|
|
Петтоколонашите во власта ги уништуваат македонските национални институции |
Свекрва На 10. мај 1933 година, во Германија беа запалени голем број книги. Пред очите на маса народ, националсоцијалистите запалија десетици илјади книги на „неподобни“ автори. Нацистите го организирале ова прво јавно горење на книгите бидејќи наводно тие не одговарале на германскиот дух. Денес во 21 век, не цел век потоа, наводно бидејќи не одговарале на вистината, каква ја бараат соседите, македонските социјалдемократи сакаат да ги остранат спомениците од проектот Скопје 2014, како и предлог да се отстрани предметот историја од основното образование, така што истиот да се спои со географија во предмет општествени науки. Тоа е исто како да ја запалиш македонската историја, да уништиш илјадници книги кои говорат за македонската вистина, само затоа бидејќи не се во духот на вистината на соседите. Со цел да се спроведе активноста за денационализација на македонскиот народ, полека но сигурно петтоколонашите во власта ги уништуваат македонските национални институции, а секој интелектуалец или било кој поединец кој ќе им се спротивстави во нивната намера е изложен на страшни присоци и напади. Имено, до неодамна, единствено во Република Македонија, Македонецот можеше слободно да го изрази своето национално чувство, да каже дека е Македонец, да говори на својот мајчин јазик, да има своја историја, култура, традиција, се она што го прави македонскиот идентитет. За разлика од овде, во Пиринска и Егејска Македонија македонскиот народ беше изложен на присилна асимилација од страна на Бугарија и Грција, кои имаа за цел да го уништат македонскиот народ или да го иселат. Социјалдемократите предводени од Зоран Заев со договорот со Грција го сменија името на земјата, се откажаа од Македонците во Егејскиот дел на Македонија и од античката историја, а сега со договорот за пријателство со Бугарија сакаат да се откажат од историјата, од средновековието па се до 1944 година кога на 2 август 1944 година беа поставени темелите на современата македонска држава. По заканата со вето од страна на Бугарија, доколку Македонците не прифатат дека имаат бугарски корени, заедничка историја и дека македонскиот јазик бил впрочем западнобугарски дијалект, сегашната власт во Скопје се спрема на уште еден купопродажен чин – членство во ЕУ во замена за бришење на историјата. Едноставно постои предлог историјата да се укине како посебен предмет и да се групира со географија во предмет општествени науки, се со цел на барање на соседите, да се избришат корените на Македонците. При разработена шема социјалдемократите не застануваат тука. На тој пат на бришење на колективната меморија кај македонскиот народ, откако беше остранета Македонската ениклопедија на МАНУ од 2009 година од јавноста, сега треба да се отстранат и спомениците од проектот Скопје 2014, учебниците по историја и господ знае уште што. Едноставно тие за да успеат во својата денационализаторска и пробугарска политики се служат со сите орудија, научни, културни и црковни институции. Засега за среќа, најголем дел од институциите им се спротивставуваат на намерите на власта. Оттука, сегашниот македонски премиер Зоран Заев, треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. Оставка на Заев веднаш, слобода на народот! |