|
|
Марија Емилија Кукубајска: ЗА НОВИ, ЗА СТАРИ ГОДИНИ-НИЕ СО ЛЕБ, ТИЕ СО КАМЕН |
Марија Емилија Кукубајска Илјади милениуми леб и памет сееме, во светски песок и камен, По патишта на свили, минерали, мирудии... А вештери врколаци, Лилјаци слепи стаорци ... народ ни цицаат, земја Божја силуваат, Садници ни’ корнат, огнови Балкански хранат со живи деца, мајки... Но, ако знаеш, и веруваш дека си свој, во свое гнездо и јато познато, И по секое премрежие –и сила и слава ти ќе браниш, ќе дочуваш. Ти Си роден слободен, да не те купуваат како препариран сноб, и уште Твоја земја, и тебе со неа, да продаваат – нивни новодобски роб, и да Те обвинат што уште си останал здрав и жив во јадро историско. Продолжуваме, здрав леб изнесуваме, без демонски машавини, иако Тие по нас со отровни карпи гаѓаат, арсенали на нови богови со рогови.
Ние со Љубов и Бог, со Лу и Бо, луѓе Божји сме, човечност на свет камен Запишавме. Продолжи, верувај - и ќе одиш и по вода и по небо ќе леташ, дете наше! Другарите ти и сега, но по туѓи сокаци, жални, силни песни пеат за Гоце, Александар, Миле, Кузман, Сирма, Фросина, Вера, Естреја, Елпида... Нашите деца, од дом и од гроб ни’ ги крадат, нашите жртви да се нивни херои. Сепак, верувај, чувај се, твое право и долг е, соочи се, пред очи твои и светски кога те лажат, пизмат, кодошат олошите, лукавите. Ти, и гулаб и змија биди!
Не сонувај да влезеш во глутница што однапред ти го одзема правото на себе. Не давај да те закачи ветерна мелница вртена на ала-Минхаузен идеологии, Оти без храна за мислата и телото ќе останеш. Сеуште неодроден, неоттуѓен Сине, верувај, дел си од целото од кога те посади вселената, дел си од светот Човеков, не си мајмун Дарвинов, и не проститут, актер од Холивуд институт, та да влезеш во чигра-игра братоубиствена, во сенки на вештерска пешТера.
Последните верни знаат - договори со мајстори на маскенбали и масакри Не важат во вселената, во темни сали ги потпишаа расипани сили, против Се’ што си бил и си, против тебе, сине - телепортирање во прав и пепел. Ти Славен а скромен, на питачки стап да те стават, пред скитачи арамии да клечиш, тие да ти ломат, грабаат твои деца, мајка, татко - до заборав - се’ до века и амина? Но ќе мине и оваа луда сила. Ќе откопаш секој доказ што ти сокрила, ускратила. И кога тоа анти-животно животно те исмева и брка да се губиш, ве-ру-вај, Имаш право да се раѓаш со своите RNA, DNA, и да дишеш, да се потпишеш Oна што си, Македонец со своја трајност во времето, со снага и спокој, и радост...
Опстојувај за идните ери, дело твое мери спрема законот и делото Господово, Никогаш спрема неделото непријателско, Луциферово. Твое пра-право е Слободата да ти биде бистар вир, вечна вода за Водачи живи (а не жичени), за раст и развој на срца органски, умови неизбушени, неметализирани. Иако И тогаш, циници ироничари и јаничари, пра-родителски завет ќе ти исмеваат, За нив тој веќе бил изветвен лексикон, стар вокабулар, надминат наратив...
Продолжи, не им верувај, за нив логосот-дискурс е курс профитен, а не Пат, Светлина, Вистина. Одвој расипано од здраво овошје, не мисли дека грешиш Во очи на безочните, за нив нема ни морал ни крал на вселената. Тие, корпус Корпорации против нации - смислија цела земја логор да е, гасна комора да е Од вируси виросана, за да биде исчистена - без луѓе, оти народот бил стока. Ти сепак, сакај го и бедниот и средниот, па и лажно елитниот, зашто крај има се’, но не и љубовта во тебе вградена од Господарот на се’, а не од тие нелуѓе.
Ако и натаму простуваш удари ниски и лаги највисоко постирани, регрутирани Од драконско беззаконие и закани - немој да се каеш. Од милениуми знаеш: Потомок на сонцето си ти. Ќе можеш да кружиш и низ Млечен пат, и да дружиш Твој радосен род во величествен од, а твоето мреење ќе е влез во вечноста. И небо И татковина ќе се твои, надвор од дупки на дивината, одметници полна и тогаш. Ти питом потомок мој си, низ сите времиња зачуван со Мојсиеви и Павлови писма Вдахновени од Создавачот на законот – Љубов космичка. Генетски немодифициран, неинфициран од криминалнии и баханалии на подземја-надземја луто залутан свет. Дете мое сакано, чувај се, и - среќно ново броење 2021во, на календар овосветски. |