|
|
Александар Џеповски: ДО КОГА БРАЌА МАКЕДОНЦИ ЌЕ ДОЗВОЛУВАТЕ ДА СЕ ИГРА ЃАВОЛОТ СО ВАС? |
Александар Џеповски Ако немало попис 20 години, треба ли во 2021 од Заев? Штом толку запнал, игнорирајте таков попис. Со еден збор бојкотирајте и не дозволувајте да има манипулации и нарачани фалсификати. Кога нема да има графа националност Македонец, ќе ве заведат како северномакедонци со гаранција. Ама затоа ќе има графа АЛбанец и тоа ако треба ќе бидат и 50 % па и повеќе преку Скајпи, Вибер, интернет ... Со ова егзодусот Македонски добива поголем замав и прашање е има ли крај некој да рече доста беше, аман. Ако можеше да се игнорира желбата за попис 20 и кусур години, сега треба уште 20 години да нема за инат. Како може да има попис, кога со Бугарите сме вратени 2 векови назад во санстефанскиот период па сега и тие ќе инсистираат графа националност Бугари и ако нема милион нема да се признае и поголемо вето за ЕУ. Доколку тука додадеме и скриени финти на Грците со ЕУ бирократите, пописот што треба Заев да го направи со Ахмети мора да биде на голема штета на Македонија и Македоците, со оден збор погреб на жив мртовец. Решение е народот да се организира преку нови регистрирани оранизации каде авторитетни личности и поединци во име на народот ќе бараат најмалку 5 години да се одложи пописот поради сомнителни игри. ДО КОГА БРАЌА МАКЕДОНЦИ ЌЕ ДОЗВОЛУВАТЕ ДА СЕ ИГРА ЃАВОЛОТ СО ВАС? ТОЈ ВИ СМЕНИ ИМЕ, ЈАЗИК, ЦРКВА, ИСТОРИЈА И ШТО ТИ НЕ ... А ВИЕ СЕИРЏИСКИ СИ СЕДИТЕ МИРНО И НЕМАТЕ НИКАКВО ГАЈЛЕ ? НЕ МОЖЕ ДА БИДЕТЕ ТОЛКУ ПАСИВНИ И ОТСУТНИ А ГОСПОД ДА ВИ ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ СВЕТОВНИ. ПОМОГНЕТЕ СИ САМИ НА СЕБЕ ЗА ДА ВИ ПОМОГНЕ ТОЈ, СЕМОЌНИОТ. АМИН !!! |