|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 100 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор ВО НОВАТА ГОДИНА - СО МНОГУ НЕИЗВЕСНОСТИ 1. Драги наши, во оваа прилика, кога ви се обраќам со мојот стоти по ред прилог во серијата "ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ", сакам најпрвин да ви упатам најискрени поздрави и желби по повод претстојните Божикни празници: ХРИСТОС СЕ РОДИ - НАВИСТИНА СЕ РОДИ! Црквата, оваа наша света Македонска православна Црква, со векови била столб на нашето опстојување како библиски народ со богати традиции и славно минато. Да се потрудиме сите - колку и да не има и каде и да сме по светов, да си ја сочуваме бидејки во овие невремиња и со сегашнава немакедонска власт само таа ни остана верен чувар на нашиот македонски идентитет, јазик и самобитност. Сето останато - што го создавале генерации македонски дејци и за чија одбрана се жртвувале неброени дејци, денес - на наше длабоко жалење, е предмет на пазарење и распродажба од Заев и компанија! Во 99те прилози до сега настојував критички, но што пообјективно да пишувам најчесто за злоупотребите на оваа измеќарска власт која работи (впрочем, токму за тоа таа и беше донесена на власт од длабоката држава) за туѓи интереси, без трошка достоинство и одговорност кон сопствениот народ. И странците се му прифаќаа, ама буквално се што правеше и прави. Му толерираа: да пали касарни и трговски центри заради неговите градежни бизниси, да апси патриоти и уставобранители и да ги суди на над 200 години робија, но и да си зема наши пари - од Буџетотна наместени тендери и со други методи кога сака и колку сака! На неа, на власта, треба да се спротивставиме сите - секој според своите можности и во областа каде што може да делува, бидејки ние немаме алтернатиувна татковина. Нашата татковина е Република Македонија. Јас тоа го правам пред се со перото, бидејки тоа ми е занает, бидејки поинаку не знам и не можам да делувам. На тоа ме обврзува дедо ми Павле, илинденец чија пушка "Мартинка" сеуште јас ја поседувам; татко ми Злате - првоборец, носител на "Партизанска споменица 1941" и член на Првото и Второто заседание на АСНОМ за Кичевскиот регион, кој почина со куршум што го носеше во своето тело цели 65 години, а го погодил во една битка со балистите во 1943 година. Македонија, за жал, и во текот на изминатата година се соочи со големи неправди од меѓународната заедница. Не знам дали воопшто постои сличен случај во меѓународни рамки за таков садизам и брутално некоректен однос кон еден народ и држава, како што беше односот кон нашата земја од првиот ден на независноста!? Колку за илустрација ќе го земам примерот со приемот на РМ во НАТО! Македонија беше меѓу водечките земји по реформи и напредок во системот на одбраната во групата кандидати "Вилниус 10". Се сеќаваме на крилатицата "Со јато во НАТО". Но, седум земји од таа група беа примени, а Македонија, извиси. Следната шанса беше со групата "Адриатик 3 + САД" каде велеа дека сме најдобри според перформансите, но на фамозниот самит на НАТО во Букурешт 2008, Хрватска и Албанија беа примени, но не и Македонија!!! А зошто? Некому (на Грција) му пречело името на нашата држава! Дури лани не примија во членство, но откога силеџиски, со уцени и поткупи насилно ни го променија името и Уставот на нашата држава. Цена, премногу скапо платена!!! Слична сага е и сторијата со датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ! Те има датум - те нема датум. Те требало нова методологија за преговори, те историјата да била дел од преговарачката рамка , а имало и замор од проширувањето и што се нема да измислат! Но сето ова треба да не опамети и освести - да се свртиме кон сопствените потенцијали и ресурси и да соработуваме со оние земји и групации што се коректни кон нас. Се разбира, иако сме веќе во НАТО, треба и самите да ја јакнеме нашата безбеднст бидејки сме дел од многу нестабилен и непредвидлив регион. 