Недела, 20 Декември 2020   
Ламбе Арнаудов: Пораката од ветвите шајакни пантолони на дeдоми

1 Lambe

Ламбе Арнаудов: Пораката од ветвите шајакни пантолони на дeдоми

Како секој нормален човек со разум, достоинство и личен дигнитет не можам себе си да се поднесам ако не одговорам на личните навреди кон мене како битие и кон целиот мој народ што од 17ти ноември до денес ги доживуваме од кој ќе стигнеме. Капак на сето ова горко понижување е и одлуката на она самобендисано шерфендивче и цепаница од министер, што ми порачува да ги заборавам родителите, дедовците, бабите, а ги учи нашите децата, внуци и правнуци да ме заборават мене.

Јас, овој предлог, малоумен, на незрела, неформирана и прилично глупава личност, нема да го прифатам и со гордост и радост ќе ви раскажам за својот дедо, еден од посветлите ликови на ВМРО од предилинденскиот, илинденскиот и постилинденскиот период.

Кон крајот на педесеттите години на минатиот век двајца истакнати историчари дојдоа дома со цел да разговараат со дедо ми за објаснување или дообјаснување на одредени настани врзани лично со него и севкупното македонско ослободително дејствување.

Уште во старт љубезно ги одби, а тие зачудено го прашаа: „Зошто, еве сега сме во ФНРЈ рамноправна членка, зборуваме пишуваме македонски, македонска историја, идентитет.

Тогаш дедо ми стана, се исправи, висок и снажен и им рече: Ги гледате ли пантолониве  што ги носам? Стари се, од груб шајак се, ама се чисти и пеглани. Е, сега ако некое КУЧЕ ми откине дел од пантолоните од едната нога до колено и крволочен ВОЛК исто тоа го направи со другата ногавица до колков, а терзијата моиве шајакни пантолони ги сошие со најфин листер штоф и камгарн, нема на ништо да личам, ниту удобно ќе се чувствувам и нема да бидам среќен. Но, ако ги најдам двата откинати делови и ги сошијам, од мене посреќен човек ќе нема. Ако шиени, ама се мои.

После ова двајцата гости едвам ги сокрија солзите, го прегрнаа дедо ми и заминаа уверени дека темелите на нашата татковина Македонија се длабоки, а градбата е од непотрошен цврст материјал што не може да ја сруши ни земјотрес од 12 ͦ по Рихтер, а не камо ли си некои си бедни мрсулковци и продадени души, недоквакани умоболни сотони и растоени министерчиња.

За да бидам појасен и да го направам текстов подостапен до читателите имам неколку прашања до министерката Екатерина мала.

Прво: Зошто во 1929 год. кога Ванчо Михајлов ја промовира и во следните шест години ја преформулира платформата за присоединување на Македонија кон Бугарија во доктрина за независна самостојна држава Македонија со главен град Солун, официјална Софија ја покрена цела армија (во договор со Србија) да го уништи ВМРО на Ванчо и него лично да го осуди на смрт, пресуда која до денес и после 30 години од неговата смрт не е официјално укината.

Иако, зборуваше за втора бугарска држава, за македонски бугари, не ви се допадна. Знаете зошто? Сакате територија без Македонци.

Второ: Дали знаеш зошто твојот идеолошки татко Тодор Живков кој те воспитуваше и трајно ти ја вгради шовинистичко асимилаторската идеологија кон сите небугари, прво што направи кога со помош на Москва ја узурпира целата власт, според негово лично кажување отиде во Пиринска Македонија.

“Отидов бидејќи Пиринска Македонија тогаш беше (част) дел од Македонската држава со сите нишани на автономна, независна и целосно отуѓена од Централна Бугарија.“

Кои луѓе беа тие таму од 1945 до 1962 година, Бугари ли беа или Македонци, та повеќе ја сакаа Македонија од мајка Бугарија? На кој јазик зборуваа, учеа, пишуваа, каква историја, фолклор, обичаи им беа во душата?

Насилно грабнавте ТЕРИТОРИЈА повторно без Македонци. Ги избришавте со гума на невидлив наводно одржан референдум.

Трето: По професија сте историчарка (освен ако Цароска не ти ја поништи дипломата), како ги толкувате низа настани крајно непријателски помеѓу Бугарија и Грција врз грбот на Македонија и сега сé да заборавите и туркате заеднички проект за разнебитување на македонскиот народ и државата Македонија, да дорасчеречите и она што останало, за да нема спомен.

Одговорот е јасен. Страв ви е! Страв ви е и од цврстата и непоколеблива вера и љубов на Македонците, а страв ви е и од неправдата што ни ја нанесувате. Грижа на совест немате, но страв имате затоа што кога правдата ќе ја победи неправдата виновниците ќе бидат казнети.

