заканите со вето, македонскиот народ се чуствува дека е посебен, со своја историја и посебен македонски јазик, бугарските политичари продолжуваат да ги навредуваат не само преставниците на македонскиот дел од мешовитата и образовна комисија со Бугарија, туку и македонски народ. Со оглед дека македонскиот народ и особено македонските интелектуалци не подлегнуваат на уцените и принципиелно се држат до научната мисла, од Софија доаѓа навреда за македонските историчари во вид дека тие можат да тврдат дека „се марсовци и дека Самуил паднал од Марс, но тоа не точно“. При тоа, ако се навредуваме како „браќа“, во контекс на Марсовците, Софија заборава дека „пред неколку децении нивните историчари се обидуваа со мерење на черепите да докажат дека и Наполеон е Бугарин.“ За жал се додека ги купуваат отпадоците од Европа, бугарските политичари можат да имаат мир дома и да ја уценуваат Македонија, а преставнците на македонската марионетска власт и покрај распродажбата на виталните национални интереси да се враќаат од кај соседот со подвиен опаш, бидејќи и на обичниот народ му е јасно дека барањата на Софија нема да имаат крај. За тоа какво било Самуиловото царство и дали тоа било на Марсовци или Бугари, најблиску го дава одговорот српскиот средновековен историчар Божидар Прокич (11. IX 1859 – 6. V 1922), кој е познат по своите трудови за цар Самуил и неговата земја. Тој во својата докторска дисертација одбранета на почетокот на XX век, смета дека главната причина за формирањето на Самуиловата држава или како што вели Македонското царство, биле културните, етничките и религиозните разлики меѓу славјанското население во Бугарија и Македонија. Ако ја погледнеме неговата докторска дисертација „Додатоците во ракописот на Јоханес Скилица" на почетокот на 20 век, и покрај тоа што работи во интерес на српската пропаганда и со цел да се спротивстави на великобугарските идеи, Прокич точно ја дефинира Самуиловата држава како Македонско царство и ги посочува културните, етничките и религиозните разлики меѓу Македонците и Бугарите во тој период. Освен што тој ги наведува разликите меѓу двата народи во средновековието, исто така постојат бројни документи каде поединци покрај своето име потенцираат дека се од Македонија. Тоа се случува во средновековието и за време на Отоманската империја што особено е изразено кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, потоа за да продолжи во 20 век. Исто така, ако поединци Македонци учествувале во ослободувањето на соседните земји (Грција, Србија, Бугарија, Албанија) од турското владеење или пак сме имале во еден период со Бугарите заедничка борба против грчката патријаршија, тоа не значи дека сме имале и заедничка историја или дека сме ист народ. Всушност веднаш по формирањето на Егзархијата, а не на Охридската архиепископија се појавува отпор и приближување до Унијатството и тоа најмногу во родниот град на Гоце Делчев-Кукуш. Во периодот на преродбата во 19 век, истакнувањето на посебноста на македонскиот јазик и на територијалната припадност бил јасен знак дека Македонците не се чуствуваат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку дека се посебни - Македонци. Ако земеме дека и за време на Првата и Втората светска војна Бугарите влегле во Македонија како окупатори, за што постојат документи, тогаш за каква заедничка историја можеме да говориме. Можеби најдобро е Софија да му се извинат на македонскиот народ, но и на еврејскиот и да му го врати она што им го одзеле за време на Холокаустот. Исто така нека и дозволи на Македонија да влезе во ЕУ и дури откако ќе поминат многу години, тогаш ќе можеме да говориме за заедничка историја, за блискоста меѓу народот. Инаку ваквото однесување на Софија создава само одбојност кај македонскиот народ, кој со исклучок на петоколонашите, никогаш нема да побара милост. Секое барање на милост од Софија македонскиот народ го смета за недостојно, дури го сфаќа како знак на предавство. На крај може да се каже дека пријателството и довербата многу тешко се гради меѓу двата народи и Софија наместо навреди и негирање на македонската посебност треба да поработи на доближување, а тоа најлесно се прави преку евроинтеграција на Македонија. |