2. Заради пандемијата со Ковид 19, Новата 2021 година ја пречекавме скромно, во домашни услови и без огномети и луксузни украси на плоштадите и булеварите. Освем во Струмица каде се случи спектакуларен пожар и гореше трговскиот центар Глобал чии главни инвеститори се - кој друг ако не браќата Зоран и Вице Заеви. Коку за потсетување Зоран Заев одлежа неколку месеци во затвор (беше аболициран од Бранко Црвенковски) заради бројни нерегуларности и марифетлуци (узурпација на државно земјиште и сл.) со проектот од којшто заработил нелегално осум милиони евра!!! Во пожарот изгореа десетици дуќани, а првичната истрага покажа многу неисправности при изведба на објектот во кој, на пример, ниту еден хидрант за вода не бил исправен!? Што друго ќе покаже истрагата, се надевам дека можеби ќе дознаеме, а веќе кружат гласини дека, наводно, е подметнат заради рекет на некои од сопствениците на дуќаните. Впрочем, пожарите како да се одлика на стилот на владеење на браќата Заеви. До сега се случија два - во поранешната огромна касарна на бившата ЈНА во Струмица, чии сопственици сега се кланот Заеви, кои пак сакаат да рушат и да расчистуваат терен за изградба на големи стамбени блокови!? 3. Покрај ситните, но и крупни афери, како и агонијата со Кобит 19 вирусот, тема на денот во годината полна со неизвесности, во нашава земја е фамозниот попис на населението закажан за периодот од 1ви до 21 април годинава. Владата во нејзиниот познат стил, мафијашки и на брзина, без поширока дебата и без да прифати ниту еден амандман понуден од опозицијата, а пратен во Собранието со "Европско знаменце" (демек по итна постапка), не отстапува од ставот дека "попис м о р а да има"!!! Опозицијата во парламентот е согласна дека попис мора да има (цели 18 години поминаа од последниот попис во Република Македонија спроведен во 2002 година), но се закани: доколку се инсистира на Законот за попис во форма во која е предложен во Собранието, дека ќе го бојкотира пописот! За владата пописот ќе да ти бил "исклучиво статистичка, а не политичка операција", наводно "согласно најдобрите европски стандарди и практики". Од друга страна, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да ги почитуваат резултати од пописот, бидејќи според нив власта спроведува пописен инженеринг со цел да се презентираат резултати проектирани во туѓи центри на моќ (специјално за некои етнички заедници, т.е. малцинства, во земјата), а не реалните состојби на теренот. Според мене, најспорно во писанието што го нарекуваат Закон за попис, е попишување на таканаречени нерезидентни грагјани, т.е. граѓани кои повеќе од една година живеат во странство! Токмју таму гледам простор за манипулации со бројките!!! Добро е да имаме увид колку сонародници имаме ширум светот, но тоа треба да го следи и утврдува Агенцијата за иселеништво, а не Законот за попис на населението!!! Дека опозицијата во Македонија со право има резерви за можни манипулации со пописот потврда е и Платформата на ЦИА и Стејт Департментот, попозната како "Тиранска платформа" , според која процентот на Албанците во Македонија по секоја цена треба да изнесува најмалку 30%, без разлика колку навистина се, со цел е намалување на процентот на етничките Македонци и создавање на политичка нације по примерот на амероканската нација (демек сите сме Македонци, без разлика на ентичка припадност!!!). Го поздравувам отпорот на пратениците од опозицијата во Парламентот на РМ кон таканаречениот Закон за попис што така подло се подметнува за усвојување, но со долгорочни несогледливи последици! Впрочем, чуму толку брзање и инсистирање пописот по секоја цена да се одржи сега, во април. Една Германија, Ирска и Шкотска ги одложија пописите за следната година заради пандемијата со вирусот Кобит 19, но за Заев тоа ништо не важи. За него е битно - по секоја цена и во услови на пандемија да се одржи попис за да манипулира, слично со манипулациите што ги правеше со предвремените парламентарни избори минатата година. Јас нема да дозволам некакви странци во улога на попишувачи, среде пандемија на вирус да го прекорачаат мојот праг. А што се однесува на заканите од Заев дека "ќе има казни" (доколку некој одбие да биде попоишан), тоа се закани за мали деца! Пописите во Македонија се на доброволна основа, и ако некој граѓанин не сака да биде попишан - нема да биде попишан! Заев и неговите странски спонзори мора да се свесни и да сватат дека ако опозицијата повика на бојкот на пописот, најмалку една третина од населението нема да излезат на пописот, што значи дека резултатите н е м а да бидат валидни и применливи и залудно фрлени пари!!! Зоран Заев + длабоката држава и нивните спонзори треба да сватат дека не ќе можат бесконечно да не малтретираат со нивните штетни сценарија и да експериментираат со нашата сегашност и иднина. |