Четврто: Зборувате за околу 90.000 бугарски државјанства доделени на македонски граѓани по основ на докажано бугарско потекло.

Ве прашувам колку десетици илјади немакедонски граѓани своето државјанство го стекнаа докажувајќи ја верноста кон Бугарија со своето евро-доларско потекло.

Петто: Наједноставно, човечко прашање.

Што е право: Да се бориш за да го сочуваш и сакаш она што е твое или насилно да грабаш и приграбуваш туѓо?

Конечно определи се да знаеме што си и која си? Министерка си на земја членка на ЕУ или си пропагаторка на закоравените тоталитаристичко комунистички идеи на Тодор Живков?

Демократ и глобалист ли си или тврдокорна националистка?

Ваква каква што си, како што е филоксерата за лозјето, ти си за Бугарија.

На крај, да ви ја разбиеме големата заблуда за вас бугарите. Македонците во изминативе векови и години се одбрананија од многу асимилаторски походи и процеси, не заради вас, туку заради љубовта, определбата, чувството на припадност, заради македонската трајност. Ние не сме националисти, но Македонија и македонскиот народ ги сакаме повеќе од сé на светот, но никако и никогаш на штета на друг народ. Напротив, еднакво ги почитуваме нивните особености и вредности, како и оние на својот народ.

Имало и ќе има србомани, бугарофили, албанофили, гркомани, русофили, германофили, амерофили и разни други-мани и-фили, но сите тие се Македонци.

Ве уверувам дека сите тие како и јас, ако ја ставиш љубовта кон својот народ и држава на проверка со чувствата кон било кој друг гореспоменат народ или заборавен ненамерно, секој од нив ќе ви каже: Една капка од Охридско Езеро, една снегулка од Бистра или Шар Планина, еден нарцис цвет од Лазарополе, една икона од црква или манастир, еден фрагмент од џамија во Гостивар и Тетово, едно зрно песок од Вардар, калинка од Валандово, зрно кикиритка од Струмица, јаболко од Ресен, зрно кочански ориз, жолт лист тутун од Прилеп и Врапчиште и лебно жито пелагониско, НЕМА да дадат во замена за која било држава од светот или ако сакате сите заедно држави да ги менувате дури и само за една ќерамида од македонската земја што го симболизира кровот, нашата заштита за вечно опстојување.

Апсолутно незаслужено ни испорачавте крајно непријатни, би рекол непријателски пораки, издржливоста од понижувањата е при крај. Затоа вие ќе бидете виновни ако некому му дојде идеја во духот на пораката на ветвите пантолони го распише ЧЕТВРТИОТ референдум со многу јасно прашање за изјаснување и на кој би се гласало и во Скопје, Битола, Тетово, Штип, Гевгелија ама и Петрич, Ќустендил, Благоевград, Кукуш, Лерин, Костур, Воден, Фуштани, Д’мбени, Мала Преспа, Љубљана, Загреб, Јабука како и во Торонто, Њу Џерси, Мелбурн, Аделаида, Скарборо, Сиднеј, Берлин, Виена, Пјаченца, Гетеборг, Брисел, Чикаго ...

Ваквите нереални соништа денес на Македонија не и носат ништо добро.

Затоа, Почитувани претставници на европските институции Ве молам како потврдени пријатели на мојата татковина да не дозволите вашата тромост, несериозност и неправедност да ги разгоре ваквите страсти на моите сограѓани и бурето да почне да се тркала низ големата стрмнина и да остане на дното приковано.

А пак вие мои сограѓани останете мирни, спокојни и разумни со зајакнат отпор кон она што не ни носи добро. Немој да дозволите гневот да ви ја потисне мудроста и да ви го растури долго градениот имунитет. Не им верувајте на разни авантуристи, популисти и лажни месии да ве заведат со вакви нереални соништа кои први ќе ја подвијат опашката и ќе побегнат и ќе ве остават на цедило. Денес најголема мудрост е да се сочува она што останало од Македонија.

Соберете се сите што и мислите добро на Македонија околу смирениот, мудриот и прагматичен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, партијата и коалицијата со бескрајна верба во него и неговата стратегија која деновиве се покажа многу успешна во одбрана, сочувување и обновување на Македонија од беспоштедните асимилаторски напади од новите АДМИНИСТРАТОРИ од Бугарија. Заедно сите да се качиме на вистинскиот воз кој ќе не одведе во ЕУ горди, исправени со еднакво признат суверенитет како кај сите членки на ЕУ, така и за Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.